Забава
„Гугл“ претстави дигитален превeдувач на хиреоглифи
„Гугл“ претстави дигитален преведувач на хиероглифско писмо, наречен „Фабрициус“, кој користи машинско учење за да ги декодира древните египетски знаци.
Оваа функција е додадена во постоечката апликација на „Гугл“, Уметност и култура. Исто така, им овозможува на корисниците да преведат свој збор и емотикони што можат да се споделат на социјалните мрежи.
„Гугл“ наведува дека „Фабрициус“ е првата таква алатка што се надградува со примена на машинско учење за да може да ги разбере хиероглифите.
Во теорија, платформата треба да се подобрува со текот на времето, како што луѓето ја користат.
Верзија на „Фабрициус“ им се нуди и на професионалните египтолози, антрополози и историчари за да ја искористат во нивните истражувања.
Еден експерт ја поздрави иницијативата, но рече дека големата најава треба да се гледа во одреден контекст.
„Иако е импресивен, системот сè уште не е на ниво што може да ја замени потребата од високообучени експерти за читање на антички натписи“, рече доктор Роланд Енмарх, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.
„Остануваат некои големи пречки за читање на хиероглифите, бидејќи тие се рачно изработени и многу се разликуваат со текот на времето. Сепак, ова е чекор во правилна насока“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.