Забава
Откриен „скриен“ континет: Некогаш не го забележуваме очигледното

Тим на научници открил „скриен континент“, Зеландија во Пацификот, кој е „закачен“ за Нов Зеланд и чија површина во најголем дел се наоѓа под површината на водата.
Како што е наведено во истражувањето кое го објави Геолошкото друштво на САД, Нов Зеланд и Нова Каледонија се дел од голем континет чија површина изнесува 4,9 милиони квдратни километри и кој целосно е одвоен од Австралија.
Оваа област, чија површина од 94 отсто се наоѓа под површната на водата е откриена со помош на сателитски податоци и технологијата на мапа гравитација.
Тимот на научници смета дека Зеландија да биде класифицирана како одвоен континет, односно дека треба да биде отфрлена претходната теорија, според која оваа област преттавува собир на континентални острови и фрагменти.
Геолозите за Европа и Азија сметаат дека преставуваат една контининателана целина, наречена Евроазија, па така според нив Зеландија би преставувала седмо име на листата.
Како што пренесува Раша тудеј, Зеландија, според површината е голема колку Индија и има „дебелина“ од десет до 30 километри. Таа од Арктикот се одвоила пред 100 милиони години, а потоа и од Австралија, пред 80 милиони години.
Истражувачите потенцираат дека не се работи за ново „откритие“, туку за ново „толкување“.
„Зеландија докажува дека големите и очигледни работи во природните науки лесно можат да се прескокнат“, наведуваат научниците. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Опра наполни 69 години

Повеќе личности од забавната индустрија ѝ испратија најдобри желби на Опра по повод нејзиниот 69. роденден во неделата.
Медиумскиот магнат и една од најпознатите ТВ-лица беше во фокусот на славеничките објави споделени на „Инстаграм“ од страна на десетици блиски пријателки од т.н. А-листа, вклучувајќи ги Вајола Дејвис, Кери Вашингтон, Гејл Кинг, Ким Кардашјан…
И самата славеничка исто така сподели долга порака на „Опра дејли“ за да каже како се чувствува дека е една година поблиску до седумдесеттата.
Опра и Гејл – фотографија споделена на профилот на нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, на која двете се со испружени раце, прегрнати.
Кери Вашингтон сподели селфи со Опра.
Во емотивна роденденска порака Виола Дејвис ја опиша својата блиска пријателка како национално богатство и икона.
Алесандра Амброзио сподели фотографија со роденденската кралица и со Хајди Клум и Софија Вергара.
Ким Кардашјан сподели фотографија за својата пријателка, на која ѝ подарува украсена роденденска торта.
Забава
Почина актерката Ени Вершинг

По долга борба со ракот, актерката Ени Вершинг, најпозната по улогата на агентот на ФБИ, Рене Вокер, во серијата „24 часа“, покрај Кифер Сатерленд, почина на 45-годишна возраст.
Тажната вест ја објави нејзиниот сопруг Стивен Фул на социјалните мрежи.
Таа зад себе остави три сина.
Во текот на својата 20-годишна кариера, Вершинг глумеше во десетина ТВ-серии и филмови, меѓу кои Star Trek: Enterprise, во седмата и осмата сезона на „24 часа“, „Бош“, „Вампирски дневници“, „Одметници“, како и во втората сезона на „Ѕвездени патеки: Пикард“.
Забава
Еди Марфи сака да сними уште еден „Шрек“

Еди Марфи би сакал да се сними уште еден филм за зелениот огар Шрек.
61-годишниот актер би ја искористил шансата повторно да му го даде својот глас на огарот, или во петти дел од серијалот или во самостоен филм, и не разбира зошто неговиот лик не добил свој филм, како што е случајот со Мачорот во чизми на Антонио Бандерас.
„Апсолутно би бил отворен ако некогаш дојдат со друг Шрек, би го направил тоа за две секунди. Го сакам Донки“, изјави Марфи за Etalk.
„Ги снимаа филмовите за Мачорот во чизми, си помислив: требаше да снимат филм за магарето (Донки). Донки е позабавен од Мачорот во чизми. Мислам, го сакам Мачорот во чизми, но тој не е смешен како Донки“.
Коментарите на Еди доаѓаат откако Антонио неодамна предложи дека, најверојатно, ќе има уште еден „Шрек“ во блиска иднина.
Приказната за Шрек е раскажана во вкупно четири филма, а последниот, „Шрек засекогаш“, излезе во 2010 година.
Секој актер има своја омилена улога, а токму улогата на Донки му е омилената на Еди Марфи.
Шрек, анимираниот зелен огар, доби своја ѕвезда на Холивудската ѕвездена патека на славните.
„Шрек“ е првиот анимиран што добил „Оскар“ за најдобар анимиран филм – категорија што првпат беше воведена во 2001 година.