Забава
Најтешката жена на светот загуби 140 кгр

Египќанката Иман Ахмад Абдулати, којашто со своите повеќе од 500 килограми беше најтешката жена на светот, по пет седмици од третманот во Индија ослабела за 140 килограми, пренесува новинската агенција PTI, повикувајќи се на болницата каде што се лекува.
За трагичната судбина на 36-годишната Египќанка, жителка на градот Александрија, првпат извести во октомври минатата година телевизијата Al Arabiya. Според докторите таа патела од ткн „слоновска болест“ или елефантиазис и заменски жлезди. Жената доживеала мозочен удар и останала прикована за постелата.
Кон крајот на минатата година нејзиниот случај го привлече вниманието на лекарот од индискиот мегалополис Мумбаи, Муфазал Лакдавала, специјалист за баријатриска и лапароскопската хирургија, и понуди да ѝ помогне на жената. Иман беше донесена во Индија со специјален карго лет на 11-ти февруари.
Претходно беше објавено дека на 7-ми март Иман беше подложена на операција, со којашто обемот на нејзиниот желудник беше намален за 15 отсто од неговата претходна големина. Лекарите, исто така, отстраниле и голем дел од масното ткиво и на намалуваат нејзината потреба од храна.
„Моменталната тежина на Иман изнесува 358 килограми“, го цитира агенцијата соопштението на клиниката „Saifee Hospital“ во Мумбаи каде што е сместена пациентката.
Иман сега е ставена на специјален режим на исхрана: на секои два часа ја хранат преку специјална туба со протеински коктел со ниски вредности на соли, мешани со млеко од соја. Дневно на Египќанката ѝ се потребни 1.800 калории. Хранењето прек тубата е неопходно, поради тоа што по доживеаниот мозочен удар жената тешко голта./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Hitech
„Гугл“ со слика го навести можното име на новиот „Андроид“

„Гугл“ неодамна објави неколку позадини за телефони на делот од својот инстаграм-профил за т.н. кориснички приказни (stories), а еден детаљ им го привлече вниманието на љубителите на технологија.
Иако сите објавени слики беа интересни, една предизвика особено внимание.
Имено, на таа слика беа претставени сладоледи на стапче (на англиски, Popsicle), поради што многумина веруваат дека тоа е јаснен показател дека ова ќе биде името на новата верзија на оперативниот систем за паметни телефони (Android P).
Инаку, „Гугл“ секоја нова верзија на оперативниот систем ја именува со буква од англиската азбука и за новото ажурирање на ред е буквата P. Покрај ова, секоја официјална верзија на „Андроид“ добива и име на некој десерт што почнува на соодветната буква.
Се разбира, објавената слика може да биде и наведување на погрешна трага. Инаку, новата верзија на оперативниот систем „Андроид“ би требало да биде претставена во август, доколку се земе предвид досегашната тенденција на компанијата, новите ажурирања да ги објавува кон крајот на летото.
Забава
(Видео) Малдивите ги оставаат пловечките хотели во минатото и за туристите нудат нова атракција

Престојот во пловечки бунгалови бил најпосакуваниот избор на туристите кои минатата година ги посетиле Малдивите. Сепак, ова туристичко место ќе добие нова атракција.
Имено, до крајот на годинава на островот Рангали ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет.
„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“, изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.
Зградата се состои од две нивоа, една над површината на морето и една под површината. Во подводното ниво има спална соба, дневна соба, бања, како и спирални скалила кои водат до просториите на повисокото ниво. Таму, пак, има двокреветни спални соби, бања, просторија за фитнес, заедничка дневна соба, кујна, бар, трпезарија и палуба од која може да се гледа атрактивното зајдисонце.
Инаку, вилата може да прими вкупно девет гости.
Забава
(Фото) Курц се сликал пред компромитирачка фотографија, па потоа се обидел да го сокрие тоа

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, стана предмет на шега во неговата земја откако корисниците на интернет успеале да откријат дека врамената слика пред која се фотографирал е всушност обработена во фотошоп и дека всушност на нејзината оригинална верзија била жена која пуши голема цигара со марихуана.
Себастијан Курц неодамна беше во официјална посета на западната австриска покраина Форарлберг, каде што се состанал со претседателот и гувернер на покраината, Маркус Валнер.
Austria’s chancellor is being ridiculed after his party’s social media team doctored a photo to “replace” a picture in the background of an Asian woman smoking what looks like a reefer with a nice safe country scene pic.twitter.com/dB8fS5Hdv9
— Simon Sturdee (@simonsturdee) April 17, 2018
За време на средбата тие двајца биле фотографирани како седат и разговараат во кабинетот на гувернерот, пред врамена слика од планински пејзаж.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи кои се познати по тоа дека можат да ги забележат и критикуваат и најмалите пропусти, набрзо откриле дека станува збор за лажна фотографија и дека на фотографијата всушност се наоѓала азиска жена која пуши голема цигара со марихуана.
По бројни коментари и прозивки за социјалните мрежи, гувернерот Валнер се извинил за тоа што оригиналната слика била обработена во фотошоп.
„Како што многумина забележаа, мојот тим направи грешка. Фактот дека сликата подоцна била компјутерски обработена и изменета не е во ред, но верувајте, ова е прв и последен пат да се случи грешка од моја страна. Од името на целиот тим би сакал да се извинам за тоа“, рече Валнер во изјавата.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“