Забава
(Видео) По освојувањето на наградата на филмските критичари, Деми Мур е фаворит и за „Оскар“

Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка на доделувањето на наградите Critics’ Choice во Лос Анџелес во петокот потврдувајќи го свјот статус на водечка кандидатка за „Оскар“, а шансите на контроверзната шпанска актерка Карла Софија Гаскоњ се намалуваат.
Мур, мегаѕвезда од 90-тите, беше крунисана за најдобра актерка за улогата во Substance, филм што исто така освои најдобро оригинално сценарио на Critics’ Choice Awards, церемонија на доделување на наградите во Холивуд, за која гласаа филмските критичари.
Во овој хорор-филм на француската режисерка Корали Фаргеат, Деми Мур (62) игра поранешна холивудска ѕвезда, која зема серум на младоста. Актерката веќе е наградена за оваа улога на „Златен глобус“ во јануари, а е фаворит и за „Оскар“, церемонија што ќе се одржи следниот месец.
„Беше интересно“, рече актерката заблагодарувајќи им се на филмските критичари што ја пофалија нејзината изведба во Substance и жалејќи се дека „во вакви хорор-филмови ретко се гледа длабочината што актерите може да ја имаат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Три хороскопски знаци кои освојуваат со шарм

Симпатичноста е квалитет што веднаш привлекува – топлина, шарм и лесно склопување пријателства. Според астролозите, овие три знаци се издвојуваат како најпривлечни по својата природна ведрина:
Близнаци
Друштвени и духовити, лесно ja разгоруваат атмосферата и со своите приказни веднаш освојуваат симпатии.
Вага
Зрачат со љубезност и склад, секогаш се трудат сите да се чувствуваат пријатно, што ги прави омилени во секое друштво.
Риби
Нежни и сочувствителни, со искрена грижа и емпатија прават луѓето околу нив да се чувствуваат прифатено и сакано.
Забава
(Видео) Сопружници изнајмиле куќа преку „Ербиенби“ и откриле тајни простории

Брачна двојка од Колорадо стана вирална откако во изнајмена куќа во Кенон Сити открила скриени простории.
Во видеото, кое собра над 4,8 милиони прегледи, Конор и Џес најпрво забележале дека куќата има прозорци на третиот кат, но без внатрешни скали. По подетално истражување, откриле таен премин во бањата кој води до поткровје, а потоа и скриен отвор во кујната што води кон подрумот. Одлучиле да го истражат и тој дел од куќата, а таму затекнале неколку простории и заклучена врата со натпис „не отворај“.
@connormoynihan4 We just found a secret door in our airbnb. Should we go down? #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyairbnb #hiddenpassage ♬ moments – Teesa
@connormoynihan4 Hidden door in air bnb part 2. You wont believe who we found. #secretdoor #hiddendoor #hiddenroom #creepyhouse #creepyhouse #hiddenpassage ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
@connormoynihan4 Replying to @Cristina Sopranzi Here is the full basement tour. #creepydoor #hiddendoor #hiddenroom #airbnbfinds #secrettunnel #secretdoor ♬ original sound – Jess & Connor
@connormoynihan4 Replying to @SAFI🫡 there’s another hidden door and a mysterious third floor we couldn’t access. #hiddendoor #secretdoor #spookyairbnb #secrettunnel #barbarian ♬ Spooky, quiet, scary atmosphere piano songs – Skittlegirl Sound
Иако просториите изгледале мистериозно, сопружниците велат дека не нашле ништо опасно.
Од „Ербиенби“ (Airbnb) изјавија дека домаќините смеат да означат простории „надвор од границите“ за гостите, а во овој случај не е пријавен формален проблем.
Забава
Лажната вест дека Џ. К. Роулинг боледува од рак предизвика бран омраза на мрежите

Интернетот беше преплавен со лажнат информација дека авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, боледува од рак. Веста започна со ироничен твит на платформата „Икс“ кој брзо стана вирален и предизвика коментари полни омраза и исмевање.
Портпаролот на Роулинг веднаш реагираше и за медиумите потврди дека станува збор за целосна измислица: „Ова известување не е точно. Џ. К. Роулинг нема рак.“
И покрај демантот, штетата веќе беше направена – социјалните мрежи беа преплавени со објави што наводно ја „славеа“ нејзината смрт. Нивото на омраза се поврзува со долгогодишните контроверзии околу нејзините ставови за трансродните лица, поради кои таа често е мета на жестоки критики.