Забава
„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации
Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн-филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме, но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика.
„Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансира многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори, како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски – Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот, а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“.
![]()
![]()
Особено радува фактот што некои од постарите македонски хитови имаат огромна гледаност кај најмладата публика. На годинешната топ-листа на јутјуб-каналот на „Дајте музика“ во изминатите 3 месеци убедливо води преработката на „Сите мои слики“ од групата „Ареа“ со речиси 370.000 прегледи, легендарната „Скопје“ на Влатко Стефановски со речиси 270.000 прегледи и неодамнешното божикно видео „Бекутан“ со преработка на песната „Ѕвона“ од Каролина Гочева со над 300.000 прегледи на сите канали. Протагонистите на серијалот со своето скромно музичко искуство сами успеаја да ја изведат и легендарната „Неправда“ од „Лева патика“ на дружењето во живо со своите фанови на социјалните мрежи. Идолите на новата генерација успеаја да ја доближат македонската музика до најмладата публика, која очигледно ужива во најдобрите македонски музички хитови. Тоа го докажува и фактот што некои од музичките видеа поставени на јутјуб-каналот на „Дајте музика“ имаат гледаност од над 800.000, а самиот канал надмина 24,5 милиони прегледи.
![]()

Оваа година продукцијата „Рифенштал“, под покровителство на Македонската радио-телевизија, издаде два музички диска со најдобрите хитови од двете сезони на серијалот, кои промотивно им се делат на фановите преку каналите на социјалните мрежи.
Набргу следува нов проект, кој дечињата ќе го подготват по повод 85-годишниот јубилеј на компанијата „Алкалоид“, а во кој преку еден голем македонски хит ќе се изрази благодарност до најзасегнатите општествени категории од пандемијата.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Најубавиот фустан на Марго Роби за премиерата на „Wuthering Heights“ во Австралија
Марго Роби и Џејкоб Елорди веќе некое време го промовираат филмот „Wuthering Heights“, базиран на истоимениот роман од Емили Бронте.
По бројните премиери во Америка и Европа, актерите пристигнаа во Австралија и е потценување да се каже дека нивните изданија го привлекоа вниманието на јавноста – особено на Марго.
Се чини дека една од најубавите актерки во светот ја зачувала својата најдобра креација за својата родна земја, бидејќи, во споредба со другите нејзини комбинации, остави сосема поинаков впечаток.
Актерката за пригодата носеше фустан во боја на слонова коска од модната куќа „Аши Студио“. Самиот фустан е комбинација од готски и винтиџ стил, а е украсен со корсет што ја нагласува нејзината витка фигура. Не треба да се изостават ниту ракавите од тил, кои му даваат на целиот стил романтичен момент.
Изгледот го надополни со чокер во винтиџ стил од Лорејн Шварц, а беше нашминкана во нежни, земјени тонови што ја нагласуваа нејзината природна убавина.
Забава
(Видео) Веренички прстен од 20.000 евра предизвика лавина од коментари: „Тоа е отварач за конзерви“
Тиктокерката Аби Буко го покажа својот веренички прстен на мрежата, но скапото парче накит предизвика лавина од коментари, бидејќи неговиот дизајн многу потсетува, како што велат корисниците, на „отварач за конзерви“.
Иако станува збор за француско винтиџ парче од 1950-тите, украсено со дијаманти со вкупна тежина од 5,85 карати и цена од околу 20.200 евра, тоа не ги спречи корисниците да пишуваат хумористични коментари за необичниот дизајн.
@abbybuccoo The best combo 💍💅 #vintageengagementring #uniqueengagementrings #engagementphotos #fyp ♬ This Magic Moment (Mono) – The Drifters
Реакциите на гореспоменатата мрежа беа разновидни, а имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана.
„Вљубена сум“, напиша еден корисник. „Овој прстен е толку кул“, додаде друг, додека некои истакнаа дека е „уникатен“ и „посебен“.
А потоа другата страна го доби зборот.
„Тоа е најгрдиот прстен досега“, гласеше еден коментар. „Душо, тоа е отварач за конзерви“, се пошегува друг. Еден корисник отиде чекор понатаму, велејќи дека „ќе го остави партнерот ако тој ѝ даде ваков прстен“.
Кратко потоа, корисничка на ТикТок се вклучи, велејќи дека не ја вознемируваат лошите коментари. Таа рече дека била свесна за необичниот дизајн на прстенот и дека тоа е токму она што го сакала.
Забава
(Фото) Како Марта Стјуарт изгледа толку младо во 9-тата деценија: спие по 3 часа и не прескокнува едно нешто
Познатата Марта Стјуарт (84) е вистинска енигма за целиот свет со години, дури и децении, како и нејзината рутина што ја одржува млада.
Во нејзиното последно интервју за „Ју-Ес Викли“, Марта повторно проговори за тоа и откри неколку од своите „тајни“. Интересно е што сонот воопшто не е на нејзината листа на приоритети, па спие само три до четири часа, а понекогаш дури и заспива во автомобилот додека чека закажан термин.
Со оглед на тоа што нејзината кожа е добро негувана и сè уште сјајна, Марта откри и на што се придржува кога станува збор за нејзиното лице.
„Клучот е темелно да го исчистите лицето пред да нанесете серум и ноќен крем. Користам нежно масло од камелија, го нанесувам на целото лице бидејќи во текот на денот обично носам шминка цел ден за снимање. Потоа ја отстранувам маскарата со топла, влажна крпа. После тоа, ставам кеса со мраз на лицето, потоа нанесувам серум и многу ноќен крем“, рече таа.
Таа вежба пилатес секое утро во 6:30 часот, но повремено крева и тегови, додека масажа еднаш неделно е задолжителна. Нездравата храна не е на нејзиното мени, а денот без калинки е речиси незамислив за неа.

