Контакт

Забава

Компанијата PwC истражува како се случи забуната со ковертите на Оскарите

Објавено пред

Претставниците на ревизорската компанија „PricewaterhouseCoopers“, која е одговорна за пребројувањето на гласовите и доставувањето на златните коверти на свеченоста на доделувањето на најпрестижните филмски накради – Оскарите, изразија „длабоко жалење“ поради хаосот кој го предизвика погрешното прогласување на годинешниот добитник на наградата во категоријата за најдобар филм.

dobivaj vesti na viber

 

„Презентерите по грешка добиле погрешни коверти со имињата на наградените, а кога тоа беше утврдено веднаш исправена“, се наведува во соопштението на PwC објавено на Twitter.

„Веднаш започнавме да истражуваме како дојде до оваа невообичаена ситуација и длабоко жалиме што таа се случи. Извонредно ја цениме добронамерноста со којашто номинираните, презентерите, Академијата, телевизијата ABC News и домаќинот на вечерта Џими Кимел ја решија ситуацијата“, се додава во соопштението.

Во текот на свеченоста на доделувањето на Оскарите на крајот се случи еден невообичаен момент кога презентерите, славните актери Феј Данавеј и Ворен Бити, погрешно за најдобар филм го прогласија „Ла Ла Ленд“. Бити подоцна се обиде да објасни дека му дале погрешен коверт.

Целата екипа на споменатиот филмски мјузикл, кој имаше многу номинации, а претходно собра бројни награди во светот, започнаа да се заблагодаруваат, кога беа предупредени дека добитник на оваа награда е всушност филмот „Месечева светлина“. Еден од продуцентите на „Ла Ла Ленд“ изјави дека му било чест што статуетката, за кој веќе верувал дека е негова, им ја врачил на пријателите од „Месечева светлина“.

А „Ла Ла Ленд“, освои шест Оскари, и тоа за режија, главна женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија./крај/мф/сн

Забава

Синот на Тина Тарнер пронајден мртов во својот дом

Објавено пред

Рони Тарнер, син на пеачката Тина Тарнер, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

TMZ пишува дека тој имал потешкотии со дишењето.

Полициски извори велат дека вчераутро примиле повик од лице кое кажало дека има потешкотии со дишењето.

Брзата помош по пристигнувањето констатирала смрт на 62-годишникот, а се уште не се знае точната причина, но познато е дека Рони со години се борел со ракот, пренесуваат медиумите во светот.

Тина според написите, се уште не се огласила за смртта, но зборувала неговата сопруга Афида.

„Овој пат дадов се од себе. Не можев да те спасам“, напиша таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Бразилска манекенка конкуренција на најпознатата хрватска навивачка во Катар

Објавено пред

Ивана Кнол деновиве на Светското првенство во фудбал со својата убавина го привлекува вниманието на публиката и медиумите, но денеска ќе има конкуренција на трибините.

dobivaj vesti na viber

38-годишната Изабел Гуларт, поранешен ангел на „Викторија сикрет“, беше прогласена за најубава бразилска навивачка, а нејзините фотографии на кои таа ја бодри бразилската репрезентација на натпреварите во Катар го обиколија светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

На натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја, Изабел привлече внимание во тесен жолт фустан, кога гордо се завитка во бразилското знаме.

Инаку, манекенката во 2018 година се сврши со германскиот фудбалер Кевин Трап, па оваа жестока навивачка можеше да се види и на натпреварите на Германија.

Прикажи повеќе...

Забава

Ѕвездата на „Бекстрит бојс“ обвинет дека силувал малолетна девојка со аутизам

Објавено пред

Пејачот Ник Картер од познатата група „Бекстрит бојс“ е обвинет дека во 2001 година силувал малолетна девојка со аутизам и церебрална парализа.

dobivaj vesti na viber

Расплаканата Шенон Шеј Рут на Фејсбук блог во живо изјави дека кога имала само 17 години ѕвездата од „Бекстрит бојс“ сексуално ја нападнала.

„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување, што е директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди сега 39-годишната девојка.

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо повеќе не влијаеше на мене или имаше потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече Ник Картер“, вели таа во својата исповед.

Рут изјави и какви страшни навреди ѝ упатил познатиот пејач.

„Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече „рет*рдирана кучка“ и ме фати и ми остави модринки на раката“, истакна таа и додаде:

„Картер се обиде да ме исплаши, да ме замолчи… тој беше гаден и се закануваше“, расплака Шенон.

Рут на прес-конференцијата истакна дека се двоумела дали да проговори бидејќи верувала дека може да „оди во затвор“ ако некому каже што наводно се случило.

Таа во тужбата навела дека била поканета во автобусот на пејачот по концертот на кој присуствувала во Такома, Вашингтон, откако застанала во ред за автограм, пишува „Телеграф“.

Инаку, ова не е првпат Картер да биде обвинет за сексуална злоупотреба. Во 2017 годин, поранешната членка на Дрим, Мелиса Шуман тврдеше дека тој сексуално ја нападнал кога таа имала 18, а тој 22 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Столтенберг: Војната во Украина може да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека руската војна во Украина може да излезе од контрола и да...

Европа5 часа

Османи: На Косово никогаш нема да има полицајци и војници од Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи посочи дека последните инциденти на северот на Косово, се насочени против уставниот поредок и суверенитетот...

Топ7 часа

18-годишник обезбедил податоци од картичката на дедо му, плаќал за игри и купувал

18-годишно момче обезбедувајќи податоци од картичката на неговиот дедо извршил стотици плаќања, потрошувајќи над 468 илјади денари, соопшти МВР. Според...

Свет7 часа

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот...

Македонија9 часа

Ивановска: Поразително за државата е доаѓањето на тим од Вашингтон

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска смета дека е поразително за државата доаѓањето на тим од Вашингтон,...

Регион12 часа

Брнабиќ за ситуацијата на Косово: Курти нè доведе до раб на војна

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја коментираше ситуацијата во Косово. „Денес имате ваков ден,...

Македонија13 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија13 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет15 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија15 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет15 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет16 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа16 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија1 ден

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион1 ден

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа2 дена

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија2 дена

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...