Контакт

Hitech

Паднаа „Фејсбук“ и „Инстаграм“

Објавено пред

Социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во некои држави целосно не функционираат, додека во некои земји не функционираат одредени опции. На „Твитер“ веднаш се појавија гневни и шеговити коментари за проблемите со кои се соочуваат корисниците на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

 

Корисниците во јужна и југоисточна Англија први се соочиле со проблемите, по што следеле корисниците од САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови од Европа.

И двете социјални мрежи прикажуваат пораки за грешки при обид за нивно користење.

Сè уште не се знае што е причината за проблемите.

Hitech

Кинескиот технолошки гигант ,,Хјуавеи” ќе вработи уште илјада стручњаци во Русија

Објавено пред

Кинескиот технолошки гигант „Хјуавеи“ ги објави плановите за отворање илјада нови работни места во своите центри за истражување и развој во Русија во текот на наредните пет години.
        
„Хјуавеи” планира да ангажира околу 500 луѓе во своите локални центри за истражување и развој до крајот на годината“, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на производителот на мобилни телефони.
        
Тие велат дека планираат во наредните пет години да вработат повеќе од илјада професионалци за истражување и развој.Хјуавеи во моментот вработува 400 луѓе во својот центар во Москва и уште 150 во Санкт Петербург, но планира да отвори три нови центри за истражување и развој во таа земја до крајот на годината.

Компанијата минатата недела го претстави оперативниот систем „Хармони ОС“, откако дозволата за користење на оперативниот систем на Гугл беше загрозена со одлуката на САД да го стават „Хјуавеј“ на црната листа на кинески компании со кои им е забрането да работат на американските компании.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Фејсбук“ правел записници од приватни разговори на корисниците

Објавено пред

Според информации на соработници на „Фејсбук“, оваа добро позната социјална мрежа тајно собирала записници од разговори на своите корисници, кои ги снимила преку микрофоните на нивните телефони, пренесува „Сајнс алерт“.

Неименуваните соработници за „Блумберг“ изјавиле дека „Фејсбук“ им плаќал да слушаат бројни, а понекогаш и вулгарни разговори од корисниците на „месинџер“, иако компанијата никогаш не им објаснила зошто има потреб од транскрипција на тие комуникации.

„Фејсбук“ само им ги праќал снимките, без информации за начинот на кој е дојдено до нив, а тие ги запишувале разговорите. „Блумберг“ наведува дека постојат стотици соработници кои вршеле ваков вид на работа за социјалната мрежа.

Набрзо се огласија и од „Фејсбук“, од каде го потврдија снимањето на разговорите и објаснија дека користеле записници за да го тестираат развојот на вештачката интелигенција за препознавање на говор, додавајќи дека проектот бил стопиран уште минатата недела.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, на бројните сослушувања пред американскиот Конгрес инсистираше на тоа дека мрежата ја почитува приватноста на корисниците и применува пристап до микрофон само кога за тоа има дозвола од корисникот, односно само ако корисникот дал дозвола во рамките на апликацијата и активно користи функции за кој е потребно аудио, како што се говорните пораки.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Епл” нуди награда за хакерите од милион долари

Објавено пред

„Епл“ им понуди рекордна награда од еден милион американски долари на професионалци за компјутерска безбедност, доколку можат да најдат начин за хакирање на „ајфон“, соопшти компанијата.

На годишната конференција за безбедност на компјутери „Блек Хет“ во Лас Вегас, „Епл“ ги повика експертите од целиот свет да побараат безбедносни „дупки“ во нивниот паметен телефон.

Наградата од еден милион американски долари ќе биде платена само доколку успеат да го хакираат „ајфонот“ од далечина, без директно да контактираат со телефонот. Досега, „Епл“ за ваковиот потфат нудеше награда од 200.000 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија58 минути

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Македонија1 час

(Видео) Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески,...

Свет2 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет2 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет2 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет2 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Регион14 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет15 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион15 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа15 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ18 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ19 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија20 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија21 час

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија1 ден

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ1 ден

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија1 ден

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија1 ден

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа1 ден

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Досие