Контакт

Забава

Лавица убила лав во зоолошка градина во САД

Објавено пред

Дванаесетгодишната лавица Зури го задавила својот партнер Нјак во нивниот простор во зоолошката градина во Индијанаполис, пренесе Би-би-си. Со десетгодишниот лав Зури живеела осум години, а во 2015 година добиле три младенчиња.

„Нјак беше величествен лав и на сите ќе ни недостига“, навела управата на зоолошката градина додавајќи дека е спроведена темелна истрага за тоа што го предизвикало судирот.

Персоналот рекол дека ги испаничило ненадејно и невообичаено рикање кое доаѓало од просторот за лавови. Кога дошле, ја виделе Зури како со вилицата го држи за вратот својот партнер, но и покрај напорите да ги разделат, нејзината вилица не пуштала сè додека Нјак не престанал да дава отпор.

Од зоолошката градина велат дека меѓу лавот и лавицата досега немало агресивно однесување, но во природата се забележани слични напади.

Забава

Емили Ратајковски ги избричи влакната под пазувите

Објавено пред

Манекенката и актерка Емили Ратајковски (27) често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи и може да се пофали со нејзината вита линија.

Особено се актуелни нејзините фотографии во мини бикини, кои повеќе откриваат отколку што покриваат.

Овој пат позира во жолто бикини со бели точки. Фановите беа особено одушевени од еден детаљ. Емили неодамна позира со неизбричени пазуви, а сега нејзините следбеници на социјалните мрежи забележаа дека, конечно, се ослободила од вишокот влакна.

Прикажи повеќе...

Забава

Енди Мекдауел изгледа уморно на новите фотографии

Објавено пред

Убавата Енди Мекдауел прошета на улиците во Њујорк, а нејзините обожаватели од целиот свет забележаа дека славната актерка на фотографиите изгледа уморно и безволно.

Само два дена пред оваа фотографија во Њујорк, Енди беше снимена во Лос Анџелес, каде што блескаше на премиерата на филмот Ready or Not.

Во Лос Анџелес таа носеше деколтиран фустан и беше насмеана, но во Њујорк, во црн фустан, покажа сè, освен изгледот на среќна жена.

Познатата убавица е амбасадорка на козметичката компанија „Лореал Париз“, а некои од нејзините најпознати филмови се „Четири свадби и погреб“, „Ден на мракот“, „Секс, лаги и видеоленти“, „Зелена карта“, „Хадсон Хок“.

Енди многу често зборуваше пред медиумите за својот изглед пропагирајќи ја природната убавина.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ким Кардашјан призна дека е позната благодарение на Парис

Објавено пред

Пред да стане позната Ким Кардашјан (38) учествувала во реалното шоу на богатата наследничка, нејзината врсничка Парис Хилтон, а често правела и некои понижувачки работи за да стекне слава.

Токму тоа Ким го призна во промовидеото за 17. сезона на реалното шоу Keeping Up with the Kardashians. Во исечокот од видеото може да се види нејзиниот разговор со сестра ѝ Клои Кардашјан за снимање на спотот за новата песна на Парис, Best Friend’s Ass.

„Чувствувам дека ѝ должам услуга. За неа би направила сè. Таа буквално ми даде кариера и јас го признавам тоа. Се обидувам да направам сè пред ‘Мет гала’ и пред да се роди бебето, но би оставила сè заради неа затоа што ми е важно да бидам лојална на луѓето“, рече Ким на коментарот на сестра си Клои дека е убаво што решила да учествува во спотот на Парис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија17 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија19 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија20 часа

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија20 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет21 час

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија21 час

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион21 час

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет22 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет23 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија1 ден

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија1 ден

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа2 дена

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ2 дена

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 дена

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 дена

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија2 дена

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија2 дена

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет2 дена

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 дена

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие