Контакт

Бизарно

(Видео) Анаконда долга 8 метри се обви околу крокодил и го уби

Објавено пред

Американскиот фотограф Кевин Доли успеа да сними борба помеѓу анаконда долга осум и пол метри и крокодил во водите на Амазон. Анакондата го обвила кајманот (вид мал крокодил) долг речиси два метра и му ги скршила нозете. Но, крокодилот не се откажал, па ја каснал змијата, која одвај се ослободила и отпливала понатаму, пренесува „Дејли мејл“.

Иако крокодилот се чинеше дека победи во оваа битка, од повредите добиени од анакондата подоцна тој почина.

„Седнав во чамецот и ручав кога се случи тоа. Не можев да верувам, анакондата беше упорна и сè траеше околу осум минути“, рече Доли.

Зелената анаконда е најголемата змија во светот која може да порасне до 10 метри во должина и да тежи до 250 килограми. Убива така што ја завиткува жртвата со своето тело и ја стиска со силните мускули. Како и повеќето змии, анаконда може да го проголта плен поголем од своето тело.

Бизарно

Фудбалер на „Ајнтрахт“ ја тужи својата мајка за дресовите од детството

Објавено пред

Фудбалерот на „Ајнтрахт“, Дани да Коста, привлекува внимание со некои малку бизарни работи во животот. Тој најпрвин откри дека е алергичен на трева, а сега германските медиуми јавуваат дека ја тужел својата родена мајка бидејќи не сакала да му ги врати дресовите од детството.

Окружниот суд во Келн го потврди постоењето на оваа постапка.

Мајката на 26-годишниот фудбалер тврди дека синот ѝ ги подарил спорните дресови пред десетина години. Станува збор за шест дреса од помладите категории, а меѓу нив е и оној од кадетскиот турнир во 2010 година кога Ајнтрахт играше против Леверкузен.

Доколку двете страни не се договорат во наредните неколку дена, ќе се појават во судот во Келн на првото рочиште закажано за 27 септември.

Во почетокот на летото Да Коста откри дека е алергичен на трева и дека каков било контакт со неа му предизвикува голема алергиска реакција. Поради ова, тој постојано носи дрес со долги ракави и најдолги штуцни.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Богат Италијанец го напуштил Миконос оставајќи долг од 128.000 евра

Објавено пред

Богат Италијанец, по летувањето на Миконос, избегал во приватен авион со своето семејство оставајќи сметка од 128.000 евра.

Италијанскиот претприемач, сопственик на неколку лондонски компании, изнајмил прекрасна вила на Миконос и кога требало да плати… тој само се изгубил!

Кога му пратиле фотографии од вилата на посредникот, тој им рекол дека Италијанецот сакал да резервира луксузна куќа во областа Каналија со пет простории за членовите на неговото семејство. Тој веднаш од картичката повлекол 50.000 евра за резервација, а подоцна требало да го плати остатокот до 179.800 евра колку што вкупно чинело летувањето.

Прво на Миконос пристигала жена со две деца, а два дена подоцна и Италијанецот. Тој го започнал одморот во вилата и бил воодушевен од архитектурата, но и од ВИП-услугата што му била обезбедена.

Но, како што одминувале деновите, тој не бил расположен да ги плати преостанатите пари и покрај потсетувањето од туристичката агенција.
За да ги смири луѓето во агенцијата, тој им рекол дека ќе им испрати пари од две сметки – едната од Швајцарија, а другата од италијанска банка.

Но, парите никогаш не стигнале до туристичката агенција.

Едно утро Италијанецот се качил во приватен авион со другите членови на семејството и летнал за Истанбул оставајќи ги луѓето од туристичката агенција без пари. Потоа тие од својот џеб морале да му исплатат 40.000 евра на сопственикот на вилата, а случајот ќе заврши на суд кога италијанскиот аристократ, дефинитивно, ќе мора да си го плати долгот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Тие се претвораат во вонземјани и секојдневно уживаат во мачење

Објавено пред

Канадскиот бренд Matieres Fecales, чии основачи се Хана Роуз Далтон и Стивен Рај Баскаран, со својот дизајн се разликува од сите други.

За нив се каракеристични големите гради и трудничкиот стомак, кои се појавуваат и исчезнуваат во исто време, а нивните тела честопати добиваат нереален изглед претворајќи се во вонземјани.

„Ова не е екстремно за нас, тоа е нормално. Така се гледаме. Ние првин ги бричиме главите, а потоа ставаме контактни леќи, кои го покриваат целото око или белката, што е забранети во некои земји. Вреди да се види“, објаснуваат тие како се одвива нивната трансформација. Тие исто така ја покриваат целата глава со пудра и ги бричат ​​веѓите, користат суперлепило за главата и, како што велат, уживаат во тоа мачење.

Баскаран изјави за „Вог“ дека тој и дизајнерката Далтон сакаат да постигнат прифаќање на овој тренд во општеството, а не гадење и одбивност.

Нивниот најуспешен изум се чевли што имаат пета во форма на рог и мал сталак наместо потпетица за да може да се стои на нив, а цената на овие чевли е 50.000 куни.

„Планираме да ја направиме верзијата на чевли подостапна за малите купувачи“, објаснуваат дизајнерите. Постојат и машки верзии на овие чевли, но нивната цена не е позната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Адвокатот на Мијалков побара специјален обвинител на предметот за масовното прислушување

Адвоктот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, пред почетокот на денешното судско рочиште за предметот за масовното...

Македонија59 минути

Верушевски се појави во судница, ќе сведочи за масовното прислушување

Ексразузнавачот и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, утрово се појави во Кривичниот суд во Скопје...

Македонија1 час

Осум вонпарламентарни партии со шест барања за Изборниот законик

Осум вонпарламентарни партии – Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ изнесуваат шест...

Македонија2 часа

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот Зоран Заев во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион2 часа

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија3 часа

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија3 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет3 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет3 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет14 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт17 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион20 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија23 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион24 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ1 ден

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Досие