Контакт

Hitech

Почеток на нова технолошка ера: над 4.000 луѓе во Шведска живеат со вградени чипови

Објавено пред

Во изминатите неколку години, во многу пригоди и од разни извори, можеше да се прочита дека ерата на луѓе со чипови од разни причини и за разни намени не е толку далеку. Сега дојде времето од теорија ваквата ситуација да се пресели во пракса.

Речиси 4.000 луѓе во Шведска, откако земјата со закон го регулира чипувањето, ја искористиле можноста да вметнат биочип меѓу палецот и показалецот на една од своите дланки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bendissimo Workman (@datmimeguy) on

Таквиот чип им овозможува на своите носители да плаќаат за билети за превоз со скенирање на тој предел од раката, да отвораат врати со електронска заштита и сл.

Но, голем дел, сепак, се согласиле да вградат ваков чип од медицински причини, пишува „Брајтсајд“. Така, чипот може да се програмира за да ги потсети пациентите за терминот кога треба да го земат лекот, но и за тоа која е вистинската кутија за лекови за да не ги измешаат.

Се разбира, сите шишиња или кутии мора да бидат обележани со специјални сензори, што ќе му овозможи на чипот да му помогне на пациентот да го детектира соодветниот лек.

Чипот вграден во раката има можност да функционира и како електронски паричник, така што може да се искористи да се плати со допир наместо платежна картичка, но и како сензор за препознавање во разни ситуации: за влез во објект, овластување за пристап до информации и сл.

Многумина сметаат дека времето во кое луѓето ќе ја интегрираат технологијата како дел од својот организам е неизбежно, а има и такви што тврдат дека таа ера и не е толку далеку.

Сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, смета дека без ваква интеграција, луѓето нема да може да останат во чекор со технолошкиот развој и дека едноставно ќе станат инфериорни во однос на компјутерите. Тој вели дека во иднина чиповите ќе претставуваат надградба на човечкото тело и ќе овозможуваат многу подобра искористеност на мозокот и ителектуалните капацитети.

Противниците на оваа теорија, пак, велат дека со вградувањето чипови луѓето ќе се направат уште повеќе подложни на контрола.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Порталот за популарна технологија USB.mk доби нов и модерен дизајн

Објавено пред

Порталот за популарна технологија USB.mk по три години од своето основање доби нов и помодерен дизајн, кој на читателите ќе им овозможи подобра прегледност при пребарувањето на содржините од областа на технологијата и науката. Сајтот е редизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно почист изглед, при што е целосно прилагоден за смартфоните, таблет-уредите и компјутерите.

USB.mk е креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, кои на дневно ниво ги информираат, едуцираат и советуваат посетителите со мноштво нови содржини покривајќи ги глобалните трендови, но и локалниот пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен „all-in-one“ портал кој ги опфаќа сите области на ИТ-индустријата и телекомуникациите, при што им се обраќа на најразличните профили на корисници: од средношколци и студенти, преку љубители на технологијата и крајните купувачи, до менаџерите и бизнис-клиентите.

Основната идеја е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите интереси, потреби и ниво на знаење, при тоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација, создадени според најновите веб-стандарди. USB.mk е насочен кон секоја модерна личност свесна дека технологијата е составен дел од секојдневниот живот, работа и забава.

 

Прикажи повеќе...

Hitech

Популарна игра забранета за корисниците на Ајфон во Кина поради коронавирусот

Објавено пред

Корисниците на Ајфон во Кина повеќе не ќе можат да ја симнат популарната игра за епидемија на смартфоните, поради ширењето на смртоносниот коронавирус. Американските производители на играта „Plague Inc“ велат дека биле известени дека таа вклучува содржина што е нелегална во Кина, како што е утврдено од Кинеската управа за сајбер простор.
        
Креаторите на играта велат дека таа е најпопуларна платена игра во Кина долги години и не е дизајнирана да го сензационализира избувнувањето на болестите.
        
„Plague Inc. е интелигентна и софистицирана симулација што ги охрабрува играчите да размислуваат и да учат за сериозни проблеми со здравјето. Имаме голема почит кон нашите кинески играчи и разочарани сме што веќе не ќе можат да пристапат и да ја играат играта“, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Hitech

Почина информатичарот кој измисли копи-пејст

Објавено пред

Информатичарот кој ја измисли командата копи-пејст почина на 74 години. Едноставната команда за сечење, копирање и лепење секому му го олеснува работниот ден и заштедува милиони часови работа. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на силициумската долина.

Теслер почнал да работи во силициумската долина во раните 60-ти по студирањето компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC) во Xerox во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ-системите полесни за употреба.

Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до ден-денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија4 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус, според извештајот проблем биле дебелината и високиот притисок

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија7 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија7 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија8 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија9 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија9 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија10 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија10 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет10 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет11 час

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија12 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија12 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет12 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа13 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа14 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет14 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет14 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион15 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет15 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Досие