Забава
Во САД се родија близнаци со разлика од една година

Близнаците Соер и Еверет дојдоа на свет во американската сојузна држава Аризона со разлика од една година, бидејќи нивното раѓање коинцидираше со настапувањето на Новата година.
Приновите во семејството на Брендон и Холи Шеј дојдоа на новогодишната ноќ и притоа првото момченце Соер се родило во 23,51 часот на 31-ви декември 2016 година, а неговото братче Еверет му се придружило во 00,01 часот на 1-ви јануари 2017 година.
„Претпоставувавме теоретски дека такво нешто може да се случи, и тоа навистина се случи“, изјави за CNN таткото на близнаците.
Како што истакнува телевизијата, оваа новогодишна ноќ имало уште два слични случаи, во Атланта во државата Џорија и во Сан Диего во Калифорнија.
Ваков случај во САД беше забележан и на преминот во сега веќе изминатата 2016 година, кога во американската сојузна држава Калифорнија 22-годишната Марибел Валенсија, повторно во Сан Диего, го роди девојченцето Џејлин во последните секунди од 2015-та, а момченцето Луис неколку минути подоцна, односно во 2016 година. Како време на раѓањето на девојченцето забележено беше 23,59 часот 31-ви декември 2015 година, а на момченцето 00,02 часот 1-ви јануари 2016 година.
Но останува прашањето како овие деца ќе бидат запишани датумите на нивото раѓање.
Од семоќната даночна управа минатата година одговорија дека Џејлин ќе биде заведена како родена и обврзана во 2015-та година, додека за Луис неговите родители ќе го вбројат во даночната пријава за 2016-та, што важи и за повластиците./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Јапонските власти трагаат по делфин кој каснал луѓе

Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин за кој се претпоставува дека извршил најмалку шест напади врз луѓе ова лето.
Пред два дена било објавено дека делфин каснал уште двајца капачи за раката, што се верува дека е последен во серијата напади на јапонска плажа.
Според локалните медиуми, еден маж бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач.
Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој постојано напаѓал луѓе ова лето, јавува Би-Би-Си.
Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.