Забава
Основачот на „Хелоу Кити“ го предаде бизнисот на својот внук
Деведесет и двегодишниот основач на компанијата, која го создаде брендот „Хелоу Кити“, заминува по 60 години од челната позиција и ја предава работата на својот внук.
Шинтаро Цуџи се повлекува на 1 јули од позицијата извршен директор на компанијата „Санрио“, а неговото место ќе го заземе внук му Томокуни Цуџи (31). Шинтаро останува на функцијата претседател, пишува Си-ен-ен.
Цуџи ја основа „Санрио“ како продавница „Јаманаши силк центер“ во 1960 година, а називот го променила во „Санрио“ во 1973 година. „Санрио“ била една од првите јапонски компании која видела потенцијал во лиценцирање ликови, а „Хелоу Кити“ е најпопуларна и најпрофитабилна креација на оваа компанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како да се ослободите од мирисот на чад во вашиот дом
Новогодишната ноќ е зад нас, а по убавото време поминато дома, често следи помалку омилениот дел – чистењето. Покрај нередот, еден од најчестите проблеми по забавата е непријатниот мирис на чад од цигари што се задржува во собата со денови откако ќе се соберат семејството и пријателите.
За среќа, постојат неколку лесни начини брзо да го освежите вашиот дом и да го отстраните мирисот на чад.
Прво, важно е темелно да ја проветрите просторијата. Отворете ги прозорците и вратите за да овозможите максимален проток на свеж воздух, а вентилаторите дополнително можат да помогнат во исфрлањето на заробените честички од чад.
Отстранувањето на пепелта и празнењето на пепелниците е исто така важен чекор, бидејќи тие се чест извор на непријатни мириси. Природните апсорбенти како што се белиот оцет или активниот јаглен, исто така, можат да помогнат во неутрализирањето на мирисите, кои лесно можат да се распределат во мали садови низ целата просторија.
Мирисот на чад лесно се задржува на ткаенините, па затоа е препорачливо да се перат завесите, перниците, постелнината и другиот текстил што може да се пере. Додавањето сода бикарбона во алиштата за перење може дополнително да ги освежи ткаенините. Исто така, не заборавајте ги тврдите површини – полици, книги и мебел – кои е добро да се избришат со влажна крпа.
За теписи и тапациран мебел, содата бикарбона е ефикасна, бидејќи помага во апсорбирањето на мирисите, додека замената на филтрите во прочистувачите на воздух може дополнително да го подобри квалитетот на воздухот во вашиот дом.
Со малку труд и овие едноставни навики, вашиот дом брзо ќе се врати во свежа и удобна состојба.
Забава
Ана Ивановиќ објави фотографии од дочекот на Нова година: Еве што си посака себеси
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ објави неколку фотографии на кои позира покрај елка и ја покажува модната комбинација што ја носеше за Нова Година. Таа е облечена во сребрен фустан со светки и сребрени сандали, а комбинацијата ја комплетираше со часовник и обетки.
„2025… ти благодарам што си и најсилниот и најубавиот учител што некогаш можев да го побарам. Ти благодарам за лекциите, предизвиците и што ми покажа каде сè уште треба да растам. Влегувам во 2026 година со мир во срцето и голеа возбудува за сè што доаѓа. И низ сето тоа, засекогаш сум благодарна на моето семејство и пријатели – твојата љубов ме носеше повеќе отколку што некогаш ќе знаеш.“,
View this post on Instagram
За потсетување, 2025 година на Ана беше обележана со крајот на нејзиниот брак. Нејзиниот адвокат Кристијан Шерц потврди за германскиот „Билд“ кон крајот на јули дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал Бастијан Швајнштајгер официјално се разделиле.
Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во Венеција во 2016 година. Заедно имаат три сина: Лука, Леон и Тео, а својот семеен живот го поминуваа помеѓу Чикаго, Белград, Минхен и Мајорка.
фото/ЕПА
Забава
Ќерката на Томи Ли Џонс пронајдена мртва во хотел
Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на славниот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во четврток, 1 јануари, во хотелска соба во Сан Франциско, објави People.
Веста првпат ја објави TMZ, повикувајќи се на полициски извори. Противпожарната служба на Сан Франциско потврди дека добиле повик за итна медицинска интервенција во хотелот Сан Франциско Фермонт кратко пред 3 часот наутро по локално време на Нова Година.
Полициската служба на Сан Франциско, исто така, потврди дека нивните полицајци отишле на местото на настанот каде што е пронајдено мртво возрасно женско лице. Иако идентитетот не е официјално објавен, полициски извор изјави за NBC Bay Area дека се верува дека станува збор за Викторија. Причината за смртта сè уште не е позната.
Викторија е ќерка на 79-годишниот Томи и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Во помладите денови, таа се обидела да глуми. Првата улога ја имала во 2002 година во филмот на нејзиниот татко „Мажи во црно II“. Три години подоцна, таа се појави во филмот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“, кој го режираше нејзиниот татко. Таа, исто така, се појави како гостин во епизода од популарната тинејџерска серија „One Tree Hill“ во 2003 година.
Нејзиниот татко, Томи Ли Џонс, е познат добитник на Оскар, а ја освои и престижната награда за најдобар спореден глумец во 1993 година за неговата улога во филмот „Бегалецот“. Тој е познат и по своите улоги во филмови како „JFK“, франшизата „Мажи во црно“, „Нема земја за стари луѓе“ и „Линколн“.
Претставниците на Томи Ли Џонс сè уште не дале коментар за трагичниот настан.
фото/депозитфотос

