Контакт

Забава

Откриени желки што светат во различни бои во темнина

Објавено пред

Морските биолози открија околу Соломонските Острови еден вид желка што свети во темнина и има невообичаена способност за биофлуоресценција или емитување светлина во различни бои, како што се зелената и црвената.

Биофлуоресценцијата се проучува само десетина години, а откривањето на желка со клун на јастреб на Соломонските Острови е прва од ваков вид, пишува „Соломон тајмс”.

Тимот на биолози не знае зошто желките ја поседуваат оваа уникатна способност, но се знае дека другите видови ја користат за комуникација меѓу себе или за маскирање.

Морскиот биолог Александар Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, така што е можно дека желките ја имаат оваа способност за да се вклопат во околината.

Тимот на биолози, исто така, ќе ја испита хемиската реакција кај желките за да утврди што предизвикува флуоресценција.

Ова единствено откритие лесно може да доведе до големи откритија кај други животни кои имаат непознати способности, според „Соломон тајмс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Твитот на Роулинг предизвика бес кај транс заедницата

Објавено пред

Авторката на „Хари Потер“ Ј.К. Роулинг ја налути транс заедницата во понеделникот поради споредбата на хормонскиот третман за луѓе кои сакаат да го преиспитаат полот со геј-терапијата за конверзија, што поттикна караница во врска со трансродовите права.

„Ние гледаме нов вид на конверзивна терапија за младите хомосексуалци“, напиша британската писателка на Твитер во неделата, повикувајќи се на хормонските рецепти за млади кои го преиспитуваат својот родов идентитет како „нови антидепресиви“.

Нејзиниот коментар предизвика бесна реакција од кампањите за трансродови права, кои во последните неколку недели ги критикуваат изјавите на Роулинг во врска со трансродовите прашања.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Род Стјуарт на одмор во Дубровник

Објавено пред

Легендарниот британскиот музичар Род Стјуарт ужива со семејството во Дубровник.

Тој е снимен како се шета на Страдун со сопругата Пени Ланкастер, а фотографиите ги објави „Дулист“.

Рокерот избра опуштен стил за прошетка по Страдун, жолти панталони и жолти патики, а Пени е во долг летен фустан со насмевка на лицето. Заљубени и под чадор, тие не ги кријат среќата и задоволството, без оглед на дождот.

Род Стјуарт има осум деца со пет жени, но тој успеа да остане во добри односи со сите, а тоа го покажа кога собра дури четири од нив на една семејна прослава.

Со сегашнатa сопруга Пени (49) има два сина, Аластер (13) и Ајден (9), кои исто така може да се видат на една од фотографиите.

Прикажи повеќе...

Забава

Џони Деп го тужи британски „Сан“ затоа што пишувал дека ја тепа сопругата

Објавено пред

Актерот Џони Деп почна судска постапка против британски таблоид, кој, најверојатно, ќе открие детали од приватниот живот за него и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Деп (57), ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“, го тужеше издавачот на таблоидот „Сан“ и неговиот извршен уредник Ден Вутон за клевета за написот на Вутон од 2018 година во кој го нарече човекот што ја тепа сопругата.

Случајот ќе го води Високиот суд во Лондон и судењето треба да трае три недели, а исказ треба да дадат и актерот и неговата поранешна сопруга.

Двојката се запознала во 2011 година во серијата The Rum Diary, а се венчале во февруари 2015 година. Актерката поднесе барање за развод по 15 месеци брак и побара од судот да му забрани да ѝ се приближи. Таа го обвини за физичка злоупотреба, што тој го негира.

Тие се разведоа во 2017 година и тогаш му беше укината забраната за приоѓање и Деп се согласи да ѝ плати 7 милиони долари.

„Сан“ се обиде да издејствува судот да ја отфрли тужбата, но не успеа, иако судијата пресуди дека Деп не ја доставил целата потребна документација, вклучувајќи ја и неговата преписка по телефон со помошникот, кој, според „Сан“, му набавувал дрога.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет51 минута

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 час

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 час

Во САД над 3 милиони заразени со ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, се повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија2 часа

Задолжителен тест за граѓани на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора при влез во земјава, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион2 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар...

Свет13 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион16 часа

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија17 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион20 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија20 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија21 час

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија21 час

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет22 часа

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија23 часа

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Свет1 ден

Секој десетти заболен од Ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции на Ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни биле меѓу здравствени или...

Регион1 ден

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија1 ден

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет1 ден

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Досие