Забава
(Видео) Вечерва црвен аларм за спас на забавната индустрија
																								
												
												
											Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert (https://wemakeevents.org/), вечерва, во организација на Асоцијацијата на евент-индустријата ИВАП, нашата земја ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на работ на егзистенцијата.
Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе од светот привредуваат во оваа индустрија, а таа има значителен придонес во БДП на секоја земја. Особено е значајно културолошкото и социјалното влијание за населението.
„Вечерва, со почеток во 20 часот, ВИП-арената во Скопје и домовите на културата во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видеопроекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста, но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација“, велат од ИВАП.
„Црвен аларм“ е акција што се случува континуирано во целиот свет и илјадници професионалци се вклучени во осветлувањето на многу објекти.
Инаку, ИВАП вчера организира дебата на тема: „Настаните во ковид-периодот што следува“, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Свое мислење изнесоа гитаристот Влатко Стефановски, директорот на Филхармонијата, Виктор Илиески, Коста Петров од P World, Теодора Васиљевиќ од „Пасворд продукција“, Никола Наумоски од Град Скопје. Општиот став на сите присутни е дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.
„Останува нашиот став дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби. Останува впечатокот дека е добро што раговараме, што предлагаме можни решенија и што индустријата е мотивирана да продолжи.
Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување јавни настани во затворени простори, сметаме дека требаше да бидеме консултирани како независни прифесионалци, а не само културните инситуции. 30 % од капациетот на салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак, доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на кој било настан. Но, се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека набргу ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови“, потенцираат од Асоцијацијата.
Акцијата „Црвен аларм“ ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Забава
(Видео) Избран е најсекси мажот за 2025 година: тој испиша историја
														Списанието „Пипл“ го прогласи Џонатан Бејли (37) за најсекси маж за 2025 година, откако неговиот колега Џон Красински ја освои титулата минатата година.
Веста беше објавена синоќа во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а беше објавена и на официјалните профили на познатото списание и актерот.
Бејли ја освои титулата најсекси маж по минатогодишниот победник Џон Красински, а кога го прашаа како се чувствува откако е потврден како „најсекси маж кој чекори по земјата“, тој рече: „Огромна чест е. Искрено, многу сум поласкан и помалку ми е апсурдно“.
Џонатан Бејли е роден во 1988 година. Светска слава стекнал по улогата на Лорд Ентони Бриџертон во популарната серија на Нетфликс „Бриџертон“.
Со тоа што беше прогласен за најсекси маж на годината, тој стана првиот геј маж што ја добил оваа ласкава титула, со што влезе во историјата.
Претходни носители на оваа титула се Блејк Шелтон, Адам Левин, Идрис Елба, Ченинг Тејтум, Џорџ Клуни, Крис Хемсворт и други.
фото: принтскрин
Забава
„Плачев секоја вечер“: актерката откри како се справила со постпородилната депресија
														Познатата актерка Рис Витерспун имаше емотивно и отворено интервју за списанието „Харперс Базар“, а во таа прилика откри како се борела и ја надминала постпородилната депресија.
„Во првите шест месеци бев среќна и тажна во исто време. Плачев цело време, не спиев, бев исцрпена. Не очекував таков хормонален пад. Го почувствував тоа веднаш по породувањето и повторно шест месеци подоцна, кога престанав да дојам“, рече таа.
Како што рече, нејзината мајка ја предупредила за тоа и претходно, бидејќи нејзината баба исто така страдала од депресија, па Рис се плашела од генетиката.
„Секој има мислење за тоа како треба да се роди дете, да се храни дете, може да биде исцрпувачки. Имав среќа што имав пријателка која ме охрабри да побарам стручна помош, но за жал многу луѓе го немаат тоа, а потоа страдаат во тишина и ги кријат своите проблеми“, рече Рис.
Актерката исто така верува дека нејзиниот успех произлегува од сето ова, бидејќи таа секогаш се туркала надвор од своите граници и се обидувала да биде совршена во сите области. Сепак, таа најмногу за менталното здравје научила од нејзината мајка, која е исто така медицинска сестра.
„Со текот на времето, научив да забавам и да се прифатам себеси. Сакам да стареам. Сакам да станувам помудра и да го разбирам моето место во бизнисот. Работев напорно за да стигнам до тука. Ако чувствувам нешто или сум загрижена за нешто, зборувам за тоа“, искрено заклучи Рис.
фото: принтскрин
Забава
Дина Јашари со концерна промоција на албумот „Растенија без корен“ во Скопје
														Дина Јашари го најави својот прв концерт во Скопје по објавата на актуелниот албум „Растенија без корен“ во Паблик Рум.
На 20 ноември годинава македонската кантавторка Дина Јашари ќе ја има својата концертна промоција на нејзиниот последен албум „Растенија без корен“ во Паблик Рум во Скопје.
По објавата на албумот кон крајот на мај, албумот предизвика голем интерес помеѓу публиката но и резултираше со неколку важни настапи веднаш потоа, како што беа отворањето на концертот на легендарната британска група Масив Атак, на стадионот на АРМ, на 28 јуни годинава во рамките на фестивалот Skopje Calling 2025 и настапот на овогодинешниот Д Фестивал во Штип.
Покрај овие настапи Дина и нејзиниот бенд летово имаа настапи и во Љубљана и Шкофја Лока во Словенија и на Пандемониум фестивал во Умаг, Хрватска и на филмскиот фестивал Нови Вал во Будва, Црна Гора.
Растенија без корен – во живо, искрено и топло, во градот. Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли. – така младата кантавторка ни го најавува концертот.
На концертот ќе настапи со нејзиниот долгогодишен бенд: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани), Андреа Мирческа (бас), а и најавува еден специјален гостин.
Албумот „Растенија без корен“ е деби-албум на македонската кантавторка Дина Јашари. Содржи девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе.
Дел од песните, „Градот“, „Растенија без корен“, и „Морето ме тера да мислам“ имаат видеоспотови а, особено е впечатлив дуетот „Кревка“, во кој Дина соработува со познатиот кантавтор Пијан Славеј (Фолтин), композиторот Дуке Бојаџиев и гитаристот Лука Тошев. Албумот може да се најдете на YouTube, Spotify и сите останати дигитални платформи. Ограничен број на билети има во продажба на drugastrana.mk.
Концертот е поддржан од Министерство за култура и туризам.

