Забава
Близок пријател на Метју Пери тврди дека актерот никогаш не престанал да се дрогира
Близок пријател на Метју Пери неодамна им откри на медиумите дека актерот никогаш не престанал да зема дрога и алкохол.
Аутопсијата откри дека актерот починал од предозирање со кетамин и неговиот пријател излезе пред медиумите велејќи дека Пери никогаш не бил чист.
„Тој ги лажеше сите дека е чист. Никогаш не бил. Тоа е многу тажно. Знаете, најголемата лага што ја кажа, веројатно, беше за себе”, рекол пријател, кој сакал да остане анонимен.
Инаку, Метју Пери во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ од 2022 година пишуваше дека, конечно, ги надминал зависностите со помош на професионалци и неговите пријатели.
„Тој може да биде доста манипулативна личност кога станува збор за неговите борби со злоупотреба на супстанции, но тоа беше таква борба, таква битка. Се бореше секој ден до крајот“, рекол изворот.
Обдукцијата објавена во петокот откри дека ѕвездата починала од акутните ефекти на кетамин и давење, а тој имал слично количество кетамин во телото како болнички пациент под општа анестезија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Спектакуларно затворање на Денови на општина Ѓорче Петров
Со спектакуларен концерт заврши одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“.
Преубава атмосфера на завршувањето на Денови на Општина Ѓорче Петров во реонскиот парк на вчерашните настани кои траеја до доцните вечерни часови. Позитивна енергија, одлична музика и насмеани лица го собраа сиот позитивен импулс од настапите на Даниел Дан, Мијата, Куку Леле и Паркети. Сите изведувачи, од Даниел Дан и Мијата до Куку Леле и Паркети, ја креираа незаборавната атмосфера, исполнета со енергични настапи и хитови кои ги разиграа присутните, претворајќи го концертот во спектакл што долго ќе се памети.
На овој вечерен концерт му претходеа неколку дневни настани кои започнаа со детскиот фестивал „Поточиња“, „Баскерфест“ и караванот „Македонијо во срце те носиме“. На радост на најмалите, Детскиот фестивал „Поточиња“ на отворената сцена собра најмногу симпатии и љубопитни погледи кај дечињата кои во еден глас како химна ги пееја сите фестивалски хитови. Познатиот уличен фестивал „Баскерфест“ го раздвижи платото пред корзото и го преполни реонскиот парк. Жонглери, кловнови и многу други интересни содржини приредија вистинско шоу за сите генерации.
Ѓорчепетровци уживаа во македонските музички бисери во интерпретација на македонските доајени Миле Кузмановски, Наум Петрески, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Мина Блажев, кои преку најубавите македонски мелодии оставија музички аманет да го зачуваме највредното што ни го оставиле генерации пред нас.
„Многу народ на едно место и програма за сите генерации, паркот беше центар на културно-забавни збиднувања каде имаше само позитивни вибрации, добра македонска музика и детски насмевки. Во изминатиот месец одржавме многу настани од областа на културата, забавата и спортот, кои беа посетени со публика од сите генерации и пренесоа порака дека на Ѓорче му недостигаат вакви настани. Општина Ѓорче како досега, ќе работи на уште поголемо подигнување на квалитетот на културата и спортот и ќе биде центар на вакви случувања во иднина“, велат од општината.
Забава
(Видео) Касандра се врати на Балканот
Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит-серија, вчера пристигна на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Торес во Србија доаѓа работно. Ќе ѝ се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги.
Среќна сум и возбудена, рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.
View this post on Instagram
За време на прикажувањето на латиноамериканската теленовела, со која стекна огромна популарност, Торес заедно со колегата Хенри Сото, кој го играше ликот на Ранду, го посети Балканот. Меѓу другото, во 1998 година имаа турнеја во Македонија, каде што се сретнаа со фановите во Скопје, Охрид и во Битола.
Забава
Новата мис на Турција исмеана поради нејзиниот изглед: „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“
24-годишната Идил Билген е новата мис на Турција и ќе ја претставува својата земја на изборот за мис на светот, кој ќе се одржи на почетокот на 2025 година.
View this post on Instagram
По победата на натпреварот, нејзините фотографии се проширија на социјалните мрежи. Многумина во коментарите напишаа дека Идил не заслужува да победи и дека изборите биле наместени, а троловите ја исмеваат поради нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Сестро, можеш да продолжиш да мислиш дека си убава, цела Турција ја знае вистината“, „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“, „Навистина не сакаме таа да нè претставува на светскиот натпревар“ , „Извинете, но подобро да земевте девојка од улица“, „По сите критики, почнаа да ја фотошопираат“, „Само излезете на улица, првата девојка што ќе ја видите ќе биде поубава од неа“, се нижат коментарите на „Инстаграм“.