Контакт

Забава

Кралското семејство ѝ посака среќен роденден на Меган

Објавено пред

Кралското семејство ѝ го честиташе роденденот на војвотката од Сасекс на социјалните мрежи, споделувајќи нејзини фотографии по овој повод.

dobivaj vesti na viber

Фотографии од нејзината посета во Обединетото Кралство за прославата на платинскиот јубилеј на кралицата беа објавени на официјалните твитер-профили на принцот од Велс и војводата и војвотката од Кембриџ.

 

Меган во четвртокот го прослави 41. роденден и најверојатно го одбележи големиот ден приватно со својот сопруг принцот Хари  и нивните деца Арчи и Лилибет во Калифорнија каде што живеат.

Официјалниот твитер-профил на Вилијам и Кејт објави фотографија од војвотката која присуствуваше на церемонија во катедралата „Свети Павле“ во јуни, што го одбележа 70-годишното владеење на кралицата.

Меган и Хари започнаа нов живот во славната енклава Монтесито во Калифорнија, купувајќи куќа од повеќе милиони фунти и основајќи непрофитна фондација, откако се повлекоа како членови на кралското семејство во потрага по финансиска слобода.

Забава

Дуетот Бритни-Сер Елтон најверојатно ќе биде една од најдобрите музички соработки

Објавено пред

Иако сè уште во најава, дуетот Бритни Спирс и Елтон Џон се очекува да биде голем хит, пишуваат западни медиуми и додаваат дека со сигурност ќе се најде на листата најуспешни музички соработки на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Откако се појавија гласини за „песна на летото“ која доаѓа наскоро, Бритни  и Сер Елтон конечно го потврдија нивниот заеднички сингл.

Hold Me Closer ќе биде нова изведба на култниот хит на Сер Елтон од 1971 година Tiny Dancer, а исто така, ќе го одбележи првото издание на Спирс од 2016 година и прво по укинувањето на 13-годишниот т.н. конзерваторски надзор.

Инсајдер близок со парот изјави за „Пејџ сикс“: „Ова беше идеја на Елтон, а Бритни е негов голем фан. Тие снимија ремикс на Tiny Dancer како целосен дует – и тоа е неверојатно.“

„Двајцата работеа на своето ‘супертајно снимање’ во студио во Беверли Хилс. Врвниот продуцент Ендрју Ват го надгледуваше снимањето“, додаде изворот.

Ако еден голема музичка нумера стане хит, тогаш замислете две или повеќе заедно. Од љубовни балади до рок химни, неколку музичари соработуваа, но само неколку го дадоа тонот и хемијата за совршен хит, пишува „Старс инсјадер“, набројувајќи повеќе успешни музички соработки од минатото.

Мало потсетување на оригиналната песна на Сер Елтон Џон од 1971 година:

Прикажи повеќе...

Забава

Новиот „Топ ган“ го зазеде местото на „Титаник“ на листата најуспешни филмови на сите времиња

Објавено пред

Блокбастерот на Том Круз, „Топ ган: Маверик“, ги руши сите рекорди, а сега му одзеде важна титула на еден од најпопуларните филмови на сите времиња, „Титаник“.

dobivaj vesti na viber

Продолжението на популарниот филм од 1986 година, предводено од Том Круз, излезе во мај годинава.

Покрај тоа што беше прогласен за најуспешен филм за 2022 година и најуспешен филм во кариерата на Круз, новиот „Топ ган“ заработи 662 милиони долари во Северна Америка, претркувајќи го „Титаник“ со заработка од 659 милиони долари, пренесува „Вараети“.

Со вкупна заработка од киноблагајните од премиерното прикажување до минатиот викенд, новиот „Топ ган“ го зазеде седмото место на листата филмови со најголема заработка на домашните киноблагајни на сите времиња, одземајќи му ја престижната титула на „Титаник“.

Долгоочекуваното продолжение на филмот доби пофалби од критичарите и покрај забелешките дека не е во допир со реалноста: „Топ Ган: Маверик е сè што критичарите велат дека е – забавен, возбудлив, ода што ја слави индивидуалната храброст, и неколку сцени се навистина прекрасни. Но, и покрај тврдењта за реализам (атерите летаат во вистински авиони) филмот дава прилично нереалистична слика,“ пишува slate.com.

Иако новиот блокбастер незапирливо се искачува на американските топ-листи, трката сè уште не е завршена. Имено, на глобално ниво, „Топ ган: Маверик“ досега има заработено 1.3 милијарда долари, додека вкупната заработка на „Титаник“ во светски рамки е 2.2 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Забава

Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за една работа

Објавено пред

Најбогатиот човек на светот откри дека има таен профил на Инстаграм, а го отворил само поради сексуалната жед.

dobivaj vesti na viber

Основачот на „Тесла“ Илон Маск беше гостин во поткастот на популарните јутјубери Нелк бојс, а во интервјуто ги откри своите сознанија за вонземјаните, го предизвика Путин на УФЦ борба и ја предвиде третата светска војна.

Меѓу другото, тој се осврна и на темата социјални мрежи, вклучувајќи ја актуелната сага со „Твитер“ и проблемот со слободата на говорот на социјалните мрежи.

Маск, кој неодамна се најде во центарот на брачна афера, откри дека има таен профил на Инстаграм кој служи како „стапица за жед“, алудирајќи на објавување или пребарување содржини со сексуално привлечни конотации.

Станува збор за терминот „замка за жед“, кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменета за сексуално привлекување на корисници. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација. Замката се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која ја мами реакција на другата, заинтересирана страна. Откако епрвпат ќе реагира, личноста паѓа во стапицата и ја признава својата „жед“, односно својата потреба за вас.

Маск призна дека го отворил профилот за да може да кликне на различни линкови, но искуството не му се допаднало.

„Направив многу селфиња и различни с*ања и си реков: ‘Што е ова, човече? Зошто го правам ова?’. Се работеше за тоа како да добијам повеќе лајкови“, призна милијардерот.

Поткаст-епизодата со Маск беше објавена на „Јутјуб“ на 5 август и собра речиси седум и пол милиони прегледи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Гори борова и дабова шума во охридско

Се уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори...

Свет22 минути

Кина најави нулта толеранција за „сепаратистичките активности“ во Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет54 минути

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет58 минути

Јенс Столтенберг: Србија долги години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, велејќи дека партнерството...

Свет1 час

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 бродови од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет1 час

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет14 часа

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет15 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија16 часа

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија19 часа

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија22 часа

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија22 часа

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион24 часа

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет1 ден

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет1 ден

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од...

Свет1 ден

Агенти на ФБИ со претрес на имотот на Трамп: Мојот прекрасен дом моментно е под опсада

ФБИ извршило налог за претрес во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за...

Регион1 ден

Пожар на најпознатата плажа во Хрватска

На најпознатата плажа во Хрватска, Зрче, на островот Паг, синоќа избувнал голем пожар. Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот...

Македонија2 дена

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во...

Македонија2 дена

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до...