Забава
И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“
Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откога беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Компанијата потврди за Би-би-си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон исто така поднесе оставка. Неговото заминување дојде откога „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.
@ctvnews CEO and colleague caught on camera at Coldplay concert Coldplay singer Chris Martin may have caused an awkward moment when he commented on a CEO embracing a colleague at the band’s show in Boston. #news #ctvnews #coldplay #ceo #boston ♬ original sound – CTVNews
Скандал што го обиколи светот
Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис кам“ додека стоеја во публиката прегрнувајќи се.
Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да си ги скријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.
Последиците од аферата
Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – првин неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, кога неговата милијардерска компанија „Астрономер“ почна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.
Фото: Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

