Контакт

Забава

Повлечени од продажба бебешките кашички „Бејбилав“

Објавено пред

Поради безбедносни причини, дрогериите ДМ ги повлекоа од продажба бебешките кашички „Бејбилав“, соопшти компанијата. Како што се наведува, повлечени се кашичките од праска и маракуја во јаболко од 190 грама за 4 месеци, со рок на траење до 16.10.2020 година, кашичка од јагода и малина во јаболко, 190 грама, за 4 месеци, со рок на траење до 16.10.2020 година и кашичката од јагода и банана со мусли, 90 грама, од 1 година, со рок на траење до 16.10.2020 година.

„Со сопствена контрола е утврдено дека производите со горенаведените рокови на траење не може да се исклучи можноста за висок удел на афлатоксин. Доколку се земаат подолг временски период, наведените материи можат да влијаат на здравјето. Афлатоксините се природни микотоксини кои произведуваат многу видови на габи – Аспергилус. Со оглед дека не може со 100% сигурност да се исклучи опасноста дека производите се под влијание на наведеното, ДМ поради претпазливост ги повлекува производите од продажба. Наведените производи, без разлика дали се отворени или не, купувачите можат да ги вратат во  која било продавница на ДМ, каде ќе им бидат вратени парите. Квалитетот на производите и безбедноста на купувачите за ДМ е од голема важност. Е извинуваме поради инцидентот“, се наведува во соопштението на компанијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Синот на Елизабет Харли ѕвезда на новата кампања за убавина со Ирина Шајк

Објавено пред

Видеото во кое лежи на подот и нежно го гушка манекенката Ирина Шајк го сними 18-годишниот син на актерката и манекенка Елизабет Харли за новата кампања за маскара потпишана од Пат Мекграт.

Слика и прилика на својата позната мајка, Демијан Харли со одушевување ја прифатил поканата за снимање и на „Инстаграм“ се пофали со финалниот производ.

На почетокот на видеото во преден план е Ирина, која потоа се спушта и нежно со рацете во долгите кожени ракавици го допира Демијан Харли, цело време сензуално гледајќи во камерата. Во еден момент таа ја спушта главата сè до неговата, а 18-годишното момче мижи.

Демијан Харли, кого Елизабет го доби од врската со покојниот Стив Бинг, е крајно самоуверен, што е јасно видливо во видеото, а уште од рана возраст не крие дека мајка му му е идол.

Дури и Елизабет Харли не можеше да ја скрие гордоста поради неговата кампања, со која исто така се пофали на „Инстаграм“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Синот на познатиот ловец на крокодили го касна змија на лицето

Објавено пред

Роберт Ирвин, син на починатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, сè повеќе личи на својот татко. И него го  интересираат диви животни, па решил да направи документарен филм за нив.

Роберт неодамна сподели видео на својот инстаграм-профил, на кое се гледа како си игра со дијамантски питон додека го снима документарецот пред да го врати во дивината. Сепак, змијата не сакала да си игра, па го каснала на лицето.

„Откако го спасивме, овој дијамантски питон нè потсети на слична ситуација што се случи пред неколку децении во една епизода на документарната серија на ловецот на крокодили. Можеби тие, всушност, така велат ’благодарам’“, напиша Роберт во објавата.

Покрај ова видео, тој сподели и фотографија во која ги споредува своите рани на лицето со оние на Стив.

Прикажи повеќе...

Hitech

Сервисот „Спотифај“ станува достапен и за македонските корисници

Објавено пред

„Спотифај“, една од најпопуларните светски платформи за вмрежен аудиопренос, со претплата, од утре (15 јули), ќе биде достапна за користење и во земјата.

Покрај влегувањето во Македонија, „Спотифај” стартува и на 12 други пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум-претплатници на глобално ниво, „Спотифај” овозможува слушање локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион поткасти.

Услугата „Спотифај“ е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај премиум“, услуга со претплата што им овозможува на корисниците да уживаат во музиката, без да бидат прекинувани од реклами.

„Стартувањето на овие пазари ја отвора вратата за речиси 250 милиони обожаватели, кои ќе може да почнат со откривање нова музика и поткасти од целиот свет на ‘Спотифај’, а уметниците во регионот да ги допрат сè поповрзаната глобална публика и обожавателите“, вели Федерика Тремолада, управен директор за јужна и источна Европа на „Спотифај“.

Таа исто така додава дека стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај“.

„Особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде што расте семрежниот пренос и каде што гледаме значајна можност за ‘Спотифај’“, вели Тремолада.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија44 минути

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија8 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет10 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронаворусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија15 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија16 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија16 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија18 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ20 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија20 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија21 час

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија22 часа

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија22 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет23 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа23 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион23 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија1 ден

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија2 дена

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија2 дена

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија2 дена

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Досие