Забава
Наоми Кембел ќе го донира својот скафандер на музеј
Наоми Кембел е подготвена да го донира својот познат заштитен костим на музеј.
49-годишната манекенка во март беше забележана на аеродромот во Лос Анџелес , во заштитна облека од глава до петици – скафандер, маска за лице, заштитни очила и ракавици од латекс – со што покажа дека не сака да ризикува за време на патувањата во услови на пандемија.
А сега Наоми откри дека била контактирана од музеј во врска со костимот, бидејќи тие би сакале да ја изложат нејзината иконска облека.
Супермоделот претходно изјави дека го облекла костимот со цел да се чувствува заштитено и удобно за време на нејзиниот лет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Гитарата на Џон Ленон продадена на аукција за рекордни 2,67 милиони евра
Гитарата на членот на „Битлси“ Џон Ленон е продадена на телефонска аукција во Њујорк за рекордни 2,67 милиони евра, што ја прави најскапиот инструмент на групата што некогаш бил продаден на аукција.
Претходната рекордна продажба беше поставена од акустичната гитара на Ленон, која беше продадена за 2,21 милиони евра на аукција во Калифорнија во 2015 година, објави Би-Би-Си.
Гитарата на Ленон, која беше изгубена повеќе од 50 години, беше продадена на телефонска аукција во кафулето „Хард Рок“ во Њујорк во средата.
Ленон свиреше на таа гитара со 12 жици за време на снимањето на албумот “Help!” од 1965 година, а пронајдена е на поткровје на куќа во Велика Британија кога сопствениците се подготвувале да се преселат, пренесува Ројтерс.
Забава
Принцезата Дијана ги прекрши сите кралски правила, а Кејт Мидлтон ги следи нејзините стапки
Познато е дека принцот Вилијам и принцезата Кејт се практични родители и дека се посветени на своите деца.
Со текот на годините кралската двојка откри делови од својот семеен живот зад затворени врати. На големо задоволство на кралските обожаватели идните крал и кралица дадоа сладок увид во своите методи на воспитување – од хобија и интереси на своите деца до вредностите што тие се обидуваат да ги всадат кај нив.
Принцезата Дијана ги прекрши сите правила со своите методи, а сега тоа го прави и Кејт
Еден од методите на родителство што Кејт го усвоила од својата покојна свекрва е толку невообичаен во ова семејство што дури е наречено златното правило на принцезата Дијана кога станува збор за воспитувањето на двата сина, Вилијам и Хари.
Принцезата од Велс има цел да ги држи своите деца цврсто на земјата и покрај нивните кралски привилегии. Дијана често ги носеше Вилијам и Хари со себе на хуманитарни ангажмани, па тие ја видоа реалноста на животот за помалку среќните луѓе. Таа исто така тогаш инсистирала браќата да напишат белешки за благодарност за да обезбедат добро однесување уште од детството.
Ова правило Кејт го применила и со своите три деца, од кои наводно се очекува да напишат белешка за благодарност секогаш кога ќе добијат подарок.
Во детските навики се вметнуваат манири на маса, благодарници, мали љубезности, изјавил извор за „Сан“.
Слично како што Дијана ги носеше Вилијам и Хари со себе на добротворни настани, и Кејт ги носеше своите деца за да помогне во некои од своите филантропски напори.
Неодамна, Џорџ, Шарлот и Луис ја придружуваа до Мејденхед – во близина на нивниот дом во Виндзор – каде што помогнаа да се спакуваат празнични кеси со подароци полни со играчки и други дреболии за непривилегираните деца што треба да ги добијат на Божиќ.
Кралскиот автор Ендрју Мортон, кој соработувал со Дијана на биографијата на нејзиниот живот, објаснил дека покојната принцеза сакала да ги научи своите синови за реалниот свет.
„Од рана возраст ги носеше младите членови на кралското семејство на своите приватни хуманитарни посети. Една од причините беше тоа што таа не сакаше момчињата да пораснат мислејќи дека целиот свет е 4×4 Range Rovers и дадилки“, објаснува таа.
Забава
Два хороскопски знака што ќе имаат најмногу среќа во јуни
Два хороскопски знаци во јуни ги очекува сосема нова енергија која ќе ги турка напред во секој аспект од животот.
Овен
Јуни ќе биде време за Овните кога нивните напори конечно ќе вродат со плод. Амбициозните проекти на кои работеа конечно ќе ги донесат очекуваните резултати. Ѕвездите им носат зголемена креативност и решителност, што ќе им овозможи да ги надминат пречките и да постигнат значителен напредок во бизнисот.
Следува работата што ја посакуваат цел живот, или огромно подобрување на постоечката.
Близнаци
Овој хороскопски знак ќе доживее огромни промени во текот на јуни. Ги чекаат многу можности кои ќе ги препознаат и никогаш нема да сакаат да ги пропуштат.
Сега е време Близнаците да блеснат на деловен план бидејќи нивната способност за комуникација ќе достигне совршенство. Може да очекуваат интересни проекти и соработки кои ќе им донесат професионално задоволство и напредок. Ова е време кога ќе се чувствувате особено инспирирани и мотивирани, што ќе резултира со значајни успеси.
Јуни е дефинитивно нивниот месец, а во тој период ќе привлечат разни додворувачи.