Контакт

Естрада

Енрикe се бакнуваше со обожавателка на сцената и ѝ го допираше задникот

Објавено пред

Пејачот Енрике Иглесијас (43) извлече обожавателка од публиката на последниот концерт во Амстердам и се бакнуваше со неа на сцената. Фотографите го фатија моментот кога пејачот ја фати за задникот обожавателката облечена во фармерки со дезен на леопард.

Додека го пееше хитот Hero, тие првин се гушкаа, а потоа станаа уште поинтимни. Инаку, не е првпат пејачот да избере среќна обожавателка и да ја доведе на сцената за да ја бакне.

„Тоа не го правам секогаш, туку само кога сум расположен. Без јазик, се разбира“ – откри Енрике Иглесијас.

Освен што подготвува голем број концерти, пејачот го помининува слободното време грижејќи се за своите деца, близнаците Николас и Луси, кои ги доби со својата девојка Ана Курникова (36) минатата година. Не е познато што вели таа за неговите врели бакнежи на сцената.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џастин Бибер и Хејли Болдвин планираат гламурозна свадба во септември

Објавено пред

Популарниот пејач Џастин Бибер (25) и неговата избраничка, американската манекенка Хејли Болдвин (22), речиси го одредија датумот за официјално одбележување на својата венчавка. Гламурозната прослава е закажана за следниот месец.

Џастин и Хајли се свршија на Бахамите минатиот јуни, а потоа тие тајно се венчаа во Њујорк во септември истата година. Двојката моментно го разгледува најсоодветниот датум за официјална прослава на свадбата со семејството и најблиските пријатели, посочува извор близок на славната двојка за ТМЗ.

Точниот датум на прославата сè уште не е познат, но Бибер и Хејли планираат поканите за гостите да ги испратат за една недела. Пријателите велат дека Џастин и Хејли одлично се вклопуваат и во моментот живеат идиличен живот.

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Вдовицата на Дино Дворник со порака на денот кога кралот на фанкот требаше да наполни 55 години

Објавено пред

На денешен ден, 20 август, се роди легендарниот музичар Дино Дворник, кој, ако беше жив, ќе наполнеше 55 години.

По повод роденденот на популарниот крал на фанкот, неговата сопруга Даниела Дворник упати кратка емотивна порака.

„Денес би бил неговиот 55. роденден! Недостигаш. Те сакам. Секогаш во срцето. Мојот живот и мојот учител“, напиша Даниела, која објави фотографија на Дино на која е напишана пораката: „Подобро да се живее малку, ама како крал, отколку многу како овца“.

Прикажи повеќе...

Естрада

Мадона напорно вежба за турнејата во септември

Објавено пред

Поп-дивата Мадона (60) неодамна го објави новиот албум наречен „Мадам X“, па веројатно поради тоа е постојано присутна во медиумите во изминатите два месеци.

Пејачката напорно вежба за своите настапи во склоп на турнејата „Мадам Х“, и тоа со таква леснотија што во исто време може да ги гледа вестите на својот мобилен телефон. Таа на својот инстаграм-профил објави видео кое во краток период имаше речиси 800.000 прегледи.

„’Мадам Х’ се подготвува за денот“, напиша Мадона во описот на објавеното видео.

„Како можете да бидете толку флексибилни на 61 година?“, еден од нејзините обожаватели го коментираше видеото.

Турнејата за која пејачката се подготвува ќе почне во Њујорк на 12 септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија56 минути

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 час

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија2 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ4 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион5 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет6 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија6 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион7 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија7 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech18 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие