Забава
(Видео) Симона Поповска блесна во белиот фустан на сцената на „Макфест“, а потоа го промовира и видеозаписот за баладата „Без тебе”

Минатата година, поп-ѕвездата Симона Поповска на Макфест ја раскажа својата приказна за ослободување од психолошкото насилство со песната „Бакни ме за крај“. Симболот на фениксот беше метафора за обновата и повторниот подем, прикажувајќи како, по болката и патењето, доаѓа моментот на нов почеток и силата да се издигнеш над се.
Оваа година, Симона го продолжува патувањето со песната со наслов “Без тебе” која го прикажува следниот чекор – не само ослободувањето, туку и соочувањето со сопствените сенки и постигнувањето на внатрешна хармонија и самоприфаќање .
„Минатата година го славев моментот на ослободување, каде што мојата песна ја отсликуваше силата да летнам високо, над болката. Оваа година сакав да го покажам патот кој следуваше после тоа – кога треба да се помириме со сенките кои ги носиме со себе и да најдеме мир во нашата душа“, вели Симона.
Автор на музиката и аражманот на оваа поп-балада е Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), а додека пак текстот го напиша Робин Зимбаков.
Музичкиот спот е сниман во театарот во Велес, во режија на Крсте Шупев, каде Симона се појавува во црно, симболизирајќи ги токму тие сенки што ги носиме со нас. Но на сцената, таа блесна во бел фустан со длабок шлиц и Сваровски кристали во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, кој симболизира светлина, чистота, надеж, целосно помирување и внатрешна хармонија. Додека пак за фризурата и шминката се погрижи Даниел Николовски. Оваа трансформација покажува дека после летот на фениксот, доаѓа моментот на вистински мир и спокој.
Придружена со многу дим, магични сценски и визуелни ефекти, Симона вели дека е и повеќе од задоволна за својот настап.
„Вчера стоејќи на сцената, се чуствував како да сум дел од универзумот – обвиена со светлина и енергија, во опкружување што пулсираше заедно со секој стих”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Поранешната жена и љубовницата очи во очи: Ана Ивановиќ ја сретна Силва

Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер е сè уште главна тема на светските медиуми, а според германскиот „Билд“, кој секојдневно ги следи поранешните сопружници, српската тенисерка се соочила лице в лице со наводната нова девојка на нејзиниот поранешен сопруг, Силва.
Двете, според гореспоменатиот медиум, се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка, каде што Ана Ивановиќ живее со своите деца по распадот на нејзиниот брак. Во ова училиште учат децата на бројни познати личности, меѓу кои на Ана и Бастијан, но и, наводно, на Силва.
Силва е мајка на две деца, а позната е и како поранешна инфлуенсерка која промовирала фитнес програма за жени по породувањето.
Ana Ivanović i Švajnijeva švalerka oči u oči! pic.twitter.com/zLwaifrpC2
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 11, 2025
Ексклузивни фотографии од средбата беа објавени на порталот „Билд“, а вниманието го привлече и стајлингот на овие две дами; Ана беше во она на што сме навикнати – спортска, лежерна облека, додека Силва носеше тесен краток фустан што ги истакнуваше нејзините облини.
Двете се „криеја“ зад темни очила за сонце и би рекле дека се целосни спротивности кога станува збор за физичкиот изглед, а фотографиите на „Билд“, за кои моментално се зборува низ целиот свет, можете да ги погледнете на линкот.
Забава
Три знаци влегуваат во период на финансиски раст во втората половина на јуни

