Забава
Викторија Бекам имала високо ниво на жива бидејќи изела премногу риба
Викторија Бекам имала исклучително високо ниво на жива во своето тело бидејќи јадела премногу риба.
Пејачката на „Спајс грлс“ – Пош Спајс, а сега моден дизајнер, од својата исхрана ги исфрли сабјарката и туната и ги замени со лосос поради нивото на метилжива во овие видови риби.
„Во телото на Викторија имаше повеќепати зголемено количество жива над дозволената граница. Така, лекарите мораа да ѝ го плакнат црниот дроб за да го ослободат телото од токсини. Таа се чувствува добро, вита е и во форма како и секогаш“, изјави анонимен извор за британски „Сан“.
Ова доаѓа откако Роби Вилијамс за малку ќе умрел бидејќи се затрул со жива од јадење премногу риба, а се знае дека зголемените нивоа на жива предизвикуваат рак на кожата и болести на белите дробови, пишува весникот.
Роби рече: „Јадев риба двапати на ден и го имав најголемото труење со жива што го видел докторот досега“.
Метилживата или живниот хлорид, органско соединение, е најтоксичната форма на жива на која луѓето најчесто се изложени. Метилживата се акумулира во големите риби кои се хранат со помали риби и содржат многу повисоко ниво од непредаторските риби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Милијардерка се уште тврди дека никогаш немала пластична операција: Мразам ботокс и филери
Милијардерката Џоселин Вилденштајн (84) се уште тврди дека никогаш немала пластична операција. Сега додаде дека мрази и ботокс, иако постојано се зборува за нејзината трансформација на лицето.
Странските медиуми ја нарекоа „жена мачка“, а таа тврди дека нејзиниот изглед е природен.
Во новото интервју за The Sun, таа негира каква било пластична операција.
„Не сум направила пластична операција, се плашам што може да се случи“, рече таа. Милијардерката тврди и дека никогаш не ставила филери во лицето, но дека има пријатели кои не биле задоволни од нив.
„Не сакам ботокс. Секој има различна реакција на него. Имав ботокс само два пати. Не знам дали сум алергична, но кога го земав, не се чувствував добро. Не беше добар резултат, ми отече лицето“, рече таа.
Претходно нејзиниот партнер Лојд Клајн изјави дека Џоселин постојано изгледа исто и дека „никогаш не сменила ништо на лицето“.
Забава
(Видео) Ричард Гир за животот во Шпанија: „Прекрасно е, луѓето се грижат еден за друг“
Актерот Ричард Гир неодамна се пресели од САД во Шпанија поради сопругата Алехандра Силва и нивните два сина, а одлуката се покажа како полн погодок за нив.
Неодамна заедно присуствуваа на галата „Elle for Future“ во Мадрид, настан посветен на иднината и заштита на планетата, што воедно беше и нивно прво појавување во јавноста по преселувањето.
Во интервју за шпанското издание на магазинот Elle, Гир ги сподели своите впечатоци од животот во ново опкружување.
„Овде е прекрасно. Кога зборуваме за општеството и заедницата, морам да кажам дека овде чувствувам силен дух на заедница. Луѓето се грижат еден за друг. Во мојот свет таквите социјални врски се почесто се раскинуваат, па јас навистина го ценам тоа овде“, изјави познатиот актер.
Ричард Гир и Алехандра Силва се во брак шест години и имаат два сина. Заедно заклучиле дека нивните деца ќе имаат подобро детство во Шпанија, земјата во која Алехандра е родена и го поминала најголемиот дел од животот. Дополнителна предност е што момчињата уште од детството учат шпански со мајка им, што ќе им олесни да се прилагодат.
Забава
Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со него за Денот на благодарноста
Денот на благодарноста, еден од најважните празници за Американците, беше прославен во Америка во четврток на 28 ноември. Актерот Брус Вилис тој ден го поминал со своето семејство.
Неговата ќерка Талула Вилис (30) на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од времето со нејзиниот татко и сестрата Скаут (33). „Благодарна“, напиша Талула.
На фотографиите Брус седи на каучот со насмевка на лицето, опкружен со своите ќерки. Во раката го држеше знакот „најдобар татко досега“.