Забава
Кому ќе му припаднат милионите на Озборн?
Со години беше познат како принцот на темнината, неговиот глас беше симбол на бунт, а животот сè, освен вообичаен.
Но, во зрелите години Ози Озборн често истакнуваше: „Семејството ми е сè“.
По неговата смрт на 22 јули на 76-годишна возраст по долга борба со Паркинсоновата болест, стана јасно дека зборовите на Ози не биле само празна фраза.
Кој ќе го наследи неговото богатство?
Својот тестамент Озборн го составил уште пред неколку години кога здравјето му било веќе сериозно нарушено. Во него јасно било наведено дека речиси целото богатство – проценето на речиси 220 милиони долари – ќе им припадне на неговата сопруга Шерон и на нивните деца.
Иако бил речиси неподвижен, Ози само 17 дена пред смртта одржал проштален концерт по кој тивко се повлекол од сцената. Бил решен да ѝ остане верен на публиката до последниот здив.
Ќерката која го напуштила не била заборавена.
Интересно е што неговата најстара ќерка, Ејми, иако со години далеку од јавноста, не била изоставена од тестаментот. На 16 години го напуштила семејниот дом одбивајќи да учествува во реалното шоу „Озборнови“, кое семејството го претвори во поп-културен феномен.
Иако се занимавала со музика, никогаш не сакала да ја користи славата на својот татко. Сепак, наследила една третина од богатството, но нејзиниот дел бил структуриран така што ќе го добива на квартални исплати сè додека не наполни 50 години.
Ози не сакал да изостави ниедно дете. Освен Ејми, наследството го делат и Кели и Џек, кои со години често биле присутни во медиумите. Кели, освен дел од парите, ќе ја наследи и семејната куќа во Хенкок Парк, која моментно е ставена на продажба, а Џек ќе го добие имотот во Калифорнија и дел од правата на музичкото наследство на Ози.
Шерон Озборн, неговата сопруга, која била покрај него и во најтешките моменти, имала клучна улога во изработката на тестаментот. Заедно со Кели и Џек, ќе има надзор над распределбата на наследството.
Сепак, останува непознато што им оставил на децата од првиот брак, како и на посвоеното дете од таа заедница. Иако односите можеби не биле идеални, последните години од животот покажале дека за него семејната поврзаност била поважна од сликата во јавноста.
Во знак на благодарност и хуманост, Ози го донирал целиот приход од прошталниот концерт – приближно 190 милиони долари – за истражувања на Паркинсоновата болест на болницата во Бирмингем и на фондацијата Cure Parkinson’s.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

