Забава
Познатите се збогуваат од Кристоферсон: Каква голема загуба, каков одличен писател, каков одличен актер, каков одличен пријател, секогаш ќе те сакам
Крис Кристоферсон, влијателната американски пејач, актер и текстописец, почина во саботата на 88-годишна возраст. Многу ѕвезди сега се збогуваат со него.
Барбра Стрејсенд, која глумеше со Крис во филмот „Звездата е родена“ од 1976 година, рече дека знаела оти Кристоферсон е нешто посебно уште првиот пат кога го видела како настапува.
„Тој изгледаше како совршен избор за сценариото што го развивав, а кое на крајот стана ‘Ѕвездата е родена’“, напиша Барбра на „Инстаграм“.
„Во филмот Крис и јас пеевме песна што ја напишав за главната љубовна тема на филмот. На мојот последен концерт во 2019 година во лондонскиот „Хајд парк“ го замолив Крис да ми се придружи на сцената и да го отпее нашиот дует Lost Inside of You, беше шармантен како и секогаш, а публиката го награди со аплауз.
Меѓу музичарите, кои му оддадоа почит на Кристоферсон, беше неговата колешка, американската кантри-ѕвезда Доли Партон, со која глумеше во филмот „Радосна врева““ во 2012 година.
Таа на „Инстаграм“ напиша: „Каква голема загуба. Каков одличен писател. Каков одличен актер. Каков одличен пријател. Секогаш ќе те сакам, Доли“.
Портпаролот на семејството изјави дека Кристоферсон починал во својот дом во Мауи, Хаваи, опкружен со семејството, но не ја прецизира причината за смртта.
Крис се проби во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри-музиката Нешвил – напиша хитови како наградените со „Греми“ – Help Me Make It Through the Night, For the Good Times и Me and Booby McGee, еден од последните хитови на Џенис Џоплин.
Во раните 70-ти, кога веќе се етаблирал како пејач, почнал и актерска кариера. Една од неговите најпознати улоги е во филмот „Звездата е родена“ заедно со Барбра Стрејсенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заљубениот Ричард Гир не се раздели од сопругата на црвениот тепих
Холивудскиот актер Ричард Гир пристигна со сопругата Алехандра Силва на филмскиот фестивал во Цирих, каде се одржа премиерата на филмот Wisdom for Happiness.
75-годишниот Гир не можел да го сокрие ентузијазмот за неговата сопруга, која е 34 години помлада, со која има два сина.
Фотографите ги снимиле нивните допири и прегратки на црвениот тепих.
Актерот и 41-годишната Алехандра се венчаа во 2018 година. Сопружниците имаат два сина, 5-годишниот Александар и една година помладиот Џејмс, додека Алехандра од претходниот брак го има 9-годишен Алберт, а Гир 24-годишниот Хомер.
Забава
Меланија за првата средба со Трамп: Беше на состанок со друга жена и ми го побара бројот
Меланија Трамп се присети на нејзината прва средба со Доналд Трамп во своите мемоари. Таа призна дека Трамп бил на состанок со друга жена кога ја забележал и почнал да флертува со неа.
Меланија во книгата објаснила дека била на забава на Модната недела во 1998 година со пријател кога Доналд им пришол и покрај тоа што бил во друштво со друга жена.
„Здраво. Јас сум Доналд Трамп – рече човекот кога дојде до мојата маса“, напиша таа. Иако го препознала името, таа не знаела ништо за Доналд.
Ја пружи раката кон неа и започна разговор. „Неговите очи беа исполнети со љубопитност и интерес. Ја искористи можноста, седна на мојата маса и започна разговор. Ме праша за времето поминато во Њујорк, мојот дом во Словенија и моите патувања низ светот“, се сеќава Меланија.
Иако тоа беше кратка средба, Меланија вели дека оставила траен впечаток.
„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и леснотија. Имаше толку многу раздвижена активност околу нас, но неговата намера да се фокусира на нашата интеракција ме натера да се чувствувам како да сум во центарот на неговиот свет“, пишува поранешната прва дама на САД.
„Тоа беше освежувачки одмор од вообичаениот површен разговор и се најдов себеси привлечена од неговата енергија“, додаде таа.
Сепак, Доналд тогаш не бил сам, туку бил придружуван од друга жена. „Кога таа замина за момент, ми го побара бројот на мобилниот телефон“, рече таа. Меланија го одбича, што го изненадило. Наместо тоа, Меланија побарала од Доналд да и го даде својот број, што тој со задоволство го прифатил под еден услов.
„Ќе ти го дадам мојот број ако ветиш дека ќе се јавиш“, ѝ рекол тогаш, се сеќава Меланија.
Забава
Додека за Бијонсе се шири морничава теорија на заговор, таа ужива на црвениот тепих со мајка си
Иако деновиве се шири морничава теорија на заговор за Бијонсе, по апсењето на раперот Шон Диди Комбс, според која таа е стравот и трепет на музичката индустрија, тоа не ја спречи да ужива на социјален настан.
Таа присуствуваше на наградите Glamour Women of the Year во Њујорк. Бијонсе беше придружувана од нејзината мајка Тина Ноулс и нејзината најдобра пријателка и поранешна колешка од бендот Destiny’s Child, Кели Роланд.
Судејќи по фотографиите, таа не е загрижена што зборува јавноста за неа. Уште повеќе, таа блескаше од среќа, облечена во светло жолта маица со кратки ракави и златно здолниште. Аутфитот го комплетираше со соодветен ремен, неутрална шминка, проѕирни ракавици и долга бунда.