Забава
Бред Пит или Бен Афлек? Гвинет Палтроу откри кој е подобар во кревет

Актерката Гвинет Палтроу беше во врска со некои од најголемите имиња во Холивуд, а минатата година откри кој според неа е најдобар во кревет. За време на гостувањето во подкастот Call Her Daddy, таа ги спореди своите две поранешни момчиња, Бред Пит и Бен Афлек.
Имено, Палтроу била со Пит од 1994 година, но свршувачката ја раскинале во 1997 година бидејќи на 24 години мислела дека е премлада за брак. После тоа, таа беше во тригодишна врска со Бен Афлек.
„Тоа е навистина тешко“, рече таа откако водителот ја праша кој од двајцата е подобар. „Бред и јас имавме одлична хемија, тој беше љубовта на мојот живот во тоа време“, објасни таа, а потоа додаде: „Афлек беше технички одличен“.
Таа ги пофали и дека „добро се бакнуваат“, но дека Бред Пит е малку поромантичен од Бен Афлек. Сепак, таа призна дека Афлек повеќе ја смеел иако, како што рекла, биле повеќе склони кон расправии.
Во вториот дел од интервјуто, актерката се присети како Пит ја запросил во 1996 година.
„Беше ноќ и бевме на балконот на куќата што ја изнајмивме во еден мал град во Аргентина“, рече таа. “Посакувам да се сетам точно што рече. Беше фантастично, бев воодушевена. Во тој момент бев изненадена, добро се сеќавам. Имав само 24 години”, се присетила таа.
Таа призна дека нивното раскинување било „навистина тешко“, но „вистинскиот потег во тоа време“.
„Не ми се верува дека ќерка ми го слуша ова“, заклучила таа.
Инаку, Гвинет неодамна ја прослави 6-годишнината од бракот со сопругот Бред Фалчук. По тој повод таа објави фотографија на Инстаграм. На фотографијата таа и Бред седат на даска за веслање и се бакнуваат, а во описот на објавата напишала само: „6“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хороскопски парови кои се платонски сродни души

Кoга помислуваме на сродни души, повеќето од нас веднаш помислуваат на романтични врски и страсни љубовни приказни кои го издржуваат тестот на времето. Сепак, постои и друг вид длабока врска која е исто толку моќна, но често се занемарува: платонската сродна душа.
Тоа е пријателство кое ги надминува вообичаените граници и ни обезбедува чувство на разбирање, поддршка и целосна љубов. Астролозите веруваат дека одредени хороскопски знаци природно гравитираат еден кон друг на ова ниво, создавајќи нераскинлива платонска врска.
Овен и Близнаци
Овој жив пар често се наоѓа заедно затоа што делат слична животна енергија и неисцрпна љубопитност. Искреноста и директноста на Овенот веднаш ги освојуваат Близнаците, кои ја ценат автентичноста. Заедно, тие планираат спонтани патувања, смислуваат нови проекти или дискутираат за најновите вести доцна во ноќта.
Нивното пријателство се заснова на взаемна инспирација и охрабрување. Овенот ги охрабрува Близнаците да бидат похрабри и да се осмелуваат кон непознатото, додека Близнаците носат прилагодливост и шарм, што му помага на Овенот да не ја изгуби мотивацијата. Речиси никогаш нема досаден момент во нивната врска, а нивната енергија е толку силна што заедно можат да ги надминат сите тешкотии.
Бик и Рак
Бик и Рак се пар кој се разбира без многу зборови. И двајцата ја сакаат сигурноста, топлината на домот и уживањето во малите радости во животот. Кога ќе станат пријатели, нивната врска станува како безбедно засолниште на кое секогаш можат да се вратат. Бикот му обезбедува на Ракот чувство на стабилност и солидна поддршка, додека Ракот ја омекнува понекогаш тврдоглавата природа на Бикот со својата сочувство и нежност.
Нивните вредности се длабоко поврзани: семејство, лојалност, емоционална сигурност. Заедно можат да поминат часови во кујната подготвувајќи ги своите омилени јадења или едноставно да уживаат во долги разговори со шолја чај. Ова е пријателство кое расте бавно, но трае вечно.
Лав и Вага
Лав и Вага се надополнуваат совршено и често стануваат пријатели кои привлекуваат внимание каде и да се појават. Лавот сака да биде во центарот на вниманието, а Вагата знае како да го поддржи тоа без љубомора или потреба да преземе водечка улога. Вагата, со својот дипломатски пристап и чувство за естетика, внесува хармонија во понекогаш претерано интензивната енергија на Лавот.
Забава
Паранормалниот истражувач и чувар на куклата Анабел почина ненадејно

Ден Ривера, еден од водечките паранормални истражувачи и човекот што ја обиколи Америка со познатата кукла Анабел, почина ненадејно на 54-годишна возраст.
Според Ивнинг Сан, Ривера бил на својата турнеја „Ѓаволи во бегство“, со, како што ја нарекуваат, проколнатата кукла со духови кога службите за итни случаи биле повикани во неговиот хотел. Причината за смртта сè уште не е позната.
Ривера бил водечки истражувач на Друштвото за психички истражувања на Нова Англија (NESPR), организација основана од познатите Ед и Лорејн Ворен, чии случаи инспирирале култна филмска серија.
NESPR ја потврди неговата смрт со трогателна објава на социјалните мрежи.
„Ден навистина веруваше во споделувањето на своите искуства и во едукацијата на луѓето за паранормалното. Неговата љубезност и страст ги допреа сите што го познаваа“, напишаа тие.
Забава
Сара Џесика Паркер откри шпекулација стара 30 години: „Вистина е дека бевме во врска“

Конечно, потврдена е шпекулација стара триесет години – ѕвездите Сара Џесика Паркер и Николас Кејџ биле во врска.
Популарната Кери Бредшо од серијата „Сексот и градот“, актерката Сара Џесика Паркер, во едно интервју откри дека била во врска со Николас Кејџ во времето кога ја снимале романтичната комедија „Меден месец во Вегас“ од 1992 година.
„Дали беше тогаш со Кејџ?“, ја праша водителот директно.
„Па, да, бев“, рече Сара, а потоа актерот проговори и откри зошто мисли дека нивната врска не успеала. Наводно, за сè била виновна на мајка ѝ.
„Не мислам дека го поминав тестот со мајка ѝ. Се сеќавам дека вечеравме во руската чајџилница, таа, мајка ѝ и јас. Не знам дали беше мојот кожен елек, кој сè уште го имам, или мојата инфекција на синусите, но таа не ми се јави оттогаш“, рече Кејџ.
Кејџ очигледно нема многу среќа во љубовта, со оглед на тоа што се женел петпати и има три деца. Од друга страна, Сара Џесика Паркер е вљубена во Метју Бродерик од 1992 година, а се венчаа во 1997 година.