Забава
Организаторите на фестивалот во Венеција мораа да ги спречат Анџелина и Бред да се сретнат
Филмските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли се обидуваат да избегнат да налетаат еден на друг додека ги промовираат своите филмови на годинешниот Филмски фестивал во Венеција. Имено, организаторите се погрижиле поранешните сопружници да не се сретнат за да се избегнат непријатни ситуации, пренесува „Пејџ сикс“.
„Анџелина ќе биде присутна првиот ден, четврток, 29 август, а потоа ќе отпатува на филмскиот фестивал Telluride во Колорадо. Бред доаѓа во Венеција в сабота. Нема шанси нивните патишта да се вкрстат“, рече уметничкиот директор Алберто Барбера.
Џоли завчера пристигна во Италија за да го претстави својот филм „Мари“, кој зборува за животот на оперската пејачка Марија Калас. Пит ќе го претстави филмот „Волци“ во Венеција, во кој глуми со Џорџ Клуни.
Да потсетиме, љубовната приказна на овој славен пар заврши кога Џоли во 2016 година поднесе барање за развод, а борбата за сопственоста на француската винарница „Шато Миравал“ продолжува. Освен тоа, тензиите меѓу поранешните сопружници се одразиле и во односот со нивните деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен, кои не се во контакт со Пит, а некои дури и се откажале од неговото презиме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Тамара Калиниќ во раскошна креација заблеска во Доха
Во Музејот на исламска уметност во Доха во чест на Франка Сокани и нејзината фондација беше одржана Franca Fund Gala. Франка беше уредничка на италијанското издание на списанието „Вог“, која почина во 2016 година.
„Гламур со цел, тоа е идејата што ја водеше Франка Сокани низ целото нејзино постоење во светот на модата“, рече Ана Винтур за легендарната уредничка.
На настанот присуствуваа многу јавни личности од различни сфери на уметноста, а покрај кралицата Ранија, Ана Винтур, Тајра Бенкс и други познати ѕвезди, честа да блесне на специјалната вечер ја имаше и српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ.
Тамара одлучи за оваа пригода да носи навидум едноставна креација од брендот „Јасмин Мансур“, која е украсена со необичен крој. Станува збор за фустан во боја на шампањ кој ја нагласува витката фигура и дава доза на женственост.
Својот стајлинг го надополни со златни додатоци и минималистичка шминка во земјени тонови. Тамара објави фотографии од настанот на Инстаграм со следниот опис:
„Ви благодарам што ме поканивте на толку важна вечер“, напиша таа.
Многу нејзини обожаватели веднаш реагираа и ја пофалија креацијата што ја носеше. „Креацијата е магична“, „Оваа облека е сè“, „Прекрасна си“, се само неколку од коментарите.
фото: принтскрин/Инстаграм
Забава
Тројца мажи поднесоа граѓански тужби против Кевин Спејси во Лондон
Американскиот актер Кевин Спејси ќе се соочува со ново судење во Британија во октомври 2026 година, овојпат во граѓанска постапка, по обвиненијата за сексуални напади поднесени од тројца мажи, објави во средата Високиот суд во Лондон. Спејси во 2023 година беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад врз четворица мажи, по кривична постапка што траеше неколку недели.
Двајца од нив сега го гонат во граѓанска постапка, а им се придружи и третиот тужител, британскиот актер Руарии Кенон. Кевин Спејси, добитник на Оскар за „Американска убавина“ и „Booбичаените осомничени“, тврди дека е невин.
На прелиминарното рочиште во средата, судијката Кристина Ламберт привремено го одреди октомври 2026 како термин за разгледување на трите тужби. До тогаш ќе се одржат дополнителни рочишта за да се утврди дали тужбите ќе се водат заедно или одделно. Настаните од тужбите се случиле меѓу 2004 и 2015 година, кога Спејси бил уметнички директор на театарот Old Vic во Лондон. Двајца од тужителите тогаш биле млади актери, според судските документи.
Забава
(Видео) Жешките кадри се нејзин терен: прекрасната Германка ги откри и градите и задникот
Не е тајна дека познатата германска манекенка Хајди Клум (52) предизвикува возбуда на социјалните мрежи и на црвениот тепих. Таа повторно привлече внимание со своето најново појавување со својата ќерка Лени, и како што јасно можете да видите, двете не обрнуваат внимание на негативните коментари што ги следат.
Мајката и ќерката веќе направија неколку рекламни кампањи за различни брендови на долна облека, а луѓето речиси секогаш го опишуваа како „чудно и несоодветно“.
Сепак, Хајди не се откажува и продолжи со провокативни изданија на Инстаграм, овој пат без својата ќерка.
Познатата манекенка смени неколку костими и ги објави сите на својот профил, а се претпоставува дека ова повторно е реклама. Прво, позираше во боди кое е во боја на кожа, додека од страна има црни детали што ги покриваат интимните делови.
Потоа го смени костимот и се појави во црвен латекс од глава до пети, а во една од своите објави покажа како изгледа додека го облекува, откривајќи го задникот на сите свои обожаватели.
На една од фотографиите, Хајди позираше во градник, па моделот можеше да очекува позитивни коментари за нејзиниот изглед, но таа ја забрани таа опција на својот профил.
фото: епа

