Бизарно
Лавови убиле човек кој ја прескокнал оградата на Зоолошка градина

Во главниот град на Гана, Акра, лавови убиле човек кој прескокнал преку ограда во зоолошка градина.
Мажот бил забележан во заграден простор во кој имало лав, лавица и две младенчиња, неколку моменти пред лавовите да го нападнат и убијат, јавува „Би-Би-Си“.
Полицијата го истражува мотивот на човекот, а според локалната веб-страница Majjojonline, мажот наводно се обидувал да украде младенче лав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
(Видео) Работник во позната пиварница во Кина е снимен како уринира врз суровини, отворена е истрага

Еден од најголемите кинески производители на пиво објави дека менаџментот отворил истрага откако оваа недела се појави видео на вработен во фабриката како уринира врз суровини.
На видеото објавено на интернет во четвртокот наводно се гледа работник во складиштето на пиварницата Цингтао додека се качува на контејнер со високи странични ѕидови и уринира во неговата содржина.
Клипот кружеше на кинеските социјални мрежи и собра десетици милиони прегледи на популарната платформа Веибо.
Компанијата Цингтао вчера соопшти дека контактирале со полицијата за инцидентот и дека истрагата е во тек. „Нашата компанија му придава големо значење на видеото кое излезе од пиварницата Цингтао бр.19 на 19 октомври“, се вели во соопштението на производителот на пиво.
„Го пријавивме инцидентот во полиција штом можевме, а во истрагата беа вклучени и органите за јавна безбедност“, се додава.
„Во моментов, предметната серија слад е целосно запечатена. Компанијата продолжува да го следи процесот на управување во обид да го обезбеди квалитетот на производот.
Многу корисници на социјалните мрежи луто реагираа на видеото и изразија поддршка за еден од најпознатите кинески брендови за пијалоци.
„Предлагам компанијата да го одведе овој човек на суд и да го натера да плати отштета за штетата“, напишал еден корисник на Веибо, а некои ја искористиле можноста да се потсмеваат на познатиот пијалок.
„Отсекогаш сум велел дека пивото овде е како коњска мочка. Излезе дека згрешив“, коментирал еден од нив, додека друг напишал: „Фала, мислам дека отсега ќе пијам вино наместо пиво“.
Цингтао е втората по големина кинеска пиварница и добро стои на берзата во Хонг Конг, а бројните барови низ Источна Азија обично ги полнат своите фрижидери со овој вид пиво.
Во последниве години, компанијата се обидува да се прилагоди на вкусовите на помладите кинески потрошувачи преку промени во производството на крафт пиво и други производи.
Бизарно
Во амазонско племе живеат 3000 жени и само 7 мажи: Служат за размножување, од жените бегаат на дрвја

Примитивно племе во прашумите на Амазон стана вирално откако видео од нив беше објавено на ТикТок. Имено, во тоа племе живеат 3.000 жени и само седум мажи. Мажите таму мора да живеат на дрвјата за да се одбранат од жените.
Тоа е типично племе каде владее матријархатот. Жените имаат контрола над сè, вклучувајќи ги и мажите. Концептот на брак таму не постои, а жените во интервали ги менуваат неколкуте мажи за да „дојдат ред“, се објаснува во видеото од ТикТок.
Единствената задача на преостанатите мажи во племето е репродукцијата. Бидејќи се толку малку, поштедени се од сите други работи.
Жените ги хранат со бели црви за да им го зајакнат телото и да ги одржуваат активни.
Меѓу седумте мажи во племето има еден старец и едно 13-годишно момче, а останатите се само деца. Затоа, репродукцијата е многу тешка.
Инаку, мажите со голем задник и стомак се особено ценети и се верува дека имаат подобри гени и можат поефикасно да се размножуваат.
Децата во племето им припаѓаат на жените, а не на мажите, кои жените ги третираат како деца.
Жените врзуваат лента околу рацете на мажите за да ја покажат секојдневната сопственост и да ја симболизираат љубовта. Лентата значи дека жената тој ден поседува одреден маж.
Бизарно
Филмска кражба во Париз: Крадци украле камион од модната куќа „Балмен“, однеле десетици парчиња облека

Француската модна куќа „Балмен“ остана без десетици парчиња облека што требаше да бидат претставени на ревијата во Париз подоцна овој месец, откако крадци украдоа камион што ја превезуваше облеката, изјави креативниот директор на модната куќа Оливие Рустон.
Тој на Инстаграм напиша дека крадците зеле возило кое превезувало околу 50 предмети од новата колекција на „Балмен“ меѓу парискиот аеродром и седиштето на модната куќа во Париз, наведувајќи дека возачот на камионот е безбеден.
Својата колекција пролет-лето за следната година „Balmen“ треба да ја претстави на 27 септември за време на модната недела во Париз, каде ќе учествуваат и модните куќи Луј Витон, Диор, Шанел и Херме.