Контакт

Забава

Младите Максим Цониќ и Ева Јакимовска македонски претставници на проектот „Фудбал за пријателство“ во Москва

Објавено пред

Деца од 211 земји и региони од целиот свет ќе пристигнат во Москва на 8 јуни (петок) како дел од 6. сезона на меѓународниот општествено-одговорен проект наменет за деца – „Фудбал за пријателство“.

За прв пат реализиран во 2013 година од страна на компанијата „Газпром“, водечки партнер на ФИФА, УЕФА и Светското првенство во фудбал Русија 2018, овој проект кој промовира мир, пријателство, еднаквост и здрав начин на живот, годинава во Москва ќе обедини рекорден број претставници од целиот свет и околу илјада деца.

Покрај официјалната поддршка од страна на ФИФА, УЕФА, Меѓународниот Олимписки Комитет и Обединетите Нации, голем број светски асови, тренери, ТВ ѕвезди, уметници и фудбалски легенди, како Франц Бекенбауер, Дидије Дрогба, Марк Ван Бастен, Мишел Салгадо, Дирк Кајт, Виктор Баија, Бранислав Ивановиќ и Јуриј Лодигин, лично придонесоа за глобалната популарност на проектот „Фудбал за пријателство“.

Претставници од Македонија годинава ќе бидат дванаесетгодишните млади амбасадори – Максим Цониќ, фудбалер од подмладокот на ФК „Вардар“ и Ева Јакимовска, млада новинарка која ќе известува за настаните кои ќе се случуваат во Русија.

„Се радуваме на можноста да патуваме во Русија, да запознаеме и да другаруваме со голем број на деца од целиот свет како дел од интересните активности кои ни претстојат во рамки на програмата ‘Фудбал за пријателствo’ во Москва“, изјавија Ева и Максим, најавувајќи го нивното патување во Русија.

Завршната манифестација на годинешната програма, која ќе се одржи пред самиот почеток на Светското Првенство, ќе ги обедини во Москва децата и останатите учесници кои ќе бидат дел од предвидените активности: меѓународен турнир во мешани детски тимови на Пријателството, Меѓународен детски прес-центар од кој ќе известуваат младите новинари, школа за деветте клучни вредности на проектот и меѓународен форум “Фудбал за пријателство“.

Воедно, последната вечер од престојот во Русија, сите деца и возрасни кои се официјални учесници во проектот ќе присуствуваат на церемонијата по повод отварањето на Светското првенство и првиот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија.

Покрај основните цели на проектот – развој на младинскиот фудбал, промовирање на толеранцијата и почитувањето на различните култури и националности помеѓу деца од различни земји, оваа година е покрената и засебна глобална Еколошка иницијатива – со цел да се заштитат ретките животински видови како амурскиот тигар, црвената панда, балтичката фока, големиот смоквин папагал и лемурот со црвено крзно.

Како најава на почетокот на финалните активности за оваа сезона на проектот, во Центарот на Фудбалската Федерација на Русија официјално беше претставен и Купот на деветте вредности – единствен трофеј во спортот кој со гласање го доделуваат деца од целиот свет. Овој трофеј ги слави основните вредности на „Фудбал за пријателство“ – еднаквост, пријателство, фер игра, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

Претставен во присуство на Потпретседателот на Фудбалската Федерација на Русија, Никита Симонјан и останатите високи функционери на Федерацијата и Светското Првенство, овој неверојатен трофеј – дело на славниот германски вајар Ахима Рипингер – ќе биде доделен на една од 32. репрезентации за која ќе гласаат децата учесници во проектот „Фудбал за пријателство“. Трофејот ќе биде изложен во Музејот на Фудбалот на Руската Федерација од почетокот на јуни, а тимот на кој ќе му биде доделен ќе биде прогласен на завршната церемонија во рамки на Меѓународниот Детски Форум, кој ќе се одржи на 13 јуни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...