Забава
Концерт на Наташа Малинкова во Крива Паланка
Општина Крива Паланка организира концерт на македонската пејачка Наташа Малинкова кој ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад, на 16 август (петок), со почеток во 20,00 часот.
Настапот на една од најатрактивните и најталентираните пејачки на македонската поп сцена е дел од богатата програма на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.
Се очекува концертот на енергичната Наташа Малинкова да донесе уште една музичка вечер исполнета со незаборавни хитови што ја привлекуваат бројната публика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Бумеранг“ на Лоба, химна за нови почетоци во Новата година
„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот, кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година.
Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст, што таа лично го напиша.
„Бумеранг“ е композиција што ја чувствувам како дел од мене не само затоа што ја создадовме во еден спонтан, инспириран момент туку и затоа што нејзината порака длабоко зборува за тоа кои сме ние како луѓе. Животот е круг – сè што даваме се враќа назад на свој начин и токму тоа сакав да го доловам со оваа песна“, изјави Викторија Лоба.
Видеозаписот за песната е вистинско ремек-дело. Снимен на три локации – магичниот Галичник, урбаното Скопје, Македонија и идиличната Грција – видеото ја раскажува визуелната приказна за „Бумеранг“ внесувајќи уникатна енергија и емоција.
„Снимањето на видеото беше вистинско патување. Галичник со својата традиција и магична атмосфера, Скопје со неговата динамика, како и Грција со нејзината безвременска убавина – сето тоа внесе посебен печат на приказната што ја раскажува ‘Бумеранг’. Се чувствувам благодарна што имав можност да работам со неверојатен тим на професионалци, како Дарко Митев, Борис Ралев, Сергеј Сарчевски и Душан Цимбањевиќ. Нивната посветеност и креативност помогнаа да создадеме нешто уникатно, нешто што ќе го допре срцето на секој што ќе го види и слушне,“ додаде Викторија.
Зад видеото стои тим од искусни професионалци: Дарко Митев како режисер, Борис Ралев како директор на фотографија, Сергеј Сарчевски како колорист и Душан Цимбањевиќ како гафер. Нивната креативност и посветеност резултираа со видео што совршено ја доловува емотивната суштина на песната.
„Бумеранг“ не е само песна – тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо токму кога ни се најпотребни. Со оваа песна сакам да ја испратам 2024 година со благодарност и да ја пречекам 2025 година со надеж и радост. Верувам дека ова ќе биде химна за нови почетоци и позитивна енергија за сите нас“, истакна Лоба.
Забава
Ријана се прошета на црвениот тепих во Лондон истакнувајќи се во сино крзнено фустанче
Пејачката Ријана беше главна ѕвезда на модните награди во Лондон, каде што воодушеви со интересна модна комбинација, која го истакна нејзиното деколте.
Таа се појави во фустан од вештачко крзно во светлосина боја, украсен со црн корсет, а впечатокот дополнително го зголеми со кожени ракавици до лакотот и голема светлосина крзнена капа.
Таа беше придружувана од својот партнер, музичарот АСАП Роки, кој носеше темносин „оверсајз“-костум со бела кошула и црвена вратоврска.
Забава
Се сеќавате на момчето од чоколадо киндер: можеби ќе ве изненади како изгледа сега
Препознатливото лице на насмеано момче го красеше чоколадното пакување киндер од 2004 до 2019 година, а многумина се прашуваа кое е всушност момчето. Извесен период имаше шпекулации дека станува збор за англискиот модел Џош Бејтсон, но манекенот Матео Фарнети од Болоња ја разреши мистеријата кога беше објавено интервју со него во италијанскиот медиум „Кориере дела сера“.
View this post on Instagram
„Јас сум детето од амбалажата на популарната детска чоколада!“, изјави 31-годишниот модел Матео откривајќи дека тој бил лицето на пакувањето во тој период.
Неговото тврдење го потврди и „Фереро“, а Матео објасни дека со години морал да ја крие вистината поради договорот со Фереро.
View this post on Instagram
„Поради договорот со ‘Фереро’ не можев да давам интервјуа“, објасни тој и додаде дека решил да стави крај на шпекулациите бидејќи со текот на годините се појавувале разни модели кои тврделе дека тие се заштитно лице на амбалажата.
„Решив да ставам крај. Не е пријатно кога гледаш како другите ја покажуваат твојата фотографија и тврдат дека тоа се тие“, објасни тој. Сепак, тој откри дека со задоволство се сеќава на своето време како заштитно лице на чоколадото.
View this post on Instagram
„На училиште, на ручек, моите пријатели извадија чоколадо и ме прашаа: ‘Мати, тоа ти ли си’“?, се присетува Матео, кој денес работи како модел и студира спортски менаџмент, а неговите објави го привлекуваат вниманието на женските следбеници.