Три хороскопски знаци сега имаат можност да ја обликуваат сопствената реалност, така што парите повеќе не се извор на грижи, туку алатка за слобода, безбедност и раст. Успехот е на дофат – единственото прашање е дали сте подготвени да продолжите напред.
Втората половина од јуни 2025 година ги отвора вратите кон значајни финансиски пробиви за три хороскопски знаци. Енергијата на овој период е особено погодна за оние кои знаат како да препознаат можност и не се плашат да прифатат предизвик. Сега е време кога напорната работа се исплати, а внатрешното чувство за вредност се трансформира во надворешна сигурност.
Ова е идеално време да се фокусирате на долгорочните цели, да ја зајакнете финансиската стабилност и да донесувате одлуки што ќе имаат позитивно влијание врз вашата финансиска иднина. Сепак, бидете внимателни – како што растат приходите, така расте и предизвикот за трошење пари без контрола.
Клучот лежи во рамнотежата – помеѓу задоволството и одговорноста, помеѓу желбите и реалните потреби.
Три хороскопски знаци особено ќе ја почувствуваат оваа промена и ќе имаат можност да направат вистински скок кон изобилство.
Овен
За Овенот, крајот на јуни носи конкретни можности за раст на приходите. Се отвораат нови извори на приход – преку работа, креативни проекти, па дури и спонтани идеи кои имаат потенцијал да станат профитабилни.
Нивната интуиција ќе биде особено силна – нивните чувства можат непогрешливо да ги доведат до можности што можеби претходно ги игнорирале. Сè што треба да направат е да му веруваат на својот внатрешен компас и да бидат подготвени да дејствуваат.
Оние кои се самовработени може да доживеат бум во бизнисот, додека вработените ќе имаат можност за дополнителен приход или зголемување на платата.
Сепак, со растот на приходите доаѓа и желбата да се троши повеќе.
Затоа е важно да се остане фокусиран на долгорочните цели и да се користат парите како средство за стабилност, а не за минливи задоволства.
Близнаци
Близнаците влегуваат во финансиски силен период кој нема да трае само овој месец, туку најавува подолг циклус на изобилство и стабилност.
Во втората половина на јуни, постои силна желба да се создаде материјална сигурност и да се донесат важни одлуки што ќе ги водат кон финансиска независност.
Близнаците сега имаат идеална можност да започнат свои проекти, да прифатат нова понуда за работа или дури и да направат целосна промена во кариерата.
Оние кои долго време размислувале за голема промена во начинот на кој заработуваат пари, сега ќе почувствуваат јасност и решителност конечно да го сторат тоа. Крај на одложувањето – време е да се преземе акција.
Успехот нема да дојде преку ноќ, но ако останат упорни и фокусирани, можат да изградат исклучително стабилна основа.
Лав
Јуни им носи на Лавовите силен финансиски поттик, но и повик за одговорно дејствување. Во втората половина од месецот, ќе им се отворат конкретни деловни можности – без разлика дали преку нови проекти, дополнителни извори на приход или преговори за подобра плата.
Лавовите ќе почувствуваат силен нагон за дејствување.
Нивната мотивација и внатрешна сила сега доаѓаат до израз – но важно е да не се бараат моментални резултати.
Наместо брзи потези, време е за стратешко планирање и доследна работа.
Оние кои знаат како да го препознаат моментот и да вложат труд сега, ќе видат вистински напредок во јули и август.
Посебен акцент треба да се стави на создавање системи и навики кои ја поддржуваат финансиската стабилност на долг рок.
Забава
„Егзит“ најавува крај: Ако ова е последниот „Егзит“ во Србија, нека биде незаборавен

Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации и народи, ги обновувавме раскинатите врски и изградивме мостови онаму каде што многумина ги уриваа. Донесовме најпрестижни европски фестивалски награди во Србија и во регионот, како и стотици милиони евра туристички прилив со промоцијата чија вредност е категоризирана од светските експерти како непроценлива, велат организаторите на фестивалот.
„Сепак, од моментот кога минатата година јавно застанавме на страната на студентите и нивната борба за слободно и праведно општество во Србија, бевме изложени на огромни финансиски и други притисоци, со цел да ни се укине нашето право на слобода на мислење и говор. Иако целосно ни беше ускратено јавното кофинансирање на сите нивоа на власта, без кое во ограничените економски рамки долгорочно не е можно да се реализира фестивал од големината и реномето на Exit, не прифаќаме да бидеме замолчени.
View this post on Instagram
Сметаме дека слободата нема цена и токму затоа, годинашново јубилејно издание на фестивалот ќе биде последното што ќе се одржи во Србија во која се задушува слободата на говор. Иако знаеме дека сме добредојдени во многу делови од светот, на нашата публика ѝ должиме последно танцување на Петроварадинската тврдина, поради што целиот наш тим е поодлучен од кога било досега годинашново издание да го направи најемотивното и најнезаборавното до сега.
Тој ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад, кога заедно со студентите ќе одбележиме 25 години заедништво. EXIT не е само фестивал, EXIT сме сите ние кои веруваме дека можеме подобро. И како што пред четврт век заедно ја запаливме искрата на промената, денес уште еднаш го браниме правото да живееме слободно.
Ако ова е последниот EXIT на Тврдината, нека биде незаборавен. Нека биде нашиот најсилен досега. Фестивал кој ќе се памети не по крајот, туку по единството. По љубовта. По слободата!“, пишува на официјалниот профил на Инстаграм.