Забава
„Има само еден услов“: Бен Афлек подготвен за нова врска
Бен Афлек е подготвен за состаноци и нова врска по разделбата со Џенифер Лопез, изјавиле за „Дејли мејл“ извори блиски до 52-годишниот актер. За ова има еден услов – ќе излегува само со жени што се трезни, со оглед на тоа дека во минатото имал проблеми со алкохолот.
„Бен не се откажал од врските и, конечно, се чувствува подготвен да продолжи напред и повторно да почне да излегува. Нема да навлегува во ништо сериозно додека не се финализира разводот, но тоа не значи дека не може да излегува“, рекол изворот.
„Тој само сака да излезе со некој што е трезен. Изминатите две години беа тешки за Бен и кога почнува да закрепнува, едно е многу јасно: неговото закрепнување е на прво место“, додаде тој.
Претходно, беше познато дека Бен добил терапија и дека во неколку наврати се откажал од алкохолот. На тој чекор првпат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година објавил дека завршил со лекувањето од оваа зависност.
„Завршив со лекувањето, се соочив со ова во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот „Фејсбук“.
„Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила секому кому му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.
На крајот на август 2018 година, по иницијатива на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Џенифер и уште една жена биле снимени како пристигнуваат во замокот на Афлек во Калифорнија, а потоа, како што пишува ТМЗ, Бен решил да го прифати мислењето на својата поранешна сопруга дека му треба помош и со автомобилот се упатиле директно во центар за лекување.
Неколку дена пред интервенцијата на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, испорачани на негова адреса. Се вели дека ова е последната капка за Џенифер, која решила да му помогне.
Неодамна актерот беше виден како излегува од центар за рехабилитација во Калифорнија. Судејќи по фотографиите, тој беше видно расположен. Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето што се борат со разни зависности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

