Забава
Празна книга за политичар стана бестселер

Книгата за ултрадесничарскиот италијански опозициски политичар Матео Салвини е на врвот на најпродаваните наслови на италијанскиот Амазон, иако содржи само празни страници.
Книгата „Зошто на Салвини треба да му се верува, да се почитува и обожава“ е долга 110 страници и со цена од 6,99 евра, нуди празни страници. Таа со денови се наоѓа на врвот на листата на најпродавани книги на оваа интернет-продавница.
„И покрај долгогодишното истражување, не можевме да најдеме што да кажеме за тоа прашање, затоа слободно искористете ја за свои белешки“, стои во описот на книгата.
Авторот на книгата е „Алекс Грин – политички аналитичар“ и веројатно е псевдоним. Според Амазон, книгата е објавена од страна на приватна компанија во февруари 2009 година.
Очигледната шега го привлече вниманието на многу италијански медиуми.
Критиките на Амазон се претежно позитивни и просечната оценка е 4,7 sвезди.
„Долго и напорно читање, но вредеше“, пишува еден потрошувач.
На некои, сепак, не им се допаѓаше шегата.
„Само пишувам за да кажам дека ова е празна книга продадена во заговор со левичарскиот Амазон само за забава на левичарите“, напишал човек кој ја оценил книгата со една ѕвезда.
„Ја купив само за да пишувам лошо за неа. Вие не треба да ја купувате!“, додаде потрошувачот.
Салвини (47) е лидер на партијата Лига. Политичарот е познат по неговиот тврд став кон мигрантите и неговата наклонетост кон другите популистички лидери
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хајди Клум ги збуни фановите со стара фотографија

Хајди Клум изгради кариера како русокоса бомба во духот на Барбарела со кампањи кои вклучуваат модни ревии на Victoria’s Secret и насловни страни за Sports Illustrated Swimsuit Edition.
Токму порди тоа, таблодите пишуваат дека било шок да се види 47-годишната Хајди како бринета со густи веѓи на 19-годишна возраст.
Во неделата, sвездата на Project Runway (Проект писта) сподели многу ретка фотогрфија од себе кога првпат започнала да се занимава со манекенство во 1992 година.
„Помина време …..“, напиша Хајди, која сега е мајка на четири деца, и додаде емотикон смешко.
А таблоидите коментираа: Оваа девојка е прекрасна, но никој не би погодил дека е Хајди.
Забава
Метју Пери ја продаде куќата во Малибу за 13.1 милиони долари

Метју Пери ја продаде својата класична ергенска куќа на плажата во Малибу за 13.1 милиони долари, помалку од една година откако ја објави на пазарот со цена од 14.95 милиони долари.
Веста ја објави „ТМЗ“ во понеделникот, додавајќи дека Пери (51) добил помалку од бараната цена, но сепак цифрата е сè уште чекор повеќе од износот што тој го платил во 2011 година.
Прекрасниот дом со поглед на океанот Пери го купи за 12 милиони долари.
Имотот од 5.500 квадратни метри се наоѓа на раскошна улица во Малибу. Има четири спални соби и четири бањи.
Забава
Судот одобри исплата од 17 милиони долари за тужителите на Харви Вајнстин

Американски стечаен судија го одобри барањето да им се исплатат 17 милиони долари на жртвите на сексуалните напади на осрамотениот филмски продуцент Харви Вајнстин.
Некогаш еден од најмоќните продуценти во Холивуд, 68-годишниот Вајнстин беше прогласен за виновен минатата година и сега ја издржува казната од 23 години затвор за силување и сексуален напад. Против него сведочеа 80 жени, меѓу нив и бројни познати актерки, кои го обвинија за сексуално насилство кое траело наназад со децении.
Исплатата за неговите жртви ќе дојде од ликвидацијата на „Вајнстин ко“ (Weinstein Co), кој покрена постапка за банкрот во 2018 година.
Судот ги отфрли приговорите од некои тужители кои сакаа жалбите да се извршуваат надвор од стечајниот суд. Судијката Мери Волрет рече дека без спогодба, тужителите ќе добијат „минимално, ако воопшто постои, закрепнување“.
„Вајнстин ко“ беше формирано како независно филмско студио, а озлогласениот холивудски магнат е еден од неговите коосновачи.
Компанијата пропадна кон крајот на 2017 година, по тврдењата за недолично однесување и сексуални напади на Вајнстин, кој беше осуден за сексуален напад врз поранешна асистентка за продукција и силување на актерка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот