Бизарно
Маж осуден на затвор затоа што ризикувал живот на бебе поради „лајкови“ на Фејсбук

Судот во Алжир осуди маж на две години затвор затоа што загрозил живот на бебе кое го држел низ отворен прозорец од 15. кат на зграда за да добие „лајкови“ на Фејсбук.
Осуденикот ја објавил фотографијата на оваа социјална мрежа и напишал: „1.000 лајкови или ќе го испуштам“.
Поради ваквиот потег, многу корисници на Фејсбук побарале негово апсење.
Полицијата соопштила дека тој е уапсен во неделата поради загрозување на безбедноста на детето.
Осуденикот кој бил во роднинска врска со бебето негирал дека го ризикувал животот на детето, наведувајќи дека фотографијата ја измениле со Фотошоп корисници на социјалните мрежи, пренесува алжирската телевизија Енахар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
Го тужат синот затоа што сè уште немаат внук, бараат отштета од 650.000 долари

Брачен пар од Индија решил да го тужи синот, кој сè уште не планирал да има бебе по шест години брак, а бара отштета бидејќи целата своја заштеда ја потрошиле на синот и на својот брак.
Тие бараат нивниот син и неговата сопруга или да им дадат внук во рок од една година или да им дадат речиси 650.000 долари.
Сањев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за да го подигнат и едуцираат синот пилот и да организираат раскошна свадба. Сега сакаат сето тоа да си го наплатат.
„Мојот син е во брак шест години, но сè уште не планира бебе“, навеле родителите во поднесокот до судот во Харидвар, каде што уште стои: „ Да имавме внук со кој би можеле да поминуваме време, нашата болка би била поднослива“.
Надоместокот што тие го бараат ги вклучува трошоците за свадбен дочек во хотел со пет ѕвезди, луксузен автомобил вреден 80.000 долари и плаќање меден месец за младенците во странство. Родителите издвоиле и 65.000 долари за нивниот син да се обучи за пилот во САД, па се вратил во Индија – невработен.
„Моравме да земеме кредит за да си ја изградиме куќата и сега поминуваме низ многу финансиски тешкотии. А психички сме доста во неволја, живееме сами“, велат родителите.
Индија, инаку, има силен традиционален семеен систем, кој вклучува соживот на неколку генерации, кои често живеат во исто домаќинство.
Сепак, во последните години трендот се промени, така што младите парови претпочитаат да ги напуштат родителите или браќата и сестрите, а жените – како во овој случај – одлучуваат да работат наместо да се фокусираат на раѓање деца и останување дома.
Бизарно
Уличен уметник ги црта најлошите портрети на минувачи за само три долари

Уличен уметник во Њујорк, се одлучи на необичен потег. Тој црта „најлоши портрети“ кои чинат само 3 долари, а своите дела ги објавува на својот Инстаграм профил со наслов „многу лоши портрети“ (really_bad_portraits). И, се разбира, тој е многу популарен, а луѓето едноставно полудеа по неговата работа.
Порталот „My Modern Met“ пишува дека сè започнало во септември 2020 година, кога уметникот седнал покрај фонтаната во паркот Вашингтон со натпис „Навистина лоши портрети за само 3 долари (по лице)“. На неговиот канал на Јутјуб може да се најде и видео, направено пред две години, на кое се гледа како изгледа неговата рутина со цртање. Рики Браун со маркер црта портрети на заинтересирани минувачи, кои потоа ги фотографира со портретот во раце.
За неколку години Браун стана доста популарен. Така, сега може да се најде секоја недела во Големиот пазар во Њујорк, а луѓето доаѓаат да им направи портрет. На својот Инстаграм профил, Браун ги поканува своите следбеници: „Најдете ме во Њујорк – тие се ужасни, ветувам!“
Бизарно
Алжирец добил 250.000 евра на лото во Белгија, но не може да ги подигне зашто нема документи

Алжирец кој добил на лото 250.000 евра во Белгија, не може да ги земе парите бидејќи нема документи. Тој се обидува да го докаже својот идентитет за да си ја подигне добивката.
Според „Еуро њуз“, 28-годишникот купил грепка од пет евра во супермарк пред неколку недели и не бил во можност да ја подигне својата добивка.
Александер Верстраете, алжирски адвокат, изјави за АФП дека неговиот клиент работи на докажување на својот идентитет пред белгиските власти.
„ Мојот клиент е во незаконска ситуација, нема документи и нема жиро сметка. Ги бараме оние документи кои можат да го докажат неговиот идентитет, тој ќе мора да контактира со семејството во Алжир“, рече адвокатот.
Јавното обвинителство во Бриж отвори истрага за пронаоѓање на среќниот добитник.
Адвокатот вели дека човекот нема намера да поднесе барање за азил во Белгија и дека добил гаранција дека нема да биде депортиран додека не ја добие својата лотарија.