Забава
Британски судија пресуди во случајот клевета: Деп е насилникот
Холивудската sвезда Џони Деп во понеделникот ја загуби битката за клевета со британски таблоид кој го нарече „тепач на жена“, откако судија на Кралскиот суд на првадата во Лондон пресуди дека тој повеќепати ја нападнал својата поранешна партнерка и ја довел во ситуација да стравува за нејзиниот живот.
Во пресуда со која сериозно може да се наруши угледот и кариерата на Деп, судијата Ендру Никол рече дека ги прифаќа тврдењата на поранешната сопруга на актерот, Амбер Херд, дека насилно ја напаѓал за време на нивната бурна петгодишна врска.
„Открив дека повеќето од наводните напади на г. Деп врз г-ѓа Херд се докажани според граѓански стандарди“, рече судијата. „Подносителот на барањето не успеа да ја докаже постапката за клевета“.

Во завршниот говор адвокатот на Деп, Дејвид Шерборн, рече дека „Сан“ бил и судија и пoрота во целата постапка пред судот и дека статијата во таблоидот била еднострана и објавена без претходно истражување на вистината.
Деп (57), sвезда на блокбастери како „Пиратите од Карибите“ и „Едвард раце ножици“, ги тужеше News Group Newspapers, издавачи на весникот „Сан“, и главниот уредник Дан Вутон во врска со напис од 2018 година во кој се вели дека бил насилен кон Херд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Генијален трик: Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи.
Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот.
View this post on Instagram
Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање.
Како изгледа овој трик во пракса, можете да видите во видеото.
Забава
Колку често треба да водите љубов за да бидете здрави
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции.
Според студиите, исто така, секс еднаш во неделата позитивно влијае на линијата; 2 пати неделно – зајакнување на имунитетот; 3 пати неделно – двојно помал ризик од срцев удар; 4 пати неделно – подобар тен; 5 пати неделно – повеќе енергија, оптимизам и креативност.
Забава
Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам
Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш.
Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската индустрија и филтрите на социјалните мрежи создаваат нереални стандарди за убавина.
Кертис неодамна изјави дека масовната употреба на филери и операции претставува „геноцид над генерација жени“, додавајќи дека ваквите трендови го бришат природниот човечки изглед. Таа јавно ги советува и своите ќерки да не прават интервенции на лицето, нагласувајќи дека „кога еднаш ќе се вмешаш во лицето, нема враќање назад“.
Фото: depositphotos

