Контакт

Забава

(Видео) Принцот Хари очајнички избегнува средба со својот брат Вилијам

Објавено пред

Членовите на британското кралско семејство во неделата присуствуваа на црковната служба по повод Велигден. Додека принцот Вилијам дојде во придружба на сопругата Кејт, принцот Хари дојде сам, бидејќи неговата сопруга Меган треба да се породи во секој момент. Притоа на многумина не им побегна фактот дека принцевите на оваа свеченост се однесуваа ладно еден кон друг, а експерт за говор на телото тврди дека Хари очајнички настојувал да го избегне својот брат Вилијам.

Војводата од Сасекс одеше пред својот брат до капелата во Виндзор, што само ги поттикна шпекулациите дека тие двајца се во кавга.

Дури и фактот дека одвоено доаѓаат и заминуваат од службата предизвикува сомневање за поголем раскол меѓу принцовите, вели експертот за говор на тело, Џуди Џејмс.

Таа смета дека принцот Хари чудно се однесувал кога бил во друштво на својот постар брат за време на велигденската служба.

Исто така, Хари во неделата разговарал со својот роднина Тиндал, но изгледа дека со својот брат не разменил ниту збор, што повторно ги загреа шпекулациите за можен раздор меѓу двата пара.

„Хари очајнички избегнуваше да се сретне со својот брат“, додава Џејмс.

Таа вели дека Хари, Вилијам и Кејт секогаш имале добри односи, но дека Хари одеднаш изгледа сериозно.

Дури и за време на доаѓањето на кралицата Елизабета Втора, која истиот ден го прослави 93. роденден, принцот Хари не стоеше блиску до Вилијам и Кејт.

„Неговото тело покажува знаци на вознемиреност кога е во нивна близина“, констатира експертот за говор на телото.

Естрада

Во Прилеп почнува „Пивофест 2019“

Објавено пред

Сакам да ве убедам дека сме спремни за почеток на годинешниот „Пивофест 2019“, направени се сите подготовки, спремни се сите штандови, како и главната бина на која вечер ќе настапат изведувачите, истакна на денешната прес-конференција непосредно пред почетокот на манифестацијата, градоначалникот Илија Јованоски.

Прилепскиот градоначалник потенцираше дека јавните комунални претпријатија се максимално ангажирани околу чистотата на градот, а безбедносната состојба е на потребното ниво.

„Годинава на поразличен начин се решава паркирањето на возилата. Имено, паркирањето ќе почне од периферијата кон централното градско подрачје, затоа што на тој начин на сите учесници во сообраќајот и на пешаците им се дава можност да бидат порелаксирани. Сигурен сум дека во овие 4 денови ќе имаме одлична забава, расположение кај сите граѓани како од нашиот град, така и кај оние од другите градови од нашата држава и од странство кои ќе присуствуваат на фестивалот“, рече градоначалникот.

Еден од изведувачите во првата вечер, Ѓорѓе Давид, на пресот истакна дека е возбуден поради тоа што сцената ќе ја дели со голем број квалитетни музичари.

„Ми причинува посебна чест што со Неша од ‘Галија’ ќе настапувам во иста вечер и што ми се оствари еден долгогодишен професионален сон, а тоа е што ќе настапувам и со една од двете најдобри пејачки од ексјупросторите. Покрај Нина Бадриќ, тоа е Ивана Петерс, позната како Ивана ‘Негатив’, што се случи во една целосно спонтана варијанта“, изјави Давид.

Покрај настапите на познатите музички имиња на главната сцена, вечерва како и сите останати вечери, забава ќе има и на алтернативната сцена од Камена бина, информираа градските власти.

Прикажи повеќе...

Забава

Ирина Шајк фатена во страсна прегратка на директор

Објавено пред

Ирина Шајк (33), еден месец по прекинувањето на четиригодишната врска со американскиот актер Бредли Купер (44), папараците ја фатија во друштво на маж со кој страсно се гушкаше во Њујорк.

Веќе почна да се зборува дека тоа е новото момче во нејзиниот живот за што пишуваат и странските медиуми. Сепак, руската убавица тврди дека уживала во друштво на пријателот Алек Максвел, креативен директор на британски „Вог“.

Алек не се изјасни за природата на нивната врска.

Прикажи повеќе...

Забава

Камила го прослави својот 72. роденден и се заблагодари на убавите пораки

Објавено пред

Британската војвотка од Корнвол и сопруга на принцот Чарлс (70) го прослави 72. роденден.

„Ви благодариме на прекрасните пораки за роденденот на војвотката“, пишува на твитот на нивната резиденција Кларенс хаус во Лондон заедно со фотографијата на Камила.

По тој повод на твитер-профилите на кралицата Елизабета (93) и принцот Вилијам (37) исто така се објавени честитки. Кларенс хаус објави фотографија на Камила (72) од посетата на засолниште за магариња во Сидмаут.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет2 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ5 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион6 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија7 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија10 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет10 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија11 час

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа11 час

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа1 ден

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија1 ден

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија1 ден

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија1 ден

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија1 ден

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа1 ден

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија1 ден

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет1 ден

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ1 ден

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Свет1 ден

Нетанјаху ќе влезе во историјата на Израел со најдолга премиерска функција

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на крајот од оваа недела ќе го надмине Давид Бен-Гурион и ќе стане претседател на владата...

Досие