Контакт

Забава

Еден од пет смртни случаи во светот е поради сепса

Објавено пред

Еден од пет смртни случаи во светот е предизвикан од сепса или познато како труење на крвта, покажуваат сеопфатни анализи направени на Универзитетот во Вашингтон. Извештајот покажува дека 11 милиони луѓе годишно умираат од сепса, што е поголем број од тие што умираат од рак.

Истражувачите рекле дека големите бројки биле двојно повисоки во претходните проценки. Повеќето случаи биле во сиромашни и земји со среден приход, но и богатите земји се соочуваат со сепса. Оваа смртоносна состојба е исто така позната како скриен убиец, бидејќи тешко се открива.

Тоа е предизвикано од имунолошкиот систем кој претерано работи. Наместо само да се бори против инфекцијата, таа започнува да ги напаѓа и другите делови на телото.

На крајот тоа предизвикува откажување на органите. Дури и преживеаните можат да останат со долгорочно оштетување и инвалидитет.

Бактериите и вирусите кои предизвикуваат дијарејални инфекции или заболувања на белите дробови се водечки предизвикувачи на сепса.

Забава

На карневалот во Рио де Жанеиро се очекуваат околу 2 милиони туристи

Објавено пред

И оваа година во ритамот на самбата во Рио де Жанеиро дење и ноќе без прекин ќе се движат неколку милиони учесници и гости.

Познатиот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро повторно е центар на најголемиот, најлудиот и највеселиот карневал на светот.

Почнува секогаш в петок, со крунисување на дебелиот крал Момo, кој потоа добива сребрен и златен клуч на градот од градоначалникот на Рио.

Околу два милиони луѓе поминуваат бескрајни денови и ноќи на улиците на Рио во лудиот ритам на познатата самба. Навечер, во експлозија на бои и музика, се одржуваат натпревари на најдобрите. Во жестока конкуренција, се оценуваат кореографии, атмосфера, костими, организација и пеење.

Карневалот службено трае до 26 февруари.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најдолгиот железнички тунел под швајцарските Алпи

Објавено пред

Најдолгиот железнички тунел под швајцарските Алпи наскоро ќе биде целосно отворен, а се наоѓа во склоп на најдолгиот тунел во светот Готард, кој е долг 57 километри. Проектот е вреден 11,3 милијарди долари.

Тунелот се наоѓа на длабочина од 2.500 метри под Алпите, а ангажирани се 2.500 работници кои имаат задача да направат пат низ 30 милиони тони гранит, да постават пруга и уште неколку стотина километри електрична инсталација, сигнализација и комуникациски систем.

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кејти Пери се онесвести за време на снимање емисија

Објавено пред

Американската пејачка Кејти Пери се онесвести на снимањето на емисијата „Американски идол“ откако дошло до истекување на гас во објектот каде што се одвивала аудицијата.

Снимањето било прекинато.

Пред да се случи инцидентот, сите тројоца членови на жири комисијата, која освен Пери ја сочинуваат и кантри пејачот Лук Брајан и Лајонел Ричи, почувствувале чудни мириси на сетот.

„Ова не е шега, навистина се чувствува гас“, рекол Брајан.

„Лошо ми е, многу ми е лошо“, се слуша како вели Кејти.

Кога биле евакуирани, таа рекла: „Не се чувствувам добро“, по што се онесвестила.

Брзата помош пристигнла на местото и пејачката поминала без последици.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ9 часа

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа9 часа

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ10 часа

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа10 часа

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет11 час

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ1 ден

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија1 ден

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија1 ден

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија1 ден

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ1 ден

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија1 ден

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија1 ден

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија1 ден

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава1 ден

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет1 ден

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион1 ден

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 ден

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Досие