Контакт

Естрада

По Бени Нон Стоп, вечерва на Три Круши Блага Петреска и Ѓоко Дончев

Објавено пред

Синоќа на Три круши во селото Драчево, во рамки на културното лето на Општина Кисела Вода „Три Круши 2018“, концерт одржа Бени со Нон Стоп.

Меѓу бројната публика беше и градоначалникот на Општината Филип Темелковски со своето семејство. До доцна вечерта, заедно со Бени, се пееше и се играше на хитовите По навика, Ај ма пиши ми, Сам, Пушти коси, Be my brother.

Културното лето Три круши 2018 продолжува вечерва, на истата локација, Три круши, во селото Драчево. Концерт ќе одржат Блага Петреска и Ѓоко Дончев. Почетокот е закажан за 20 часот, а влезот е бесплатен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џеј Ло покажа интимно катче од својата луксузна вила

Објавено пред

Џенифер Лопез е една од најбогатите жени во светот и  една од најголемите музички ѕвезди денес, a својот луксузен дом и интимни моменти често ги споделува со милиони фанови.

Пејачката сподели дел од атмосферата во нејзината луксузна вила, а судејќи според коментарот, таа уживаше греејќи се покрај каминот.

„Студено”, напиша само кратко Џеј Ло, а на масата и над каминот стоеја црвени рози и сè беше на место.

Покрај тоа, многумина ги забележаа врамените фотографии кои поп-ѕвездата ги чува над каминот, а на кои се близнаците Ема и Макс кои ги има со Марк Ентони, како и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и неговите деца .

Џенифер и Алекс неодамна прославија две години врска.

Прикажи повеќе...

Естрада

Ози Озборн ја откажа турнејата поради грип

Објавено пред

Пејачот Ози Озборн (70), кој обожавателите го нарекуваат „татко на хевиметалот“, ја откажа турнејата низ Европа и заврши во болница поради грип, објави „Мирор“. Лекарите го советуваа рокерот да побара итен третман бидејќи неговата состојба се влошила.

Неговата сопруга Шерон (66) ја потврди информацијата.

„Лекарите мислат дека престојот во болница е најдобриот начин брзо да закрепне. Ви благодарам на сите за грижата и љубовта“, напиша таа на социјалните мрежи.

Ози ги откажа плановите за турнеја низ Обединетото Кралство и Европа, така што нема да настапи во Нотингем, Манчестер и Глазгов со групата „Јуда Прист”. Причината се токму здравствените проблеми бидејќи има грип и бронхитис, па лекарите стравуваат да не добие пневмонија.

„Многу сум тажен што морам да го одложам европскиот дел од турнејата. Прво имав инфекција на палецот, а сега грип и бронхитис. Сакам да им се извинам на обожавателите кои ми беа верни сите овие години, на мојот бенд, на тимот и на ‘Јуда Прист’ бидејќи сите ги разочарав. Како и да е, ветувам дека ќе ја направам турнејата” – рече Ози. Според плановите, концертите треба да започнат во септември.

Прикажи повеќе...

Естрада

Лејди Гага непрепознатлива на фотографија од младоста

Објавено пред

Денес таа е една од најпопуларните ѕвезди на светската музичка сцена, но во тинејџерските денови пејачката и актерка Лејди Гага (32) изгледала сосема поинаку.

Црно-белата фотографија на 13-годишната Лејди Гага на социјалните мрежи ги изненади нејзините фанови, кои одвај ја препознаа. На неа, американската ѕвезда позира со пријателка, а тогаш таа беше позната меѓу училишните пријатели како Стефани Џоан Анџелина Германота.

Сепак, светилките на рефлекторите ја следат Лејди Гага уште од детството. Пејачката често глумела и пеела во школски претстави, односно мјузикли.

Таа неодамна ги одушеви обожавателите кога на концерт во Лас Вегас пееше со актерот Бредли Купер (44), со кого глумеше во филмот „Ѕвездата е родена”. За своето филмско деби беше номинирана за Оскар, а го освои Златниот глобус за најдобрата музичка изведба Shallow.

Публиката не очекуваше дека токму тој ќе се качи на сцената, и кога го видоа, почнаа да викаат и плескаат.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Русковска: Амнестираните и тоа како знаат дека се виновни, со законот нè уценија сите како граѓани на оваа држава

Обвинтиелката Вилма Русковска на денешното рочиште за крвавиот четврток, на критиките од бранителите во завршните зборови за обвинението и амнестијата,...

Македонија1 час

Котевски: Јанакиески е вратен во затворот, Ристовски не бил испратен во болница

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот,...

Македонија2 часа

Нинџа: Комуникациите на 27 април со Спире Ристовски, Мијалков, Атанасовски и Бошковски мистериозно исчезнаа

Обвинетиот соработник на УБК за крвавиот четврток, Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште во своите завршни зборови рече дека...

Македонија2 часа

Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што е хоспитслизиран ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот ден...

Македонија3 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија3 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија4 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ6 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија6 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Крвав четврток6 часа

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во...

Македонија7 часа

(Видео) Градоначалникот на Пехчево го пријавил во полиција грозоморното убивање кучиња

По поморот на кучиња во Пехчево, а откако комуналните служби со багери ги собираа и фрлаа додека сè уште се...

Топ7 часа

Пинг-понг со барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собранискиот спикер Талат Џафери го вратил во кривичниот суд барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски кое претпладнево...

Топ9 часа

Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски стигна кај Џафери

Барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од кривичниот суд стигнало до претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврдуваат...

Крвав четврток9 часа

(Видео) Русковска: Груевски ја ставил во функција партијата за крвавиот четврток

На прес-конференција за јавноста во Јавното обвинителство беа изнесени информации за истрагата за организаторите на насилствата од 27 април 2017...

Македонија10 часа

(Видео) Јовески за несреќата кај Ласкарци: Возачот на автобусот добива закани, засега не е утврдена одговорност

Обвинителството сè уште нема податоци дали и кој ја има одговорноста за сообраќајната несреќа кај Ласкарци каде што загинаа 15...

Крвав четврток10 часа

Груевски на „Фејсбук“: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на „Фејсбук“ за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на...

Македонија11 час

(Видео) Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија12 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Досие