Контакт

Бизарно

(Видео) Домашно милениче заработува илјадници долари сликајќи апстрактни дела

Објавено пред

Прекрасно куче од расата шиба ину на своите сопственици им заработи илјадници долари благодарение на апстрактните ремек-дела што ги наслика.

Хантер своите дела ги создава во Алберта, Канада, а како да ја користи четката го научија неговите сопственици, сопружниците Кени Ау и Дениз Ло.

Домашното милениче, кое неодамна го прослави својот шести роденден, досега има продадено повеќе од 150 слики. Тие исто така може да се купат на неговата веб-страница на онлајн-продавницата „Етси“ за цена од 50-ина долари, а досега на сопствениците им заработил 5.000 долари.

„Она што секогаш нѐ одушевува е колку е уникатна секоја слика“, рече Кени. „Може да биде навистина креативен со потезите со четката, во зависност од расположението“.

Двојката почна да слика со Хантер во март 2017 година и на почетокот тоа била само вежба за миленичето.

Бизарно

(Видео) Покојникот се јавил од ковчегот, ужалените се насмеале до солзи

Објавено пред

Пријатели и роднини се собрале во ирскиот град Килкени за погребот на Шеј Бредли (62), ветеран на ирската војска. Додека тажната поворка го гледала спуштањето во гробот на неговиот ковчег, со звуците на гајдите, слушнале гласно чукање.

„Здраво, здраво? Пуштете ме надвор, каде сум“, одеднаш се слушнал гласот на Бредли. Изгледало како да доаѓа од затворениот ковчег.

„Пуштете ме да излезам! Овде е темно!“, продолжил да вика.

Потоа почнал да пее, „Здраво, здраво, повторно. Се јавив само за да кажам збогум!“

Неговите најблиски тогаш почнале да се смеат. За разлика од другите учесници во поворката, тие знаеле дека станува збор за аудиоснимка што Шеј ја снимил една година пред да умре. Неговата последна желба била да се пошегува со пријателите, кои по првичниот шок, си отишле од погребот со насолзени очи од смеа.

„Тој сакаше неговата сопруга да не жали многу, туку да ѝ предизвика насмевка на лицето. Неговата порака беше дека треба да се прослави неговиот живот, а не да се тагува“, изјавила ќерка му Андреа за „Хафпост“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Грчки полицаец си го заборавил службениот пиштол во кафуле

Објавено пред

Грчки полицаец во атинско кафуле си ја заборавил чантата во која се наоѓал службениот пиштол, па сопственикот на кафулето преку бројот за итни случаи на полицијата го пријавил настанот и побарал да го најдат полицаецот, објавија грчките медиуми.

Според нивните информации, полицаецот не само што го заборавил службеното оружје во кафулето во центарот на Атина туку не се ни вратил да го побара.

„Ве молам, ќе можете ли да го најдете и да го известите полицаецот што си ја заборави чантата со службениот пиштол овде, да дојде да ја земе?“, рекол сопственикот на кафулето во телефонскиот повик до полицијата.

Медиумите пишуваат дека ова е еден од неколку случаи на изгубени или украдени службени пиштоли на полицајци во изминатиот период.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

Објавено пред

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус), кои и покрај високата цена на продажба од 3.000 долари, се распродадоа за рекордно време.

Станува збор за преработена верзија на патиките Најк Air Max 97s со христијански симболи – крст и света вода. Тие имаат света вода од реката Јордан и се осветени од свештеник, пишуваат медиумите. Крстот, пак, е ставен врвките на десната патика.

Патиките имаат и мирис на темјан, еден од подароците што тројцата свети кралеви му ги донеле на Исус кога се родил.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет1 час

Фејсбук ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион1 час

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет2 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион2 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион15 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет16 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија17 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ18 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија20 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија21 час

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија21 час

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ22 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија23 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет24 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа1 ден

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет1 ден

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Досие