Забава
Ед Вествик клекна пред Тамара, но немаше прстен

Актерот беше забележан од папарците кога се обиде да се пошегува со својата девојка, потег кој наиде на целосно игнорирање од нејзина страна.
Ед Вествик одглуми дека наводно ја бара за сопруга Тамара Франческони додека беа на одмор на езерото Комо во Италија, а фотографите го забележаа како клечи пред својата избраничка како да сака да ја побара за сопруга. Меѓутоа изгледа дека шегата не му успеа.
33-годишниот актер, наместо прстен, од устата извадил лижавче и ѝ го покажал на Тамара. Судејќи по сериозниот израз на лицето на Тамара, очигледно е дека не ѝ се допаднала шегата, а во еден момент ја завртела главата за да не комуницира со него.
Неодамна извори блиски до парот открија дека топ-моделот е пресреќна и дека Ед е горд што на сите може да им каже дека таа е негова девојка. „Пријателите и смејството на Ед ја одобруваат врската и мислат дека одлично се согласуваат како пар.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Орландо Блум ја објави првата фотографија со Кеjти Пери по раскинувањето: уживаа на јахта

Кејти Пери и Орландо Блум неодамна објавија дека се разделуваат, а сега покажуваат колку уживаат во тоа што се заедно.
Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум неодамна потврдија дека се разделиле по девет години.
Актерот сега објави серија фотографии од семејно патување на Инстаграм, од кои на една е Кејти.
Имено, фотографиите се направени на јахта, а Орландо позираше со Кејти, нивната ќерка Дејзи Дав и неговиот четиринаесетгодишен син Флин, кого го доби со Миранда Кер.
Овие фотографии предизвикаа бројни коментари, од кои повеќето беа оние кои велеа дека Кејти и Орландо се доказ дека дури и по раскинувањето, може да се остане во добри односи.
Забава
(Фото) Дуа Липа покажа како се носи малиот црн фустан

Традиционалната Недела на модата во Париз сè уште трае, а познатите личности и нивните интересни модни изданија пристигнуваат. На ред е Дуа Липа, која одлучи да носи креација од пердуви на големиот моден настан.
Иако оваа комбинација доби комплименти, другата комбинација на Липа го привлече вниманието на жените кои сакаат лежерен стил и ненаметливи детали.
Пејачката беше фотографирана пред луксузниот хотел „Костес“. За дневната пригода, таа носеше минималистички фустан кој ја истакнуваше нејзината завидна фигура.
Станува збор за класичен црн фустан кој зрачи со едноставност и високи чизми од брендот „Chrome Hearts“ кои ги истакнуваат витките нозе.
Својот стил го комплетираше со чанта од Шанел и шминка во „nude“ тонови. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови.
Забава
(Фото) Мртва трка меѓу Кејт Мидлтон и Брижит Макрон: не се знае која е подобро облечена

Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство. Тие беа пречекани во Лондон од кралот Чарлс и кралицата Камила, како и од принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Првата дама на Франција и принцезата од Велс привлекоа внимание со своите комбинации за оваа посебна пригода. Кога зборуваме за стајлингот на Брижит Макрон, мора да нагласиме дека тој се карактеризира со едноставност и елеганција.
Така беше и овој пат, кога одлучи да облече бел фустан со златни детали што ги следеа контурите на нејзиното тело. Својот стајлинг го надополни со беж чевли и рачно изработена чанта украсена со цветни мотиви.
Што се однесува до Кејт Мидлтон, таа се одлучи за комбинација во пудра розова боја, која се состои од струкирано сако и здолниште од тил.
Интересно е што нејзината облека е дизајнирана од француската модна куќа „Диор“, со која принцезата од Велс сакаше да им оддаде почит на своите гости.
Таа го надополни својот аутфит со високи потпетици од брендот „Gianvitto Rossi“ и шапка. Бисерна огрлица и обетки го надополнија нежниот изглед.