Забава
Колешката на Алек Болдвин денеска пред суд за убиство од небрежност

Хана Гутиерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје за време на снимањето на вестерн-филмот „Раст“ во 2021 година, за време на кој актерот Алек Болдвин ја застрела и уби кинематографката Халина Хичинс, денеска, ќе сведочи пред судот во Санта Фе.
Гутиерез Рид е обвинета за убиство од небрежност по наводите дека манипулирала со доказите, односно затоа што одбила да им даде повеќе информации за оружјето на властите, а таа се изјаснила за невина, пренесува Би-би-си.
Не е утврдено како куршумите завршиле во пиштолот, а доколку биде прогласена за виновна, Гутиерез Рид би можела да издржи затворска казна до три години. Гутиерез Рид минатата недела побара да се отфрлат обвиненијата против неа, но судијата одлучи да го продолжи судењето. Болдвин е обвинет за убиство од небрежност и се изјасни за невин.
Сепак, судот во Ново Мексико повторно го отвори кривичното дело против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите во Ново Мексико соопштија дека на виделина излегле нови информации, кои налагаат понатамошна истрага и откако обвинителите соопштија дека се појавиле нови докази од форензичките тестови за оружјето користено во пукањето.
На 31 јануари актерот се изјасни за невин и не е закажан датум за судење за неговиот случај, а според законите во Ново Мексико, доколку биде осуден за убиство од небрежност, може да добие и до 18 месеци затвор. Инцидентот се случил во октомври 2021 година кога Болдвин вежбал пукање со пиштол, а исто така тврди дека мислел оти во пиштолот нема вистински куршуми, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Раскинувањето на свршувачката ѝ го скрши срцето, па заплака среде концерт

Кејти Пери веќе некое време е во Австралија, а причината е музичката турнеја „Lifetimes“, која враќа спомени од славните денови на саканата тинејџерка пејачка.
Додека пееше пред голема толпа и под силните светла на рефлекторите, емотивниот слом на Кејти се случи одеднаш.
Имено, пред да требаше да ја отпее познатата песна „Firework“, која зборува за самодовербата и личната сила, Кејти се расплака.
Сепак, таа успеа да им се заблагодари на сите што „секогаш беа тука за неа“, дури и во тешките денови, низ солзи.
„Ви благодарам што секогаш сте тука за мене, Австралија. Тоа ми значи сè на светот.“
Katy Perry got emotional at the end of the last show of #THELIFETIMESTOUR in Australia 🥺♥️ pic.twitter.com/N78X37wBld
— Katy Perry Tours (@KatyPerryTours) July 1, 2025
Овој емотивен момент беше забележан од многу обожаватели и објавен на социјалните мрежи, а пораки за поддршка за пејачката се појавија на Икс.
Патем, настапот доаѓа само неколку недели по веста дека нејзиниот долгогодишен партнер, актерот Орландо Блум (48), и таа ја раскинале свршувачката по речиси 10 години.
Актерот неодамна беше фотографиран во Венеција, во друштво на жена, што доведе до тоа многумина да започнат гласини за неговата нова љубовна врска.
Поранешните партнери имаат четиригодишна ќерка, Дејзи.
Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.
Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.