Контакт

Бизарно

Мајмуни во Индија каменуваa човек, кој почина во болница

Објавено пред

Човек почина во Индија кога група мајмуни го каменуваа. Станува збор за 72-годишниот Дархампал Синг, кој собирал парчиња дрва од земјата.

Во тој момент група мајмуни качени на дрво почнале да фрлаат тули од блиската зграда, вели „Скај њуз“ осврнувајќи се на „Тајмс“ од Индија.

Човекот што го каменуваа мајмуни почина во болница од повреди на главата и градниот кош. Како што известува „Скај њуз“, жителите на Тикри во индискиот Утар Прадеш и порано се жалеле на агресивни мајмуни кои се заштитен вид во овие области.

Семејството на починатиот 72-годишник го пријави целиот случај на полицијата, а неговиот брат кажа дека мајмуните фрлиле повеќе од 20 тули врз Дархампал.

Бидејќи тулите биле фрлени од високо дрво, ударите биле смртоносни.

Но, во полицијата, каде што е пријавен случајот, имаат проблем како да поведат случај против мајмун.

Бизарно

Во пратка со кафе адресирана до филмски лик италијанската полиција пронашла кокаин

Објавено пред

Италијанската полиција пронајде 130 грама кокаин скриен во повеќе од 500 зрна кафе во пакет испратен од Колумбија.

Полицијата на аеродромот „Малпенса“ во Милано соопшти дека го открила кокаинот кога на тој аеродром пристигнал сомнителен пакет адресиран до Сантинo Дантониo, а тоа е името на мафијашкиот бос од вториот дел од филмот „Џон Вик“, јави Би-би-си.

Полицијата дозволила пратката да стигне до својата крајна дестинација – Фиренца, а потоа бил уапсен 50-годишен маж, кој дошол да го собере пакетот.

Прикажи повеќе...

Бизарно

„Фолксваген“ се извини поради расистичка реклама за новиот „голф“

Објавено пред

Управниот одбор на „Фолксваген“ денеска се извини за расистичката реклама објавена на инстаграм-профилот на компанијата, која се однесува на новиот модел „голф 8“.

Од компанијата велат дека контроверзното видео било објавено поради недостиг на сензибилитет за културната различност, а не поради расистички намери.

„Можеме да кажеме дека расистичките намери немаат никаква улога во објавувањето на ова видео. Откривме недостиг на сензибилитет и процедурални грешки“, рече Хилтруд Вернер, член на Управниот одбор на „Фолксваген“, надлежен за правни работи.

„Исто така, во име на одборот, сакам официјално да се извинам до луѓето кои се повредени поради недостигот на меѓукултурна чувствителност во овој случај“, додаде Вернер.

На видеото се гледа црнец кој стои покрај новиот модел на „голф“ и поместуван од џиновска бeла рака која во еден момент го турка во влез на зграда со натпис „Петит Колон“.

„Петит Колон“ е вистинско кафуле во Буенос Аирес, сместено во близина на театарот „Театро Колон“. На француски јазик, тоа значи „мал доселеник“ што има колонијални конотации.

„Фолксваген“ и претходно имаше слични гафови.

Во март минатата година, надзорниот одбор го осуди потегот на тогашниот извршен директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, кој рече дека „EBIT (профитот пред камата и даноци) macht frei“.

„Arbeit macht frei“ (Работата ослободува) е натпис кој стоел над вратата на концентрацискиот логор Аушвиц.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Холивудски ѕвезди кои се откажале од своите деца

Објавено пред

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс ја шокираше јавноста кога објави дека цели дваесет години не разговара со својата ќерка Абигејл ниту пак знае дали има внуци.

Тој не е единствена личност во светот на познатите која има семејни проблеми.

Од своите деца се откажа и Том Џонс, како и актерот Лоренс Фишбурн.

Синот на Том Џонс, Џонатан Беркериј, денес живее како бездомник, а неговиот татко никогаш не пројавил желба да го види.

„Не ги сакам неговите пари, туку сакам само да се запознаеме“, рече несреќното момче.

И легендарниот Лоренс Фишбурн се откажа од својата ќерка, бидејќи снимаше филм за возрасни пред цели десет години очекувајќи дека и таа ќе стане славна како својот татко. Меѓутоа, таа не ја дочека славата поради малата гледаност на филмот.

Заработката била само 60.000 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија40 минути

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет2 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија3 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет4 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија4 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет6 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет6 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет7 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет7 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет8 часа

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Топ17 часа

Малолетник од Ресен исчезна во Преспанското езеро

Во водите на Преспанското езеро вчера исчезнало 16-годишно момче од Ресен. Во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било...

Регион21 час

Преглед на состојбата во регионот: Албанија со нов рекорд на новозаразени, во Косово уште 13 починати

Преглед на состојбата со коронавирус во регионот во последното деноноќие. Нов рекорд на новозаболени во Албанија Откако Албанија вчера регистрираше...

Македонија21 час

Maлиот Ајан кој го победи карциномот заѕвони на ѕвонче пред да ја напушти Детската клиника

По долга битка со леукозата, малиот херој Ајан денеска ја напушти Детската клиника во Скопје. Придружен со аплауз од медицинскиот...

Македонија1 ден

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче. Tој апелира на почитување на...

Македонија1 ден

Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Помирување ни е потребно повеќе од било кога

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден остана симбол на неспорно изрзената волја за својата држава, заснована врз демократските...

Економија1 ден

Јавниот и државниот долг се зголемени за над 8 проценти во период од три месеци

Јавниот и државниот долг во второто тромесечје се зголемени за над 8 проценти. Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот...

Македонија1 ден

(Видео) Mицкоски го честита Илинден и се извини за грешките на ВМРО-ДПМНЕ од минатото

Со зборовите од Крушевскиот манифест: „Ура! За ‘Афтономна Македонија’!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшкото село Ташмаруништа на граѓаните им го...

Досие