Контакт

Бизарно

(Видео) Човекот пајак има 150 тетоважи, црни белки на очите, нема папок

Објавено пред

Итан Брамбл има 22 години, има 150 тетоважи и 40 модификации на телото, вклучувајќи импланти под кожата. Го нарекуваат човек Спајдермен.

Тој се нарекува себеси „најмодифицирано момче во светот”, а неговата трансформација започнала кога имал само 11 години.

Овој татко на едно дете, од Нов Јужен Велс, има развлечени реси на ушите, го отстрани папокот, а неговиот јазик е пресечен на половина.

Сега Итан, кој се шегува дека со својот изглед ќе ги избрка додворувачите на неговата ќерка, вгради мали „пајак” силикони под кожата на рацете.

„Јас секогаш уживав во тоа како изгледам. Ќе бидам кул дедо. Никој нема да се зафркава со мојата ќерка“, рече тој во австралиското шоу „Студио 10“.

Тој призна дека има околу 40 промени на неговото тело, вклучувајќи го и тетовирањето на очите така што сега белките му се црни. Само тоа тетовирање носи голем ризик, Итан можеше да ослепи.

Кога имал 17 години, тој имал зафат што го поделил неговиот јазик на половина. Тој призна дека бил малку исплашен бидејќи морал да спие исправено пет дена поради количината на плунка што ја лачел.

Бизарно

Во обид да направи селфи жена испаднала од автомобил на автопат крај Лондон

Објавено пред

Жена испаднала од автомобил на фреквентен автопат во околината на Лондон додека висела низ прозорецот од сопатничката страна снимајќи видео за „Снепчет“, соопшти локалната полиција, а пренесе Си-ен-ен.

На жената ѝ била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.

„За среќа, таа не беше сериозно повредена“, објави полицијата на „Твитер“, додавајќи и слика од отворениот прозорец во автомобилот од кој испаднала жената.

Си-ен-ен соопшти и резултати од студија објавена во магазинот„Journal of Family Medicine and Primary Care“, според кои околу 259 луѓе ширум светот починале при обид да направат селфи во периодот меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека највеќе вакви смртни случаи се регистрирани во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.

Тие исто така потсетуваат дека четири лица од исто семејство се удавија минатата година во Индија откако се лизнале и паднале во вода обидувајќи се да направат селфи.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Два големи питона со должина од 2 и пол метри паднале низ таванот во куќа во Австралија

Објавено пред

Човек од Австралија доживеал прилично голем шок кога се вратил дома и видел дека две големи змии се провлекле низ неговиот таван и продолжиле да ползат низ собите во неговата куќа во Квинсленд.

Дејвид Тејт во понеделникот пронашол една змија во спалната соба и друга во дневната. Заедно имале околу 22 килограма. Експертот за фаќање змии Стивен Браун изјави дека змиите што се појавиле во домот на Тејт биле со исклучителна големина.

Received a call to Laceys Creek after customer found 2 very large Coastal Carpet Pythons (Morelia spilota mcdowelli) in…

Posted by Brisbane North Snake Catchers and Relocation 24hrs 7days 0449922341 on Недела, 30 август 2020

Се верува дека се работи за два мажјаци кои се бореле за женка и така пропаднале низ таванот. Женката сè уште не е лоцирана. Едниот питон пронајден во куќата бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри.

Тејт раскажал дека претходно ги видел змиите како се сончаат на неговиот покрив.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Французинка уапсена во Индија, се сликала гола на свет мост

Објавено пред

Една 27-годишна Французинка е уапсена затоа што се снимила гола на мост кој се смета за свет, а е изграден над реката Ганг во Индија.

Жената, позната само како Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утараканд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-ен-ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис за продажба на накит.

„Таа снимила видео на мостот Лаксман Џула, кој се смета за свет. После тоа, правела неморални фотографии и во хотелот. Таа е гола на фотографиите, кои подоцна ги објавила и на Инстаграм”, рече Саклани.

Полицијата добила дојава за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против жената.

Лаксман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Мари-Елен во моментов е на слобода откако платила кауција, а е обвинета за недолично однесување на јавно место. Таа, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминала се чувствувала лошо поради прекорните погледи, како да била малтретирана.

„Жал ми е што со своите постапки и наштетив на локалната заедница. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики“, објаснила таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет8 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија9 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија11 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион12 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион14 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа15 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион17 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ18 часа

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија19 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија20 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија20 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија1 ден

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион1 ден

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет1 ден

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија2 дена

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија2 дена

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија2 дена

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Досие