Забава
Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан

Церемонијата на доделување „Оскари“ во 2021 година нема да биде виртуелен настан и ќе се организира традиционално како телекаст или телевизиски пренос во живо, објави „Варајети“.
Академијата за филмска уметност и наука ја одложи 73. церемонија на доделувањето на Оскарите за 25 април 2021 година, така што киносалите повторно ќе бидат отворени на пролет, што ќе овозможи повеќе филмови да се натпреваруваат на наградите, се наведува во извештајот.
„Телевизиското емитување на Оскарите ќе се случи“, објави „Варајети“ во вторникот, повикувајќи се на претставник на Академијата.
Церемонијата традиционално се одржува во театарот Долби во Лос Анџелес. Но, поради пандемијата на коронавирусот, не се знае бројот на луѓе на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат во театарот со 3.400 седишта.
„Академијата направи прошетка низ Долби неодамна за да земе предвид повеќе опции “, додава истиот извор, цитирајќи публицист на наградите запознат со ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Фенел: „Џон Вик“ отиде премногу далеку

Британската режисерка Емералд Фенел укажа на некои мани на блокбастерот „Џон Вик“ и на жанрот филмови за одмазда, генерално.
Фенел, која го напиша сценариото и го режираше Promising Young Woman („Ветувачка млада жена“), посочи една мана кај „Џон Вик“, кој го наведе како пример на филмови за одмазда.
Таа смета дека „Џон Вик“, иако вели дека е нејзин омилен филм, можеби претерал малку кога станува збор за одмазда.
Нејзиниот филм, мистериозна трилер-драма, се фокусира на ликот на Каси Томас (Кери Мулиган), која носи тешка одлука да ја остави зад себе својата светла иднина кога нејзината најдобра пријателка станува жртва на силување. Каси се обидува да ги казни одговорните за она што се случило. Филмот, спој на мрачен хумор и лична драма, е пофален и од критичарите и од публиката.
Забава
Кинескиот iQiyi со бесплатни филмови за новогошниот празник, по сугестија на Пекинг

iQiyi, кинескиот одговор на „Нетфликс“, ќе понуди бесплатни филмови и телевизиски емисии во некои области во текот на новогодишниот празник, откако Пекинг ги повика стриминг-платформите да ги укинат сите претплати имајќи предвид дека многу луѓе се заглавени дома за да помогнат во борбата против пандемијата.
Новата година е најважниот празник во Кина. Тогаш традиционално милиони луѓе се упатуваат кон своите родни места, но властите во последните неколку недели воведоа строги антивирусни мерки откако беа пријавени стотици нови случаи со коронавирус.
Владата ги советуваше луѓето да останат дома или таму каде што се во моментов, стравувајќи дека масовните движења можат дополнително да го шират вирусот.
iQiyi, чиј родител е гигантот пребарувач „Баиду“, соопшти дека ќе овозможи категорија „бесплатно гледање“ што ќе биде достапна во Пекинг и блиската провинција Хебеи, со содржини кои обично се ограничени на членовите.
Забава
Халзи е бремена со своето прво дете

Американската пејачка Халзи се појави на социјалните мрежи во средата за да открие дека го чека своето прво дете, и сподели фотографија на која се гледт трудничкиот стомак.
„Изненадување!“, напиша таа во својата објава на Инстаграм и додаде неколку емотикони со шише за бебе, виножито и ангел.
Веста навистина ги изненади фановите на Халзи, бидејќи за 26-годишната пејачка се сметаше дека не е во врска со никого пред објавувањето на нејзината бременост.
Сепак, таа во својата објава го означи сценаристот Алев Ајдин, сугерирајќи дека тој е нејзиниот мистериозен партнер и татко на бебето.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома