Забава
(Видео) Лажно видео на Тејлор Свифт како зборува мандарински стана вирално во Кина и предизвика дискусија за вештачката интелигенција

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го привлече вниманието на своите кинески фанови оваа недела кога клип на кој зборува течно мандарински стана вирален на социјалните мрежи во Кина.
Во видеото објавено на популарната социјална платформа „Веибо“ 33-годишната пејачка се пофали со своите вештини за зборување мандарински во некаква емисија што изгледа како ток-шоу.
„Неодамна бев на многу места, како Италија, Франција и Јапонија“, вели Свифт на мандарински со благ американски призвук.
Видеото беше споделено на 21 октомври и оттогаш има над шест милиони прегледи.
Во друго видео Свифт зборува за песни што се запоставени и како би сакала луѓето да ги чујат.
Сепак, Свифт својата способност да зборува на мандарински јазик ја должи на вештачката интелигенција.
Овие лажни видеозаписи биле генерирани со алатка на вештачка интелигенција од „Хејџен“ (HeyGen), кинески стартап, пренесува порталот „Чајна проџект“ (The China Project).
Движењата на усните се синхронизирани за да изгледа како да зборува на мандарински, а звучи како гласот на Свифт правејќи ги видеата толку реални што ги натера кинеските корисници на интернет да ја изразат својата вчудовиденост од технологијата, со коментари како: „Ова е прекрасно!“
Но, исто така поттикна дискусија за потенцијалните стапици што ќе се појават кога вештачката интелигенција ќе стане понапредна, како, на пример, појава на измами, губење работни места итн.
„Најстрашното нешто е некој да ја користи оваа технологија за да прави лажни вести – бидејќи вештачката интелигенција е способна да манипулира со гласот и движењето на устата – луѓето лесно ќе поверуваат“, напиша еден интернет-корисник.
Друг корисник на „Веибо“ напиша дека би било страшно АИ-технологијата (вештачката интелигенција) да служи за измами бидејќи криминалците може да ја користат за да мамат жртви за пари.
Видеогенераторот напојуван со вештачка интелигенција (алатка за генерирање видеа) им овозможува на корисниците да креираат видео со говорење – над 300 гласа на повеќе од 40 јазици – користејќи над 100 АИ-аватари од разни етнички групи, возраст, пози и облека.
Технологија како оваа предизвика загриженост за криминални примени на вештачката интелигенција. Оваа година измамник во северна Кина употребил лажна технологија за да убеди еден човек да му префрли пари на наводен пријател.
Измамникот користел технологија за замена на лица напојувана со вештачка интелигенција за да имитира пријател на жртвата во видеоповик. Човекот на крајот му префрлил приближно 4,3 милиони јуани.
Во јануари Кина воведе нови правила, кои бараат од бизнисите што нудат лажни услуги да ги добијат вистинските идентитети на своите корисници.
Според новите правила, секоја лажна содржина мора да биде соодветно означена за да се избегне забуна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Забавата се сели од Дојран во Штип – „Д фестивал“ ја менува локацијата

