Контакт

Hitech

(Видео) Првите огласи на небото ќе се појават во 2021 година

Објавено пред

Руската стартап компанија StartRocket претстави идеја за маркетинг-кампањи во чии рамки рекламите би се прикажувале на „билборди“ на небото.

Компанијата планира во орбитата на Земјата да лансира стотици мали CubeSat сателити, со големина од 10x10x10 сантиметри, кои ќе можат да се вклопат во одредена формација на височина од околу 450 километри (нешто повеќе од висината на која се наоѓа Меѓународната вселенска станица).

Таму, групата сателити би формирала екран наречен Orbital Display, во кој секој сателит би претставувал по еден пиксел што може да биде индивидуално контролиран. За да се создаде слика, сателитите ќе имаат свое засебно огледало кое ја рефлектира сончевата светлина кон Земјата.

Првите небесни огласи се очекуваат во 2021 година, а претходно е потребно да се обезбедат сите дозволи за лансирање  сателити, што и покрај собраните финансиски средства претставува голем предизвик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Гугл“ отстрани 36 апликации – избришете ги ако ги имате

Објавено пред

„Гугл“ неодамна отстрани апликации од „Плеј стор“, по извештаите за злоупотреба на приватноста.

Станува збор за 36 апликации кои ја нарушуваат политиката за приватност, ги „напаѓаат“ корисниците со неважни реклами и спречуваат деинсталирање со криење на нивната икона на екранот.

Важно е да се напомене дека сите тие доаѓаат од ист извор, а ја заобиколиле безбедносната проверка со отстранување на огласувањето од изворниот код на апликацијата.

Повеќето од апликациите овој пат се поврзани со камерата, филтрите за фотографии или програмите за разубавување и добар дел од нив веќе постоеле во „Гугл плеј стор“, но биле отстранети од таму и сега се повторно инсталирани во малку изменета верзија.

Ова е листата на отстранети апликации:

Yoroko Camera

Solu Camera

Lite Beauty Camera

Beauty Collage Lite

Beauty & Filters Camera

Photo Collage & Beauty Camera

Beauty Camera Selfie Filter

Gaty Beauty Camera

Pand Selife Beauty Camera

Catoon Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Benbu Selife Beauty Camera

Pinut Selife Beauty Camera & Photo Editor

Mood Photo Editor & Selife Beauty Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Selife Beauty Camera & Photo Editor

Fog Selife Beauty Camera

First Selife Beauty Camera & Photo Editor

Vanu Selife Beauty Camera

Sun Pro Beauty Camera

Funny Sweet Beauty Camera

Little Bee Beauty Camera

Beauty Camera & Photo Editor Pro

Grass Beauty Camera

Ele Beauty Camera

Flower Beauty Camera

Best Selfie Beauty Camera

Orange Camera

Sunny Beauty Camera

Landy Selfie Beauty Camera

Nut Selfie Camera

Rose Photo Editor & Selfie Beauty Camera

Art Beauty Camera-2019

Elegant Beauty Cam-2019

Selfie Beauty Camera & Funny Filters

Selfie Beauty Camera Pro

Pro Selfie Beauty Camera

Прикажи повеќе...

Hitech

Спас од лажни вести преку новата апликација на „Грид“

Објавено пред

Во времето на лажни вести и социјални медиуми, вие (читателите) сте преплавени со информации од кои повеќето може да бидат невистинити. Освен лажните вести, пречка претставуваат и големиот број информации што може да не се од ваш интерес. Сето ова помага вистинските информации да ви избегаат од рака.

Решението за овие проблеми може да го најдете во апликацијата „Грид“, која од своето лансирање до денес привлече лојална публика, која секојдневно ја користи апликацијата за својата дневна потреба од информации.

Со цел да ја прошириме слободата што ја уживаат корисниците на апликацијата, таа во овој период доби нова верзија со модерен и функционален редизајн, како и со верзија за оперативниот систем „Иос“.

Новата верзија на апликацијата „Грид“ има чист и прегледен дизајн, со што им овозможува на читателите многу лесно и интуитивно да ги разгледаат вестите што се од нивен интерес.

Функционалноста е задржана преку можноста за селектирање медиуми, категории, како и креирање сопствени категории од полиња на интерес на читателите. Пласирањето квалитетна информативна содржина е должност на „Грид“, а ваша должност е само да го направите изборот за тоа на која содржина ќе ѝ ги посветите вашето време и внимание.

Не губете време прелистувајќи низ социјалните мрежи и пребарувајќи на безброј интернет-страници. Дојдете до сите потребни информации за вас преку новата апликација на „Грид“. Бесплатно симнете ја новата верзија на апликацијата за системите на „Андроид“ или „Иос“.

Прикажи повеќе...

Hitech

Конференција со над 150 светски лидери од 60 земји

Објавено пред

Во четврток ќе се одржи Women in Tech светска 24/7 конференција со над 150 светски лидери од 60 земји.

Секој заинтересиран во технологија ќе може да ја проследи конференцијата на следниот линк: https://www.facebook.com/events/251476715959825/.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија7 часа

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Топ8 часа

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник. Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому...

Македонија8 часа

Денеска се регистрирани 136 нови случаи, починаa 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на...

Свет11 час

Унгарија воведува нови мерки за влез од ризични земји како Македонија

Унгарија воведува нови рестрикции за патници на граничните премини поради спречување на ширењето на коронавирусот, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан....

Топ14 часа

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион14 часа

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ14 часа

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет15 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет15 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет15 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија16 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион1 ден

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија1 ден

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ1 ден

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион1 ден

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија1 ден

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион1 ден

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија2 дена

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Досие