Контакт

Естрада

Иги Поп го прослави 72. роденден во свој стил, без маица на сцената

Објавено пред

Рок-легендата и кум на панкот, како што често го нарекуваат, сè уште е на сцената, а неговите енергични и бескомпромисни настапи се над стандардите што се очекуваат од луѓето во седумдесеттите години. Иги Поп (72) со својот бенд The ​​Stooges почнал да свири кон крајот на 60-тите и денес е на сцената во подобра форма од многу негови двојно помлади колеги.

Тој го прослави 72. роденден во атмосфера што најдобро му одговара, на својот концерт во Мелбурн. Таму тој пееше од петни жили, скокаше, слезе во публиката и, се разбира, без кошула. Речиси и не се памети кога последен пат е виден овој рок-дедо облечен на сцената, а неговото голо торзо е една од првите и најпрепознатливи рокенрол-асоцијации во последните 50 години.

И покрај тоа што има долга кариера зад себе и се чини дека сè уште има завидна физичка кондиција, не е никаква тајна дека Иги поголемиот дел од животот го помина борејќи се против зависноста од наркотици за што тој постојано зборуваше отворено.

„Пропуштив многу работи во животот бидејќи бев постојано дрогиран и тоа е нешто поради што зажалив подоцна. Не жалам за нешто лошо што сум направил во таква состојба, туку за нештата што не ги направив поради зависноста. Би сакал да бев поприсебен и да му дадев повеќе на татко ми кога беше стар и на заминување“, беше искрен пејачот во интервјуто за „Дејли мејл“ пред две години, а денес, тврди тој, само сака да испие некоја чаша вино.

Естрада

Барби во чест на Дејвид Боуви

Објавено пред

Педесетгодишнината од издавањето на легендарниот албум „Space Oddity“ на Боуви ќе биде одбележана со специјална кукла инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Во песната „Time“ од 1973 година, Дејвид Боуви ги спомнува познатите Били кукли.

Сега, 50 години по објавувањето на „Space Oddity“, може да се каже дека тоа е куклата Барби.

Производителот на играчки „Мател“ најави нова колекционерска фигура инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Куклата е облечена како глем-рок алтер егото на познатиот пејач, со црвени чизми и шминка.

Новата фигура е направена во соработка со архивата на Дејвид Боуви и ќе чини 50 долари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Роби Вилијамс призна дека сакал да се самоубие

Објавено пред

Пејачот Роби Вилијамс призна дека размислувал за самоубиство. Иако уживал во моментите на слава, пејачот имал и лоши моменти во периодот кога беше дел од групата „Take that“.

Говорејќи за деновите на најголема слава со „Take that“, 45-годишниот пејач призна дека чудната куќа во која живеел во комбинација со опијатите кои ги земал за малку ќе го чинеле живот.

Тој слушал гласови и чекори и поради тоа, како што признал, мислел дека ќе полуди.

„Веднаш ми беше чудна, темна и со некаква енергија“, рекол Роби за куќата во Примроус Хилс во која живеел со поранешната девојка.

„Тогаш земав многу кокаин. Во куќата слушав чекори како се качуваат по скалите нагоре. Поранешната девојка мислеше дека тоа е дедо ѝ. Влегував во автомобил и ‘тоа’ влегуваше со мене на задното седиште. По два месеца повеќе не можев да го поднесам и да се справам со тоа, сакав да се убијам“, рекол Роби.

Тој додал дека еден ден се разбудил и видел темна магла. Тоа било капката што ја прелила чашата. Роби заминал во хотел, а подоцна дознал дека куќата била изградена на гробишта.

Неговата сопруга, Ајда Филд, пред неколку години потврди дека Роби во времето кога ја доживеал најголемата слава со „Take that“ размислувал за самоубиство.

„Имало период во неговиот живот кога мислел дека повеќе не може да постои“, рекла таа.

Прикажи повеќе...

Естрада

По разводот Адел изгледа подобро од кога било

Објавено пред

Британската пејачка Адел (31) беше снимена пред неколку дена во друштво на мистериозен човек. Повеќето обожаватели заклучија дека тоа ѝ е новото момче, но набрзо се откри дека станува збор за сопругот на нејзиниот пријател Алан Кар, со кого пејачката со години се дружи.  Тие заедно беа на концертот на Селин Дион.

Обожавателите на Адел ја забележаа нејзината вита линија, и според коментарите, оваа промена ги израдува.

„Жената се преполови. Никогаш подобро не си изгледала, ослаби уште десет килограми и ќе изгледаш како модел“, стои во коментарите.

Пејачката пред три месеци се разведе од бизнисменот Сајмон Конецки (45), со кого беше во брак три години и седум години во врска. Портпаролот на пејачката соопшти дека двојката се развела и нема да има понатамошни коментари на оваа тема, според „Мирор“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде му се заканува смртна казна

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран на земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија1 час

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа2 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија10 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија10 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија11 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија12 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион14 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија16 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија17 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија20 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија20 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија20 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија21 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија24 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава1 ден

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет1 ден

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет1 ден

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Досие