„Д фестивал“ од оваа година ќе се одржува во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, потврди дена во јули во подножјето на тврдината „Исар“, кај реката Брегалница, ќе се одржи „Д фестивал“ и ќе трае три дена.
„Многу е важно шти три дена во месец јули во градот Штип ќе дојдат илјадници посетители, ќе го закупат целиот град, целиот сместувачки капацитет, градот ќе живее во ритамот на фестивалот“, рече Јорданов.
Фестивалот ќе се одржи на отворено со соодветна кампинг зона за посетителите и неколку бини.
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи по 15 пат.
Забава
Уште едно познато име се споменува во правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Правната битка меѓу американската актерка Блејк Лајвли и Џастин Балдони доби нов пресврт, бидејќи во целата ситуација сега е вмешано уште едно познато име. Откако пејачката Тејлор Свифт стана дел од оваа правна драма, сега се споменува и актерот Хју Џекмен.
Конфликтот помеѓу Блејк и Џастин трае веќе неколку месеци, а тужбите кои ги поднеле еден против друг само дополнително ја искомплицирале ситуацијата.
Блејк Лајвли го тужеше Џастин Балдони за сексуално вознемирување, создавање непријателска средина на снимањето и обвинувања за организирање кампања со цел да се оцрни нејзината репутација. Меѓутоа, Џастин возврати со тужба и во неа го спомна сопругот на Блејк, Рајан Рејнолдс, што предизвика дополнителна тензија. Покрај тоа, во неговата тужба се споменува и името на Тејлор Свифт, што значително ја оддалечило пејачката од нејзината блиска поранешна пријателка.
Според новите информации, актерот Хју Џекмен би можел да биде повикан да сведочи во овој случај. Адвокатскиот тим на Балдони го истражува однесувањето на Рајан Рејнолдс за време на снимањето на „Ова завршува со нас“, а Џекмен би можел да има клучна улога во разјаснувањето на тие тврдења.
Џекмен и Рејнолдс се долгогодишни пријатели, а двајцата глумеа во филмот „Дедпул и Вулверин“. Постои можност Џекмен да биде повикан на сослушување пред судењето за да помогне да се разјасни ситуацијата.
Изјавата на Џекмен може да биде пресудна бидејќи тој често бил во друштво со Блејк и Рајан за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“. Џекмен исто така помогна во промовирањето на филмот, а изворот верува дека веројатно бил свесен за негативните разговори што се воделе за Балдони.
Исто така, се тврди дека Џекмен учествувал во вкрстена промоција на филмот со Тејлор Свифт, што сугерира дека сите тие биле поврзани во тоа време.
Адвокатот Брајан Фридман, кој го застапува Балдони, неодамна тврдеше дека филмот „Дедпул и Вулверин“ го исмева Балдони преку ликот на Ниспул. Ликот носел фризура која Балдони ја носел во минатото, а во дијалогот на Ниспул се споменува социјален активизам, што, според адвокатот, е јасна референца за Балдони.
Фридман истакна дека шегите што Рајан Рејнолдс ги правел во „Дедпул и Вулверин“ всушност го исмевале Балдони, што сериозно ги поткопува тврдењата на Блејк за сексуално вознемирување. Според него, доколку Блејк била сексуално вознемирувана, не би било соодветно нејзиниот сопруг да се исмева со Балдони.
Изворот напомена и дека на сослушување би можела да биде повикана и Тејлор Свифт, бидејќи била блиска пријателка на Блејк Лајвли, но неодамна се оддалечиле. Сите овие нови околности може дополнително да ја искомплицираат правната битка која трае веќе неколку месеци.
Забава
Марио Шерифовиќ не може да заспие без одредени песни: мама Марија открива сѐ

Марија Шерифовиќ е посветена мајка и секогаш со голема љубов зборува за својот син. Ништо поинаку не беше ниту овој пат кога, меѓу другото, откри какви песни слуша малиот Марио пред спиење.
Откако стана мајка, Марија Шерифовиќ се труди секој слободен момент да му го посвети на својот син. Тешко и оди разделбата од него, но тогаш на сцена стапува баба Верица на која внукот и е се на светот.
Марија Шерифовиќ во емисијата на Радио С потврди дека родителските маки се слатки кога меѓу другото открила какви навики има нејзиното малечко.
– Но, јас имам снимка да го докажам тоа. Не може да заспие додека не се пушти музика. Слуша секакви работи, му се допаѓа на пример Оливер Драгојевиќ, но нема шанси да заспие додека не се пушти моја песна. Било која. Нема шанси“, ја започна својата приказна пејачката објаснувајќи зошто.
– Одев, патував изминатава година и логично беше детето да ме слуша мене и мојот глас. Зошто би слушал некој таму. Чиу, пиу. Па навикнат е на тоа од третиот или четвртиот месец. „Нема ни најмали шанси Марио Шерифовиќ да заспие додека не се пушти една моја песна“, заклучила Марија.
Медиумите потсетуваат дека Марија Шерифовиќ својата упорна борба за мајчинството ја постигна благодарение на сурогат мајка. Тоа не беше лесна одлука, а целиот процес беше строго чуван од јавноста до 2 декември 2023 година, кога се роди наследникот на пејачката.