Забава
Последната фотографија од Лијам Пејн пред неговата трагична смрт во Аргентина
Фотографија од пејачот Лијам Пејн е објавена непосредно пред тој трагично да падне од балконот на хотел во Аргентина.
Лијам Пејн почина откога падна од третиот кат од хотелот во Буенос Аирес, Аргентина.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Пејн пред смртта бил под дејство на дрога и алкохол, а персоналот на хотелот во еден момент повикал помош.
Недолго потоа беше пронајдено телото на ѕвездата на поранешниот бој бенд „Уан дајрекшн“.
На интернет сега кружи фотографија, која е направена непосредно пред трагичниот пад.

„Имаме гостин кој е надвор од себе поради дрога и алкохол. Кога е свесен, крши сè во собата. Треба да испратите некого, ве молам“, рекол вработен во хотелот во кој престојувал Лиам.
„Сметаме дека неговиот живот е во опасност. Собата во која е тој има балкон, се плашиме да си не направи нешто, да си го загрози животот“, се слуша на снимката од разговорот.
Лијам Пејн имаше 31 година, а светската слава ја стекна како член на популарниот бенд за момчиња „Уан дајрекшн“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мајката и ќерката ги воодушевија луѓето со своите „жешки“ фустани
Познатата германска манекенка Хајди Клум се појави на црвениот тепих во Берлин на доделувањето на наградите „Жена на годината“, заедно со нејзината ќерка Лени, која долго време ги следи нејзините стапки и веќе е препознатливо име во светот на моделингот.
Нивното појавување доаѓа по кампањата за долна облека каде што мајката и ќерката добија многу критики.

Познатата Хајди позираше во краток фустан со тигрест принт украсен со мали циркони, додека Лени избра малку попровокативно издание.
Црниот проѕирен фустан, под кој носеше боди, беше нејзин избор, а на сè додаде драматична вечерна шминка, па се чини дека Лени сакаше и овој пат да предизвика поделени мислења кај публиката.

И мајката и ќерката веќе беа мета на коментари кога станува збор за кампањите за долна облека, па многумина ја сметаа нивната заедничка фотосесија за несоодветна, но ги игнорираа коментарите.
„Во нашето семејство, секогаш се градеше самодоверба кога станува збор за телото, а голотијата никогаш не е нужно сексуализирана“, рече Хајди тогаш.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната
Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа официјална посета на Кина која привлече големо внимание од модните портали, секако поради изгледот на прекрасната кралица, кој се чини дека никогаш нема да престане да воодушевува.
И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костуми и гламурозни комбинации, сега таа покажа и како може да изгледа во најдобрата зимска комбинација. Главна ѕвезда овој пат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а според Harper’s Bazaar, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд Carolina Herrera, чија цена е 5.990 долари и е веќе распродаден.

Станува збор за модел во А-крој со нагласени рамена, но и ремен што го нагласува струкот. Летиција сè надополни со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Патем, кралицата веќе некое време не се откажува од пониските потпетици, па покрај тоа што се удобни, тие се покажаа и како совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека ова е најубавиот капут на сезоната, и не е изненадувачки што го има кралицата Летиција, која долго време е позната како некој што поставува нови модни трендови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Гол грб и накит на задникот: Хејли Бибер блесна во елегантно провокативна облека
Атрактивната Хејли Бибер е во центарот на вниманието овие денови, а со својот најнов стајлинг на доделувањето на наградите „GQ Men of the Year 2025“ во Холивуд, таа покажа дека е похрабра од кога било досега.
Таа пристигна на гала настанот во црн, проѕирен фустан со гол грб кој откриваше многу и со сигурност можеме да кажеме дека ова е едно од најсмелите вечерни изданија на познатата манекенка, која неодамна отворено зборуваше за својот брак со Џастин Бибер.

Хејли носеше фустан кој речиси целосно ги откриваше нејзините гради, бидејќи беше целосно проѕирен и покриен со светки, а под него имаше само црни гаќички кои беа јасно видливи.

Деталот на нејзиниот гол грб беше исто така многу интересен и совршено се вклопуваше со накитот што го носеше згодната манекенка.

Таа го покажа својот извајан грб и негувана кожа, заедно со својата витка фигура, а со овој неочекуван стајлинг кој го следи трендот на проѕирни, или „голи“ фустани, носеше црни сандали и црни очила за сонце.
фото: принтскрин

