Контакт

Бизарно

Деветгодишно момче ја делеше заштедата на своите родители во соседството

Објавено пред

Со торба полна со пари, момчето шеташе низ своето соседство во германскиот Бад Вилбел и ги делеше парите што ги зел од неговите родители, објави „Феникс“.

Тој ѕвонел на вратата на своите соседи и им нудел банкноти од по 50 евра, тврдејќи дека ги нашол парите. Некои соседи ги зеле парите, а некои дури и го фалеле што им ги враќа сè додека не наишол на соседот кој бил сомничав и ја известил полицијата.

Полицијата го најде момчето со пари и го врати на родителите. Установено е дека зел 2.500 евра заштеда од неговите родители, од кои поделил 260 евра.

Како реагираа родителите и зошто момчето го стори тоа, полицијата не прецизираше.

Бизарно

(Видео) Најпознатиот стаклен видиковец во светот почнал да пука под нозете на посетителите

Објавено пред

Највисоката зграда во Чикаго е „Вилис тауер“, висока 527 метри. На 103. кат од оваа зграда поставен е стаклен видиковец, кој стана атракција за туристите од целиот свет. Меѓутоа, при една неодамнешна тура со посетители заштитниот слој со кој е прекриен овој стаклен балкон почнал да пука под нозете на туристите.

Стаклото почнало да пука додека луѓето биле на него, но портпаролот на зградата рече дека никој не бил доведен во опасност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skydeck Chicago (@skydeckchicago) on

„Имаше жена со две деца и тие изгледаа навистина преплашено бидејќи подот почна да пука“, изјавил Хесус Пинтадо за Си-би-ес, кој ја направил снимката на која се гледа испуканото стакло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skydeck Chicago (@skydeckchicago) on

Меѓутоа, според изјавата на надлежните, токму тоа е начинот на кој треба да реагира заштитниот слој. Испуканото заштитно стакло веќе е заменето со ново и турите повторно нормално се реализираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skydeck Chicago (@skydeckchicago) on

Секоја година околу 1,7 милион луѓе ја посетуваат оваа атракција отворена во 2009. Во 2014 видиковецот беше кратко затворен исто така поради пукање на заштитното стакло.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Леопард грабна бебе од собата и го растргна во шумата во Индија

Објавено пред

Момче кое имало само девет месеци го нападна леопард додека спиело во креветот покрај своите родители. Ова се случи во западна Индија, во селото Гадбори.

Малиот Сварај Гурнуле настрадал кога ѕверот влегол во спалната соба и потоа го растргнал момчето. Родителите не слушнале ништо и кога следното утро се разбудиле, сфатиле дека го нема бебето и веднаш ја повикале полицијата.

Момчето беше пронајдено истиот ден, два километра од нивниот дом.

„Леопардот се прикрал во нивниот дом, го грабнал детето и избегал со него во шумата во близина на селото. Успеавме да пронајдеме само неколку остатоци од детето два километра од домот“, изјави полицаецот Шарад Авара.

Деветмесечното бебе беше погребано во селото истиот ден.

Поради овој ужасен напад, властите поставија камери во селото надевајќи се дека ќе го снимат и ќе го фатат ѕверот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

„Инстаграм“ ѝ го избриша профилот на девојката која го прекина финалето на Лигата на шампионите

Објавено пред

Профилот на инстаграм-ѕвездата Кинси Волански е привремено избришан откако влезе на теренот на мечот меѓу Ливерпул и Тотенхем и за момент го прекина финалето во Лига на шампиони. Волански која на „Инстаграм“ има повеќе од 300.000 следбеници, на социјалните мрежи редовно објавува провокативни фотографии.

Пред да стане ѕвезда на „Инстаграм“ Волански работела како моделка, а позната е и по снимањето на реклами. Со моделство почнала да се занимава во Лос Анџелес. Оваа година глумела и во филм во Холивуд, Slasher Party.

„Дејли мејл“ пишува дека Волански е девојка на јутјуб-ѕвездата Витали Здоровецкиj, кој е сопственик на веб-страница. Во 2014 година, Витали упаднал на финалето на Светското првенство, по што му е забранет влез на големи спортски настани, пишува „Јутарњи лист“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Невреме кај Кичево – град ги прекри патиштата, сообраќајот отежнат

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати подрачјето во близина на Кичево. На патот после Кичево, кога...

Македонија1 час

Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ

Деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ почна пред малку во Охрид. Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, денеска од...

Вести2 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт4 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет5 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ7 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет8 часа

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет8 часа

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет9 часа

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет9 часа

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски23 часа

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија24 часа

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија1 ден

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија1 ден

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија1 ден

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија1 ден

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ1 ден

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Македонија1 ден

Изминатава недела 70 нови случаи на мали сипаници

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е...

Македонија1 ден

Казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти за еден ден во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без...

Досие