Контакт

Бизарно

Лондонска медицинска сестра осудена на 14 години зашто принудувала жени од Нигерија на проституција и вуду-ритуали

Објавено пред

Лондонската медицинска сестра Жозефин Лајму (51) е осудена на 14 години затвор во Бирмингем.

Таа е осудена затоа што сакала да принуди пет Нигеријки да работат како проститутки во Германија, откако ги завела со вуду-ритуали.

„Вие сте покажале целосен презир кон благосостојбата на овие жени. Не сте ги сметале за човечки суштества, туку за стока што ќе ви донесе многу пари“, ѝ рекол судијата Ричард Бонд на Лајму, позната и како Мадам Сандра.

И покрај скромниот приход на медицинска сестра, таа често патувала во странство и имала голема куќа во Бенин, каде што имала ангажирано и персонал, објави хрватски „Индекс“.

Жртвите биле подложени на вуду-ритуали со цел Мадам Сандра да ја зголеми својата моќ и доминација над нив, а за тоа тие биле принудени да јадат пилешко срце и да пијат крв со црви.

Поради ваквите ритуали жените стравувале дека нешто лошо ќе им се случи на нив или на нивните семејства доколку не ги исполнат своите обврски кон Жозефин или, пак, се обидат да побегнат, пренесува хрватскиот портал.

Бизарно

Брат и сестра не плаќале даноци зашто тоа било против божјата волја, должат над 2 милиона долари

Објавено пред

Брат и сестра во Австралија, кои одбиле да плаќаат даноци со објаснување дека тоа е против божјата волја, ќе мора со одлука на судот да платат повеќе од 2,3 милиона австралиски долари.

Фани Алида Бирепут и нејзиниот брат Рембертус Корнелис Бирепут од 2011 година одбиваат да плаќаат даноци тврдејќи дека тој чин би претставувал бунт против бога.

Христијанските мисионери неделава биле изнесени пред Врховниот суд во Тасманија поради даночен долг од над 930.000 австралиски долари и други насобрани долгови.

Судот им рекол дека во Библијата не пишува: „Да не се плати данокот“ поради што ќе мора да го платат долгот кон државата.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Најопасната авионска писта е на популарен грчки остров

Објавено пред

Авионот „ембаер Е190“ на „Бритиш ервејз“ беше снимен на аеродромот на Скијатос во Грција додека се приближуваше кон пистата на копното, пишува „Индепендент“.

Аеродромот на Скијатос е популарна туристичка атракција, а куп туристи чекаат на патот покрај пистата за да доживеат необична авантура.

Видеото ги прикажува туристите кои мораа да се наведнат кога авионот слетуваше поради што се претпоставува дека ова е најниското слетување досега на овој аеродром.

Исто така постои и предупредување во кое се вели да не се приближуваат кон пистата и сите што одат на овој популарен остров не ја пропуштаат можноста да направат опасно, но во исто време возбудливо селфи со авион.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Со падобран полета од катедралата во Загреб

Објавено пред

Британскиот бејз-џампер (скокач од згради) објави видео на јутјуб-каналот „Бејз викли“ на 29 јуни. Во описот на видеото тој само споменува дека станува збор за „европска катедрала”, но од снимката е јасно дека се наоѓа во Загреб.

Во видеото се гледа дека тој бил во акција во ноќните часови за да не го забележи некој. Тој се качил на кулата на катедралата која се обновува и скокнал и во еден момент го отворил падобранот. Откако слетал пред катедралата, тој побегнал.

На почетокот на видеото, тој изјавува дека неговата цел е да направи интересен скок секоја недела.

Качувањето во катедралата е строго забрането.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија5 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион7 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија9 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија9 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија12 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет13 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет14 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија14 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет15 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет1 ден

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет1 ден

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија2 дена

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија2 дена

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија2 дена

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион2 дена

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија2 дена

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие