Контакт

Забава

Во САД на аукција ставено „можеби најразорното оружје“

Објавено пред

Личниот телефон на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ќе биде понуден на наддавање во САД во февруари, објавено е на сајтот на аукциската куќа Alexander Historical Auctions.

Телефонот на познатиот германскиот производител „Siemens“ со вгравирано име на Адолф Хитлер и подарок од Вермахтот. Во април 1945 година него го пронашле советските војници во бункерот на фирерот веднаш по неговото самоубиство и видливи траги од удри во бункерот.

Потоа бил предаден како подарок на британскиот офицер сер Ралф Рајнер, кој бил испратен од фелдмаршалот Бернард Монтгомери на средба со руските офицери во Берлин, а овој подоцна го сокрил и неговото семејство го чувало уредот повеќе од 70 години.

Стравувајќи да не биде обвинет за грабеж, Рајнер со децении молчел за телефонот изработен од бакелит и го криел во неговиот дом во Дувлиш, областа Девон. Своите воени трофеи само еднаш ги покажал пред семејството по враќањето од Германија, а на својот син му го предал пред смртта во 1977 година.

За овој експонат се наведува дека е „личниот хитлеров смртоносен инструмент“ преку кој ги издавал наредбите за концентрационите логори и на неговите генерали на бојното поле.

Кога ќе се направи историска ретроспектива на настаните, всушност станува збор „за најдеструктивното оружје на сите времиња“, преку кое оделе наредбите за битката за Сталинград или ракетирањето на Лондон со дотогаш невиденото оружје ракетите V-1 и V-2.

Во 1990 година наследниците на телефонот добиле потврда за автентичноста од операторот на централата на Хитлер, Рохус Миш.

Акцијата ќе се одржи на 19-ти февруари и се очекува да достигне цена од половина милион долари./крај/мф/сн

Најново

Култура12 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет19 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија30 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет36 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт43 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион45 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт49 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет1 час

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...