Забава
Наоми Кембел потврди дека имала деца користејќи сурогат-мајка: „Имам голем страв од иднината“

Наоми Кембел неодамна се отвори за нејзината борба за мајчинство и шпекулациите дека децата ги добила со сурогат-мајка.
Иако тоа е тема за која со години избегнуваше да зборува, сега гордо зборуваше за родителството и одлуката да биде самохрана мајка.
Педесет и четиригодишната манекенка минатата година роди син, а во 2021 година ќерка, а сега за „Тајмс“ потврди дека децата ги родила со помош на сурогат-мајка.
„Моите деца ми се сè. Тоа ме натера да се плашам за иднината. Се надевам на подобар свет за моите деца. Тие се 110 % мојот приоритет. Морам да бидам тука за нив на нивниот прв ден на училиште“, посочи таа.
Поранешниот супермодел истакна и дека ѝ е тешко кога слуша дека сè помалку млади девојки се одлучуваат да имаат деца поради нивната тешка финансиска состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кога станува збор за беспрекорно и елегантно облекување, актерката Ева Лонгорија е предводник!

Омилената џебна Венера, како што многумина ја нарекуваат познатата Ева Лонгорија, неодамна присуствуваше на гала вечерта „Global Gift“ во Марбеља.
Според странските медиуми, станува збор за хуманитарна организација која собира средства за ранливи семејства.
За оваа пригода, актерката одлучи да облече вистински летен фустан кој зрачи со чиста елеганција, а е украсен со прав крој и лесен материјал. Покрај тоа, во горниот дел од креацијата имаше забележлив детаљ кој само малку открива дел од телото.
Својот стајлинг го комплетираше со брановидна фризура, но и шминка во бронзени тонови што ги истакна нејзините природни црти на лицето. Кога станува збор за беспрекорно и елегантно облекување, луѓето веднаш помислуваат на Ева.
Фото: принтскрин
Забава
(Видео) Фатална русокоса не познава граници: трчаше топлес на плажа

Хајди Клум уште еднаш покажа дека сексапилот и самодовербата не познаваат години.
Поранешната германска манекенка Хајди Клум веќе долго време ужива во шармот на летото.
Нејзиното жешко видео неодамна го разбранува интернетот, а сега таа не се двоумеше да го покаже своето топлес издание.
Водена од своето претходно искуство, таа повторно објави видео на Инстаграм кое брзо собра голем број лајкови и позитивни коментари.
Германската убавица храбро одеше низ водата, а нејзините голи гради привлекуваа внимание.
Фото: принтскрин
Забава
(Фото) Жената-мачка заведува во ретро костим за капење: исончана и пожешка од кога било

Познатата актерка, позната и како жена-мачка, Хали Бери (58), моментално е на одмор во Калифорнија каде ја покажа својата зачудувачка фигура.
Секогаш кога се појавува, Хали е главна тема на сите портали, особено сега кога познатите личности се натпреваруваат кој ќе има најдобар костим за капење.
Овој пат, победата отиде кај Хали.
Таа позираше во едноделен костим за капење со малку ретро дизајн, потпишан од брендот Monday Swimwear. Нејзиниот модел е црн, но со бела линија која е на прерамките и на пределот на градите.
Жената-мачка го комбинираше својот ретро изглед подготвен за плажа со црна голема шапка и минималистичка огрлица.
Како и обично, Хали не носеше шминка, па дури и така, таа доби уште повеќе реакции на нејзиниот изглед.
Фото: принтскрин